Контактни леќи

osicka

ЅвЕрЧе
Член од
12 декември 2005
Мислења
312
Поени од реакции
4
DA stvarno se super samo koga bi napravile da odgovara za sekoj diopter zs za mojot nema zamena kontakt leki STETA:toe:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
носам наочари за далеку..страв ми е за леќи зашто двајца мои другари имаа голем проблем
едниот мн.проблеми му правеа,не можеше да гледа
а една другарка,носеше леќи со диоптер,ама и во боја.и поради бојата диоптерот и се зголемил за еден степен..порано мн.сакав да носам леќи,посебно во боја,ама посигурни ми се наочарите,плус сеа има толку убави модели и бои..што е сигурно сигурно си е
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Често поставувани прашања во врска со контактните леќи ...

Колку често би требало да ги менувам моите контактни леќи?

Во принцип замената и типот на контактните леќи ја одредува вашиот офталмолог/контактолог,според состојбата и здравјето на Вашето око, динамиката на Вашите дневни активности и моделот на леќите.Инаку препорачаното време на носење е варијабилно и зависи од типот на леќата и може да биде од еден ден, еден месец или подолго.Без разлика на типот на леќите, пожелно е доследно да се придржувате до препораките на Вашиот офталмолог и упатствата дадени на самиот производ.

Колку бргу можам да се навикнам на контактните леќи?

Меките контактни леќи се доста комфорни и удоби така да поголем дел од пациентите лесно се привикнуваат по само неколку часови.На некој им е потребно нешто подолго време мегутоа не повеќе од неколку дена. Гас пропусните контактни леќи бараат малку подолг период за адаптација.

Дали контактните леќи можат да се изгубат во окото?

Не. Анатомијата на окото е таква да е невозможно леќата да се изгуби.Единствено леќите можат да се вовлечат под очните капаци и во тој случај потребно е погледот да го насочите во правец на леќата како истата би се центрирала во правилна позиција.

Дали можам да бидам корисник на контактни леќи без претходен офталмолошки преглед?

Пред да донесете одлука да станете носител на контактни леќи препорачливо е да се направи Контактолошки преглед кај Вашиот офталмолог/контактолог како би се утврдила здравствената состојба на окото, би се одредиле точните параметри и типот на леќата, Ви се направи обука како да ракувате со леќите и ви се дадат инструкции како понатака да се грижите за вашите леќи и очи.Со ова би се отстраниле секакви ризици кој евентуално би се појавиле доколку истото го направите на своја рака.

Дали контактните леќи можат да му наштетат на моето око?

Доколку се користат правилно поголем број од лугето можат да ги носат своите леќи без никакви компликации.Успешното носење на контактните леќи зависи и од тоа колку и како се приджувате кон препораките и упатствата дадени од Вашиот офталмолог и оптичар.Често пати промените во очите се случуваат и без посебно изразени симптоми и предупредувања што дополнително може да доведе до несакани компликации.Затоа е препорачливо секогаш да користите проверени и квалитетни брендови на контактни леќи и раствори за нивно оддржување.

Дали има и која е возрасната граница за да се стане корисник на контактни леќи?

Според некои истражувања на неколку врвни институции од областа на оптометријата, дури и децата пред адолесенцијата на возраст од 12години се имаат покажано како доволно одговорни за користење и носење на контактни леќи.Почнувајки од оваа старосна граница се смета дека од истата може да се очекува доверба и способност да ги следи упатствата и препораките за носење и нега на контактните леќи.

Дали е безбедно да ги делиме нашите леки со други?

Не.Во никој случај не е добро да ги делите или позајмувате Вашите леќи на некој друг.Дури и ако се носат од естетска причина,тие се медицински производ и би требало да се носат под контрола на офталмолог.

Дали може да носиме контактни леќи кога спортуваме?

