Аквариумски риби (општи дискусии)

C

cige

Гостин
Чувам 2 караши во кугла веќе 3 месеци,
колку најмногу може да чувам во кугла од 5 литри?
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Водата самата ќе си покаже кога треба да се менува, нема правило затоа. Тоа зависи од храната која им ја даваш и ти колку се грижиш за хигиената на самата вода и целиот аквариум. Али најмногу зависи од филтерот кој го имаш. Доколку имаш надворешен филтер со добар сунгер и добро прочистени цевки може водата да не ја менуваш и една година, таа е чиста, а може и на две. Не треба рибите да се малтертираат на секој месец да се вадат за да се менува водата. Доколку имаш внатрешен филтер исто со добар сунгер треба редовно да го чистиш тој сунгер за водата да биде цело време прочистена и сунгерот повеќе да влече. На рибите во океанот никој не им ја менува гадната вода, иако е многу погадна и повеќе со бактерии од колку аквариумската, не треба толку титрење, али треба грижа.
Водата ја проверувам редовно во Завод за здравствена заштита и следам дали има некои бактерии кои би можеле да бидат опасни за рибите.
Знаете, некогаш преголемата грижа и опсесија со рибите можат многу да им штетат.
Зашто пишувате работи за кои немате познавање? Не е убаво ентузијастите кои го сакаат ова хоби да се насочат во погрешна насока.

Апсолутно неточна е констатацијата дека водата треба да се менува на една-две години.Глупава е споредбата со океанот,каде никој не ја менува водата.Знаете ли колку тони свежа вода поминуваат во една секунда во океаните,реките и сл,а колку литри вода има еден аквариум со просечна големина?Колку бактерии и паразити умираат поради тоа што неможат да најдат носител во тоа огромно пространство на вода,за разлика од аквариумот во кој за неколку часа можат сите риби да заболат доколку се појави некој паразит?

Аквариумот е затворен систем,и како таков,во него се акумулираат отпадни токсични материи кои мораат да се елиминираат со редовни промени на вода,за разлика од природата.Кога треба да се смени вода може да се дознае само на еден начин, а тоа е преку редовно мерење на параметрите на водата преку соодветни тестови.Квалитетот на водата најмалку зависи од тоа каков сунгер има во филтерот.Сунгерот е за механичка филтрација и треба да се внимава само да не се запушува истиот за да би можела водата да поминува низ него.Најбитна е биолошката филтрација во еден аквариум за која се употребуваат соодветни био филтер медиуми.

Таман работа ако веруваме дека ако нема бактерии во водата од водовод, тогаш таа вода е "префектна" за рибите.Има многу други работи кои ги содржи водата од водовод,популарно наречената "чешмовача",а кои им пречат на рибите.Затоа се користат Reverse Osmosis апарати кои ја прочистуваат водата до 99,9 %,па потоа во таа вода се додаваат потребните минерали,и на тој начин би направиле идеална вода за конкретниот вид на риби кои ги чуваме.

Во прилог на темава, неколку основи правила кои треба да се почитуваат:

1. Редовни промени на вода

Аквариумот е затворен систем. Како затворен систем, во него се акумулираат отпадни материи кои треба да бидат одстранети. Затоа многу важни се редовните промени на дел од водата. Значи на дел, не да се празни целиот аквариум, не да се вади и да се мие песокот,не да се вадат рибите од аквариум за време на чистењето... Ако се прави така, ке направиме повеке лошо отколку добро, ке ја нарушиме биолошката стабилност која претходно сме се труделе да ја постигнеме.
Зависно од големината на аквариумот,се прават тие процентуални промени на водата( 30%, 40%, 50% ). Помалите аквариуми побрзо се загадуваат. Со промената на вода се намалува количеството на токсични материи во водата, со сифонирање на дното се одстрануваат органските материи во распаѓање(остатоци од храна,измет,растенија во распаѓање и сл). Ова е доволно да се прави според рутински утврдена процедура. На пример, 40 % промена на вода еднаш неделно.
Треба да се внимава новата вода да е со исти параметри како и таа во аквариумот. Промената на поголема количина вода, е веке ризичен потфат што може да резултира со нарушување на хемизмот на водата и стрес на рибите,доколку новата вода не е со исти параметри како таа во аквариумот. Значи приближно исти pH, GH, температура.

2. НЕ прехранувајте и користете квалитетна храна!

Возрасните риби без проблеми ке преживеат и неколку денови без храна, но може да умрат само за неколку часа ако ги прехраните. Неизедената храна создава органски отпад, а органскиот отпад создава токсични материи и ја загадува водата.

3. Ефикасна филтрација(најважна е биолошката филтрација!) Правилно одржување на филтерот.

Доколку филтерот нема доволно капацитет да го одржува аквариумот, неопходно е да се замени или да се унапреди веке постоечкиот филтер. Со мерење на NH3,NO2, NO3 ке знаеме дали филтерот ефикасно си ја врши својата работа.Во успешно циклиран аквариум параметрите треба да бидат следни: Амонијак = 0, Нитрит = 0, Нитрат < 30 ppm. Поголемите концентрации на нитрат предизвикуваат стрес на рибите и неконтролиран раст на алги. Внимавајте механичките медиуми за филтрација да не се запушуваат.
Кога се чисти филтерот, тоа мора да се прави со вода од аквариумот. Никако со вода од чешма и никако хемиски средста за чистење.Така ке се уништат полезните бактерии.

4. Не го преполнувајте аквариумот

Подобро 4-5 срекни риби, отколку 20 несрекни кои ке се трујат со амонијакот кои самите ке го произведуваат. Повеке риби= помалку растворен кислород за нив самите, а и за полезните бактерии. Краен резултат = “депонија од аквариум”.

5. Купувајте здрави риби

За риби со несвојствено однесување за нив нека нема место во нашите аквариуми.Истото важи и за риби кои се во аквариум со веке заболена риба. Најефтините риби не се секогаш најдобриот избор. Доколку немаме карантин и новокупената риба веднаш ја ставаме во украсниот аквариум, треба да внимаваме водата од кесичката со рибата да не дојде во контакт со водата од нашиот аквариум,т.е да не ја истураме кесичката во аквариум.

6. Избегнувајте да ги држите рацете “нон-стоп” во аквариум!

Освен што така се вознемируваат рибите и потпаѓаат под стрес, може да настанат и посериозни проблеми. Користете специјализирана опрема за чистење која секогаш ке ја одржувате чиста(опрема за сифонирање, ножички за кратење на растенија, пинцети и сл). Немора да биде купечка,може и DIY.

7. Карантин

Новокупените риби не препорачливо веднаш да се стават во украсниот аквариум. Пожелно е прво да се сместат во карантин во времетраење од 2-3 недели. Секогаш постои ризик новата риба со себе да донесе некој паразит или бактерија. За таа потреба се користи неаранжиран аквариум со голо дно, во кој се става вода од аквариумот во кој треба рибите да се населат,или вода со слични параметри. Карантинот мора да има веке исциклиран филтер. Карантинот особено се препорачува кога новите риби се наменети за во поголеми аквариуми, во кои се наоѓаат поголем број на риби, бидејки само една нова риба може да ги зарази сите останати. Ако рибите после одредено време поминато во карантин не покажуваат знаци на болести, ако се донесуваат нормално, може да се пренесат во украсниот аквариум.

Карантинот служи и за третирање на заболена риба во нашиот украсен аквариум.Со тоа се избегнува третирањето со медикаменти на украсниот аквариум. Ако другите риби се здрави нема потреба да ги изложуваме на лекарства. Постојат специфични риби кои не поднесуваат лекарства. Лекарствата можат да имаат негативно влијание и на полезните бактерии.

Ова се дел од основните правила кои треба секој акварист да ги почитува.Ке ја дополнам темава кога ке имам повеке слободно време. :wink:
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11

Јас реков дека доколку имате добри услови како што ги кажав нема потреба на неколку месеци да ја менувате водата. Замислете што ќе се случи доколку има некој аквариум како цела соба и да ја менува на два месеца, човекот само тоа треба да прави. Доколку има се како што треба во прочистувањето на водата и добар сунгер нема потреба да се малтертирате. А, ако се плашите од загадување на водата или од некои бактерии кои можат да влијаат лошо на Вашите риби тогаш испитајте ја во заводот за здравствена заштита каде што ја испитуваат и водата која ја пие цел град.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
405
Поени од реакции
28
јас имам аквариум од 10 литри а водата им ја менувам на секои 6 месеци некогаш порано ама мн. ретко ми се загадува досега ми има умрено само 3 риби а ги имам висе 2 год.!!!:vozbud::jaj::toe:
 
By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
ај да прашам јас нешто. вака немам ни риби, ни аквариум, ни ништо а треба да купам пумпа онаква штое меурчиња што прави, па знае некој колку пари се од кај може да се купи(ми треба некое нај чкарт што може да се најде у скопјево)
П.С. не ми е за риби чување ми треба да правам некои глупости:tapp:
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
ај да прашам јас нешто. вака немам ни риби, ни аквариум, ни ништо а треба да купам пумпа онаква штое меурчиња што прави, па знае некој колку пари се од кај може да се купи(ми треба некое нај чкарт што може да се најде у скопјево)
П.С. не ми е за риби чување ми треба да правам некои глупости:tapp:
Секаде кај шо има специјализирана продавница за риби....цената е 350 сосе цревце и камче(оти без тие работи пумпата ќе ти зариба за 2дена)
тоа е се!:smir:
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Јас реков дека доколку имате добри услови како што ги кажав нема потреба на неколку месеци да ја менувате водата. Замислете што ќе се случи доколку има некој аквариум како цела соба и да ја менува на два месеца, човекот само тоа треба да прави. Доколку има се како што треба во прочистувањето на водата и добар сунгер нема потреба да се малтертирате. А, ако се плашите од загадување на водата или од некои бактерии кои можат да влијаат лошо на Вашите риби тогаш испитајте ја во заводот за здравствена заштита каде што ја испитуваат и водата која ја пие цел град.
Сталин,знаеш ли колку е едноставно и лесно менувањето на вода доколку имаш соодветна опрема за тоа? Во аквариум од пола тон ке смениш 50% вода и ке наполниш нова за 20-25 минути.Што те чини дваесетина минути неделно за да им обездедиш здрава средина на рибите што ги чуваш?

Во слатководната акваристика правило е еднаш неделно да се менува вода,максимум на 2 недели,во зависност од тоа каков био лоад има аквариумот.Акваристиката не е само да наполниме аквариум со вода,ставиме риби и да уживаме.Има многу други работи кои треба да се научат.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Јас во дворон имам фонтана и внатре имам можит 20 обични езерски рипчиња. За нив ич не се грижам , насреде фонтана има голем камен и тука под него има као тунели и тука си се криат а и тиња има на тој каменот најдолу и тие си се хранат.
Една порасна 30 цм можда и скокна од фонтата, тато ја згази и ја испрживме.
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Едно прашање ако може.
Досега не сум имал проблем со болести на рибите бидејќи не сум ни имал болест помеѓу рибите во аквариумот. Е сега конечно се појави една.
Мешето на рибата се полни и полни повеќе недели, после извесно време и пукне и таа умре, веќе ми умреа повеќе риби од тоа, и ја сменив водата, песокот го исчистив целосно и денес пак ми умре една, а чистењето на аквариумот го правев пред два дена. Па ако има некој искуство би го замолил да ми каже повеќе, како да се справам со болеста, бидејќи не би сакал да дојде до најлошото, а тоа е да ги истребам сите и да купам нови.
Благодарам однапред.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314

Да не им даваш премногу храна?:toe:
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Да не им даваш премногу храна?:toe:
Не.
Ми умреа четири караси, една зебраи една гупа. Се плашам и другите да не умрат. На крај само ајкули ќе чувам и скалари, најиздржливи се.
 
blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Да не се заразени нешто?Да не им даваш лоша храна?Каква вода им ставаш?...
:salut:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Не.
Ми умреа четири караси, една зебраи една гупа. Се плашам и другите да не умрат. На крај само ајкули ќе чувам и скалари, најиздржливи се.
А сигурен си дека можат сите тие риби заедно да живеат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom