- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 62
ВО ЊУЈОРК ПРВА ЗАТВОРЕНА ПРОЕКЦИЈА НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ
Музиката на оскаровецот Хауард Шор одлично се вклопила во филмот и создала беспрекорна целина
Новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски „Сенка“ завчера во Њујорк доживеал прва затворена проекција. Го изгледале тие што учествуваа во неговото создавање. Музиката што ја направи оскаровецот Хауард Шор одлично се вклопила во филмот и направила целина што восхитува. Продукцискиот дизајнер Дејвид Манс го дочекал крајот на проекцијата на „Сенка“ со насолзени очи, дознава „Дневник“. Сега останува дистрибутерот, светски познатата куќа „Баварија филм“ да одлучи каде ќе се случи промоцијата пред публика.
Добитникот на две награди „Оскар“ за „Двете кули“ и „Дружината на прстенот“, од трилогијата „Господарот на прстените“, Хауард Шор е ангажиран да ја направи музиката за „Сенка“, откако не се оствари претходно предвидената соработка со познатиот Збигњев Приснер. Шор е добитник на повеќе награди и признанија за својата работа: од Американското здружение на композитори, автори и издавачи, добил признание за животно дело, за придонес во светската филмска и телевизиска музика. Автор е на музика на повеќе од шеесет филмови, како „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Филаделфија“, „Бандите на Њујорк“, „Авијатичар“ и други.
Зад камерата е италијанската снимателска ѕвезда Фабио Чанкети, познат по соработката со Бернардо Бертолучи и Роберто Бенињи.
Целата монтажа на „Сенка“ беше во Њујорк, а лабораторискиот дел од работата се правеше во Минхен. Првата клапа на „Сенка“, чиј работен наслов беше „Коски“, падна на 17 август, минатата година. Се снимаше 63 дена на локации низ Македонија. За потребите на филмот беше изграден првиот филмски град во Македонија со површина од околу 2 илјади квадрати во халите на поранешната фабрика „Хемтекс“. Изградена е и црква во селото Сарамзалино.
Меѓународната екипа беше составена од 150 члена од 15 земји, вклучувајќи и волонтери од Македонија, Франција и од Португалија.
Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот „Сенки“ брои 90 македонски актери, а 12 од нив првпат се на филмското платно. Во главните улоги се Борче Начев, Весна Станојевска и Филарета Здравковиќ.
Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години. Новиот филм на Манчевски е најавен како потресна љубовна приказна за младиот лекар Лазар, кој треба да се најде себеси за да ја исполни задачата, што се чини дека му е наметната по сообраќајката во која едвај останува жив. Тоа е современа љубовна приказна што ќе ги отслика душите на неколку ликови. Во препознатливиот манир на Манчевски, повторно ќе се меша актуелното време со навраќања што немаат точна историска одредница.
"Dnevnik"
Ovoj covek navistina e genij...Sekoja cest:smir: