Јас мислам дека повеќе ќе се осети неиграњето на Ледесма. За во средина немаме други квалитетни играчи за неговата позиција, додека за во напад тука се Зарате, Роки и Круз. Има уште неколку дена до крајот на преодниот рок, ќе видиме дали Лотито ќе донесе уште некое засилување. Исто така се очекува и разврската на ситуацијата со "тројцата дисиденти". Де Силвестри најверојатно ќе се пресели во Фиорентина, додека за Ледесма и Пандев уште е неизвесно.
Само што прочитав, можна е замена со Удинезе Пандев-Д'Агостино или Пандев и Ледесма за Д'Агостино + пари. После заминувањето на Де Силвестри ова е одлична прилика за ослободување и од другите двајца "дисиденти".