Да.Контактните леки се особено погодни и практични за спортисти
и за сите оние кои живеет динамично и се во постојано движење.Контактните леќи нудат поголема слобода и флексибилност а воедно обезбедуваат и постабилна корекција на видот во однос на очилата. Да напоменеме дека гас-пропусните леќи и тврдите леќи не се добар извор доколку активно се занимавате со некоја спортска активност затоа што веројатноста да испадне од окото е многу поголема кај овие контактни леќи. Затоа тие не се препорачливи за спортисти или луќе кои се доста физички активни.


Може ли да се плива со контактните леќи?

Во принцип не. Препораката на Ciba Vision е да са користат заштитни наочари ако пливате со контактни леќи.Материјалот од кој се изработени леките е пропустлив и може да апсорбира разни хемикалии, микроорганизми и други нечистотиии од водата кои би можеле да ги изиритираат или инфицираат Вашите очи.Исто така леќите можат да се залепат за окото или да испаднат во водата доколку нуркате со отворени очи.Дури и да носите заштитни наочари Ciba Vision препорачува да ги извадите леќите по излегување од водата,темелно да ги исчистите и дезинфицирате пред повторно да ги ставите леќите во очите.

Можам ли да носам контактни леќи ако кај мене е дијагностициран астигматизам?

Да .Постојат леќи специјално дизајнирани за пациенти со астигматизам кои се со малку поголема цена.Често пати ваквиот тип на леќи даваат иста или многу подобра корекција на видот отколку онаа која се постига со носење на очила.За луѓе со астигматизам Ciba Vision ги препорачува Focus Toric-месечни контакни леќи за удобно дневно носење и DuraSoft Optifit Toric-меки контактни леќи за годишна замена.За луѓе со дојагностициран астигматизам често се препорачуваат гас-пропусни контактни леќи кои нудат добар однос на цената и издржливоста за разлика од меките леќи и притоа нудат многу појасен вид.

Можам ли да користам шминка во време додека носам контактни леќи?

Да,меѓутоа избегнувајте леќите да дојдат во контакт со шминката.Настојувајте леќите да ги ставите во очите пред нанесување на шминката.

Можам ли да спијам со моите контактни леќи?

Не е можно да се спие т.е да се практикува продолжено носење со сите видови на контактни леки.За оваа Намена Ciba Vision ги препорачува единствено Air Optix Night&Day-меки силикон хидрогелни леки кој според својот дизајн и високото ниво на пропусливост на кислород овоможуваат продолжено носење до 30 дена и ноќи.Во оваа група се и AIR Optix -контактни леки со висока пропустливост на кислород за продолжено носење до 6 дена.Сепак најдобро е вашиот распоред и време на носење да го одреди Вашиот офталмолог/контактолог.

Како правилно да се грижиме за леќите?

Од потполна важност е правилно се грижите и да је оддржувате хигиената на Вашите леќите.После секое носење важно е леките темелно да се исчистат и да се потопат во свеж раствор за таа намена. На нашиот пазар постои избор од неколку раствори за таа намена а изборот направете го во консултација со вашиот офталмолог.
Тие се лесни за користење и употреба и нудат брзо прочистување и дезинфекција. Најчесто содржат провитамин Б5 кој ја задржува влажноста,ја штити леќата од исушување и ги одржува вашите леќи удобни преку целиот ден. Со нив ќе добиете и специјално направен сад
за чување на леќите кој со своите изразени антибактериски својства уште при првиот контакт ги убива сите бактерии и спори кој евентуално ќе дојдат во контакт со вашите леќи. [FONT=&quot]
[/FONT]
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Контактни леќи или очила - што е подобро?




Дали носите очила за корекција на видот? Ако одговорот е да, можеби се уште не сте свесни што контактните леќи можат да ви понудат. Еве една кратка споредба која можеби ќе ви помогне да се одлучите кое помагало за корекција на видот е најдобро за вас. (Многу луѓе ги одбираат обата истовремено).


New Picture.JPG


Постојат многу разлики помеѓу очилата и контактните леќи, но постојат и одредени сличности меѓу нив, исто така:

Обете бараат внимателно ракување и одржување

Очилата мораат да се прскаат со спреј за чистење и да се бришат со посебно крпче неколку пати во тек на денот, додека за контактните леќи се потребни различни степени на грижа, зависно од типот на леќите.

Обете се достапни и можете да си дозволите да ги набавите.

Кога ќе се земе во предвид фактот дека контактните леќи или очилата за корекција ќе ги носите секој ден во тек на вашиот живот, сумата на пари која ќе ја потрошите на нив е многу помала во споредба со било кое парче облека кое го имате во вашиот гардеробер. Имајќи во увид колку се важни за квалитетот на вашиот живот, тие се непроценливи.

Со оглед на тоа што и очилата и контактните леќи имаат свои предности и недостатоци и ако се уште не сте се одлучиле што да изберете, побарајте совет од вашиот лекар специјалист за очни болести кој може да ви помогне во изборот.

Моето лично искуство е доколку сте во можност, пожелно е истовремено да ги имате и обете, бидејќи зависно од ситуацијата очилата и леќите се надополнуваат еден со друг.

 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Внимателно со контактните леќи

Течностите кои се користат за чистење на контактните леќи не се доволно силни за да уништат еден инфективен микроорганизам кој е способен да предизвика ранички на окото, покажа најновото истражување.

Добрата хигиена на контактните леќи е најважна во спречување на инфекции кои можат да доведат до појава на кератитис (воспаление на корнета- површинскиот слој на окото) и до трајно оштетување на видот.

Секој кој користи контактни леќи треба да ги дезинфицира истите потопувајќи ги во раствор преку ноќ. Ваквиот раствор во себе обично содржи моќна хемикалија- водород пероксид.

Како и да е, научниците од одделот за медицинска паразитологија во Виена, Австрија, открија дека конвенционалните раствори покажале слабост кога станува збор за еден инфективен микроорганизам наречен acanthamoeba.

Овој едноклеточен микроорганизам е отпорен поради тоа што може да се развива во два облика активен облик -тропозоит и една неактивна форма -циста.



Отпорна на дезинфициенс

Цистата е многу мрзлива, многу послабо се множи и се покажа дека е многу помалку осетлива на отровите содржани во растворите за контактни леќи.

Австриските научници открија дека по осум часови потопување на контактните леќи, сите раствори успешно ги убиваат трофозоитните форми, но одреден број цисти успеале да преживеат.

Понатаму во истражувањето се наведува дека „двофазните“ раствори кои содржат 0,6% водород пероксид се покажале како најефикасни.

Повеќенаменските раствори кои не содржат водород пероксид имале послаб учинок во уништување на цистите, додека најслаби ефекти покажале еднофазните раствори со водород пероксид.
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Козметичките леќи се ризични за видот
Најголем ризик од инфекции има кај децата што често си ги разменуваат леќите со пријателите



Трендот да се носат козметички леќи во боја или со определен дезен може да доведе до слепило и до очни заболувања кај тие што ги користат, велат експертите.

Генералниот совет за оптика, регулаторно тело на оптичарите, побарал да се спречи продажбата на козметички леќи без лекарски рецепт. Експертите сметаат дека леќите мора да ги продава регистриран лекар или оптичар или продажбата да се изведува под негов надзор. Денес леќите, кои беа популаризирани од рок-ѕвездите како Мерилин Менсон, се достапни без лекарски рецепт во салоните за бодипирсинг, во продавниците за модни додатоци и на Интернет. Ова се случува затоа што леќите не се класифицирани како медицински помагала, поради што не се "покриени" со закон.

Сепак, советот е загрижен дека продавачите често не им ги даваат потребните информации на купувачите за тоа како треба да бидат чистени и чувани леќите. Со тоа се зголемува ризикот од инфекции, особено кај децата, кои често си ги разменуваат леќите со пријателите. Употребата на контактните леќи се смета за најголема причина за микробниот кератитис, медицинска состојба при која надворешниот слој на окото, рожницата, се воспалува од бактериска инфекција, од габички или амеби. Друга инфекција што може да се рашири поради лошата хигиена на леќите е акантамоебата, која може да доведе до чир на рожницата и до слепило. Постои загриженост и дека леќите влијаат врз перцепцијата на бои на окото и врз оптичкиот вид. Контактните леќи, кои може да се најдат со дизајни како знамиња, тигрови очи и слично, се продаваат по цена од околу 25 фунти, а се проценува дека во Британија ги користат околу 90.000 луѓе.

Дејвид Крег од Асоцијацијата на оптометристи, вели дека постои ризик луѓето да го изгубат видот ако не преземат соодветни мерки за заштита.

- Ако купите контактни леќи во некоја продавница, таму нема да ви кажат дали сте соодветна личност за носење леќи. Ние не велиме дека не треба да ги носите овие леќи, туку дека треба да ги купувате од лице што е експерт за тоа. На крајот на краиштата, имате само две очи и треба што подобро да се грижите за нив - вели тој.
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Непрекинато носење леќи предизвикува компликации



Популарноста на контактните леќи за продолжено носење опаѓа. Тоа најверојатно е поради компликациите од продолженото носење на меките контактни леќи.

Тврдите гаснопропустливи леќи (РГП) за продолжено носење се подобри бидејќи предизвикуваат помалку компликации од меките. Една од причините е и таа што РГП-материјалите овозможуваат поголема пропустливост и спроводливост на кислородот.

Продолжено носење контактни леќи значи непрекинато носење 24 часа, 6 до 7 дена, со пауза од една ноќ, кога тврдите леќи се вадат. Притоа е најдобро пациентот леќите да ги вади во ист ден (секоја сабота). Иако кај РГП-леќите за продолжено носење се јавуваат помалку компликации во однос на меките контактни леќи за продолжено носење, бројот на компликации кај овој тип леќи е поголем во споредба со дневно носење на кој било тип леќи.



Затоа вакви леќи треба да носат само пациентите на кои им е тоа неопходно, односно кои имаат рефрактивна грешка на видот или поради професија или хоби.

За да се утврди дали некој може да носи вакви леќи потребно е да се знаат причините за продолжено носење, историјата за претходно носење контактни леќи и историјата на општата здравствена состојба на пациентот. За несоодветен кандидат се смета тој што сака такви леќи само за да заштеди време потребно за одржување и ракување со леќите.

Тој што имал компликации со дневно носење на РГП-леќи, веројатно ќе има уште поголеми компликации со продолженото носење. Спротивно на тоа, на пациент на кој не му одговарале меките контактни леќи за продолжено носење може да биде добар кандидат за РГП-леќи, особено ако причините за неуспехот биле наслагите на леќите, голем папиларен конјунктивитис, корнеален едем или слаба острина на видот.

Другите компликации, сувоста или лепењето на леќите, само ќе се зајакнат со леќите за продолжено носење.

Сите пациенти што носат леќи би требало да имаат резервни очила во случај на итни компликации.

Некои професии или хоби го зголемуваат ризикот при носење на контактни леќи. Такви се острење, автомеханика или во средини во кои има хемиски испарувања.

Пациенти со системски заболувања како што е дијабетесот не се добри кандидати. Исто така, бременоста често влијае на солзната обвивка, правејќи ја погуста, со поголеми наслаги.

Во лекови што ја менуваат солзната обвивка, при што доаѓа до сушење на окото, спаѓаат антихистаминиците, антихолинергиците, средствата против анксиозност, фенотиазините и оралните контрацептивни лекарства.

При алергии пациентот не смее да носи леќи. Пропустливоста на кислород на РГП-леќите е одредена со нивната ДК-вредност, а таа се движи од 40 до 92 ДК-вредности за одредени производители. Освен тоа, важно е да се сфати дека за секоја рожница е потребно различно количество кислород. Затоа треба да се истакне дека РГП-леќи за продолжено носење никогаш не треба да се носат непрекинато, без да се направи пауза од една ноќ. Пред да се стават, потребно е комплетно тестирање, дијагностичко поставување на леќите, чести прегледи и соработка меѓу пациентот и лекарот. Тоа ќе му овозможи на пациентот со уживање да ги носи контактните леќи со продолжен режим.
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Медицинските контактни леќи - надеж за детскиот вид
Доминантна и најважна индикација за примена на контактите леќи е кога природната леќа е извадена со операција

Примената на контактните леќи кај децата е исклучително важен проблем бидејќи индикациите за примена кај деца не се никогаш од естетска природа, туку секогаш од терапевтска.

Индикациите за примена на контактни леќи кај деца во основа не се разликуваат од тие кај возрасните. Разликата е само во тоа што некои од овие индикации имаат посебно значење и поинаква димензија во детската возраст.

Доминантна и најважна индикација за примена на контактите леќи кај децата е афакијата (кога природната леќа е извадена со операција). Таа индикација посебно добива важност ако се има предвид ставот на офталмохирурзите дека вродената катаракта треба да се оперира најдоцна до крајот на првата година и дека инциденцијата на трауматската катаракта е во пораст. Тогаш контактните леќи се императив во рехабилитацијата на видот и превенција од слабовидоста. Со т.н. ултратенки меки контактни леќи за континуирано носење, што може да се стават кај дете оперирано од вродена катаракта, многу рано по операцијата почнува борбата против слабовидоста. Тука треба да се споменат и меките бифокални контактни леќи, кои се направени така што со нив се врши корекција на видот на далечина, но и на близина, што е од исклучителен придонес бидејќи кај пациентите со афакија не постои акомодација.

Анизометропијата - нееднаквост на диоптриите на двете очи, посебно ако е поголема од три диоптрии, е исто така апсолутна индикација за контактни леќи кај деца, бидејќи стереоскопскиот вид и борбата против слабовидоста е можна само со нивна примена.

Посебна успешност контактните леќи имаат кај т.н. ирегуларни астигматизми (поствоспалителни, посттрауматски, постоперативни). Се препорачуваат и кај кратковидоста, кај која се постигнува подобрување на големината и на квалитетот на сликата, нормализирање на ширината на видното поле, активирање на акомодацијата и евентуално забавување на прогресијата на кратковидоста.

Нистагмусот (неволно треперење на очното јаболко) е важна индикација за контактни леќи. Значајно е дека, освен подобрување во острината на видот, кај нистагмусот се постигнува и намалување на треперењето.

Треба да се спомнат и тераписките контактни леќи кај повторувачки гребеница, дефекти на епител, хемиски повреди, како и кај малку перфоративните рани на рожницата. Меѓутоа, и покрај големото значење, постојат многубројни и големи тешкотии при одредувањето и аплицирањето на контактни леќи кај деца, бидејќи секој лекарски преглед предизвикува страв кај детето.

Затоа, еден од најзначајните елементи е разговор со родителите и воспоставување доверба. Може да се рече дека е можно да се ординира контактна леќа само кај она дете што е однапред добро подготвено и мотивирано за носење контактни леќи, а тоа налага и голема соработка со родителите. Оваа помош има посебно значење кај помали деца од 8 години. Родителите мора да бидат целосно убедени во корисноста и безопасноста на контактните леќи за окото на нивното дете. Ова посебно се истакнува затоа што се уште постојат голем број родители што имаат сосема конзервативен пристап и сфаќање за контактните леќи и кои со недоверба ги носат децата на преглед. Родителите мора да присуствуваат на прегледот и да вложат труд и време за да ја совладаат техниката на ставање и вадење на леќите, нивно одржување, затоа што децата најчесто не се способни тоа да го прават сами.
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
A oти не си се распрашал за ласерски вградени леќи? Има и во Ск, ама подобри резултати и подобра работа вршат во Белград. Јас прашав за мене, ама ми рекоја дека треба да имам најмалце 21 година за да се напрај та операција. Операцијата е околу 10 минути, и е околу 2.000 евра, и докторите сметаат дека со текот на времето видот постепено ќе ти се врати.
се имам и за тоа распрашано али за тоа ти даваат гаранција дека со таа операција ќе гледаш супер точно четири години и после тоа повторно ќе правиш операција и најубава и најсигурна операција прават во турција во една болница со чудно име
и плус немам ни јас 21 година а секаде ти препорачуваат да правиш операција после 24 години :(
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Носам леќи ама од оние што се со шари некакви , порано имав како зебра , црно бели во риги а сега имам со црн крст во средина а наоколу бели.... али веќе ми помина меракот , не се леки со диоптер него баш онака за заебанција.... штетни се да ама не многу ако се носат по најмногу 2 саати на ден.. и плус малку глупаво е што траат само 3 месеци и повеќе не... ама тоа е тоа...
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
22
носам наочари за далеку..страв ми е за леќи зашто двајца мои другари имаа голем проблем
едниот мн.проблеми му правеа,не можеше да гледа
а една другарка,носеше леќи со диоптер,ама и во боја.и поради бојата диоптерот и се зголемил за еден степен..порано мн.сакав да носам леќи,посебно во боја,ама посигурни ми се наочарите,плус сеа има толку убави модели и бои..што е сигурно сигурно си е
samo edno mozham da ti kazham ,na mnogu mal broj lugje uspeal vidot da im se koregira so nosenje na naochari ili lekji ..toa shto nego ,na drugarti mu se pokachil stepenot na diopter ne znachi deka e od lekjite ,nego ednostavno taka mu doshlo vreme od bolesta oko-to shto ja ima ...so mnogu mal procent e potiknuvach lekjata za vloshuvanje na vidot. neli si brcash vo oko ,a fintata e muskulot da go zategnuva da go vezhba a ti povtorno mu praish kontra ,toa zavisi od bolesta na okoto...
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Da se nadovrzan na Prichina. Leki se nosat bas za da se stabilizira rastenjeto na diopterot na ocite. E sega ako se pokaci ili se namali togas toa e rezultat na niza faktori koi deluvaat zaedno a ne samo na lekite. Inace jas nosam leki 12 godini i sum prezadovolen.Ne gi menjam za niso na svet.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Nosam leki veke nekolku meseci, samo u boja, bez diopter. Imam svetlo i temno sini a vcera si kupiv i zeleni :) Od pocetok mi bese malku tesko dodeka se naviknav ama sega ne gi vadam po cel den :)
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Ај кажете од каде ги купувате леќите
Јас ги купувам од ординација ИРИС што се наоѓа кај Три бисери, над Седмица, во малиот трговски центар. И многу сум задоволна. Bausch & lomb, се знае. Флексибилни се, со нив можеш и да спиеш две вечери. Супер за почетници, не мора да ги вадиш и ставаш секој ден.
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7


Моето лично искуство е доколку сте во можност, пожелно е истовремено да ги имате и обете, бидејќи зависно од ситуацијата очилата и леќите се надополнуваат еден со друг.

Мојот лекар би рекол - Тој што има леќи мора да има наочари. А тој што има наочари, не мора да има леќи. Јас носам леќи неколку месеци и сум презадоволна, ама понекогаш кога ќе те запечат очите, море под итно да ги вадиш леќите и да ставиш наочари, било од што да е, прашинка, црвенило, инфекција...Фала Богу, досега немам ниедна инфекција.
Како и да е, повеќе сум за леќите.

By the way, ако рамките на наочарите се тешки, можат и тоа како да ја деформираат 'рскавицата на носот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom