Зошто да бидам патриот?

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Во минатото општествено уредување оваа парола се пролиферуваше како врв на мудрото размислување. Иако во себе содржи деструктивни општествени елементи таа беше успешно пласирана и сеопшто прифатена филозофија на живеење. За минатото општествено уредување оваа парола имаше свое "позитивно" значење. Нејзиното "позитивно" значење во тоа општество беше единствено насочено кон претставниците на тогашната власт. Паролава практично служеше како заштита на нивните интереси и властодржнички аспирации. Нејзиното значење преведено народски беше "немој да се буниш оти ќе бидеш убиен како будала". Од една страна ако сакате оправдувачки да гледате на тоа време и на тие наши владетели имате можност аргументирано да контрирате. Оваа фраза овозможуваше ненасилен начин на контрола врз општествениот мисловен развој (скраја да е, некому во тоа време да му текнело дека сака повеќе отколку што му е дадено да има). Многупати сум слушнал "аргументи" дека минатото општество било хумано. Тие што такви аргументи ми давале за време на нашите пријателски дискусии најверојатно не се слушале како звучат и што всушност кажуваат. Едноставно кажано, тие ја поистоветувале хуманоста на тоа општество со некаква економска "благосостојба" која во тогашно време ја имале а сега ја немаат?!

Минатото општество вака ја покажуваше својата хуманост, го убиваше идеалот пред да се роди наместо да го убие човекот, поседувачот на тој идеал (скраја да е, доколку се проширелтој идеал, а тие да ја изгубеле својата власт).

Од една страна и звучи некако хумано. Уништи го идеалот во човекот наместо човекот. Сепак, кога станува збор за уништување, знаете, некако ми е нелагодно. Мене ми се чини дека ако го уништиш идеалот на некој човек е исто како да си го уништил и физички тој човек. Поправете ме ако грешам, ама замислете си вие како би ви било да живеете без идеали. Без тие мали мисли во вашата глава кои создаваат планови за една поубава ваша сегашност и иднина. Мисли кои ви даваат надеж и сила за да работите на подобрување на вашиот живот или на животот на вашите сакани. Можете ли? Јас лично сум убеден дека можете и дека не ви е пријатно да ги немате во вашата глава тие многу значајни за вашиот живот мали мисли.

Секој еден човек поседува идеали, мисли како посакува својата иднина да изгледа. Тоа е природно, нормално и во најмала рака пожелно. Доколку човек не поседува визии за својата иднина или пак има мрачни визии за неа тогаш на тој човек му се скршени неговите идеали. Тој човек е скршен, апатичен, безволен, лесен залак за контрола. Ние во нашето општество со многу идеали за подобро и побогато утре го сменивме општественото уредување. Како што гледате и самите, нашите идеали се скршени, а ние сме апатични и безволни како поединци и како општество. Општество без идеали, скраја да е, нели, тие со идеали гинат како будали, а тие без идеали се контролирани како овци од секој еден кој ќе дојди на власт.

Во нашето општество се појави една групација која беше спремна, и сеуште е спремна да гине за своите идеали. Таа групација и реално гинеше за своите идеали, гинеа и наши (без идеали, се подразбира). Така ревносно работејки за своите идеали до степен на жртвување на сопствениот живот тие си ги остварија своите идеали . Можете ли да погодите кој во овој случај излегоа будали. Тие со идеали или ние без идеали.

СКРШЕНИ, АПАТИЧНИ, БЕЗВОЛНИ И КОНТРОЛИРАНИ, АМА БУДАЛИ НЕ СМЕ, НЕЛИ?

Доколку некој има желба да се прикаже себеси како голем "мудрец" потпикувајки ви ја оваа парола како животна вистина, укажете му на неговата грешка. Сеуште има надеж за нас како народ. Не сме ние како народ без идеали, отсекогаш ги имаме. Ние сме само излажани, излажани да веруваме во нешто што нема допирни точки со среќно и квалитетно живеење. Излажани за полесно да бидеме контролирани. Вистинската парола во животот, доколку се согласувате со мене треба да ви биде вам, на вашите сакани и блиски:

БЕЗ ИДЕАЛИ ЖИВЕАТ САМО БУДАЛИ!!!

Колку повеќе луѓе во нашето општество го знаат ова толку подобро ќе живеете вие како единка. Колку повеќе луѓе ќе ја користат како животна филозофија оваа парола на вистината толку поубаво ќе се чувствувате и вие. Ние како единки и како народ не сме будали. Твојот и мојот, македонски народ, не е будала, не сум јас, не си ни ти. Од оваа каша мораме заеднички да излезиме. Како поединец ниту јас ниту вие ќе може да направиме некаква разлика, но здружени, како слободни поединци, преку доброволна соработка, е тоа е веќе нешто.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Колку повеќе луѓе во нашето општество го знаат ова толку подобро ќе живеете вие како единка. Колку повеќе луѓе ќе ја користат како животна филозофија оваа парола на вистината толку поубаво ќе се чувствувате и вие. Ние како единки и како народ не сме будали. Твојот и мојот, македонски народ, не е будала, не сум јас, не си ни ти. Од оваа каша мораме заеднички да излезиме. Како поединец ниту јас ниту вие ќе може да направиме некаква разлика, но здружени, како слободни поединци, преку доброволна соработка, е тоа е веќе нешто.

Доброутро : ја откри Тунгузија :cuc:
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Доброутро : ја откри Тунгузија :cuc:
ee demek ti si znael otkako si roden:)ili sekogas si go znael toa .pa decko i den denes imas zaveani lugje , koj sto seuste vo srceto im e bivshiot komunizam . i nekogas treba da gi razberes so toa se tie zadoeni i tesko se otkazuvaaa, posebno nekoj sefcinja ili birokratski gluvci.
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Што ме боли мене вие што мислите, вие што кажувате, вие како пропагирате! Ако сакам ќе сакам нешто, ако сакам ќе сакам земја, географија, уметност, книги... Ме заболе за државите и сличните гомнарии. Додека пливате во националистички ментални мастурбации, животот поминува со брзина на јапонски шинканзен, они кои демек треба да ве штитат ве ебат на најмил и хардкор можен начин, а јас треба ним да им платам данок за да си се офајдат они, само они, заедно со фелата од 2-3% најбогати серковци овде... Фала!!! Патриот - во некое друго време, понормално можеби. Во вакво егзистенцијалистичко време - нити оваа посрана историја ми треба, ничија, ниту македонска, ниту бугарска ниту српска... Се родив чист, без дамки и не прифаќам никаков товар на пропаднатите генерации, никакви срања, никакви изменети истории и географии, ниту ме боли што вие - колективот мисли за мене, нити за себеси какви националисти алијас глисти сте. Ако сакате кршете глава, ама оставете ме намира, не бидете досадни ко муви без јајца и ко невработени моржови. Вашиот живот и избори се ваши, мојот живот и избори се мои, и затоа се свети. А ако во мојата светост се какате, немојте да се чудите зошто сопствените дворови ви се гнасни, а ги миете туѓите.

Убави и продуктивни животи имајте!
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Оти насекаде околу мене гледам зли луѓе! И не ми е криво за тоа, криво ми е тоа што воопшто тие не се срамат поради својата злост!
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
И тоа ти е одогворот нели, фантазмагорија!!!
Се гледа до каде си дотуркал и ти.
Кога се завиткуваш во фрази и слики, кога не си директен и чист - ти си пропаст сама за себе.
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Покана за пријателство, најубаво сум трогнат - ама само ако е искрена. Ако е завиена со хипокризија и лицемерие - не подаруваш, продаваш и пропаѓаш...
Ипак, добар гест од твоја страна...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Што ме боли мене вие што мислите, вие што кажувате, вие како пропагирате! Ако сакам ќе сакам нешто, ако сакам ќе сакам земја, географија, уметност, книги... Ме заболе за државите и сличните гомнарии. Додека пливате во националистички ментални мастурбации, животот поминува со брзина на јапонски шинканзен, они кои демек треба да ве штитат ве ебат на најмил и хардкор можен начин, а јас треба ним да им платам данок за да си се офајдат они, само они, заедно со фелата од 2-3% најбогати серковци овде... Фала!!! Патриот - во некое друго време, понормално можеби. Во вакво егзистенцијалистичко време - нити оваа посрана историја ми треба, ничија, ниту македонска, ниту бугарска ниту српска... Се родив чист, без дамки и не прифаќам никаков товар на пропаднатите генерации, никакви срања, никакви изменети истории и географии, ниту ме боли што вие - колективот мисли за мене, нити за себеси какви националисти алијас глисти сте. Ако сакате кршете глава, ама оставете ме намира, не бидете досадни ко муви без јајца и ко невработени моржови. Вашиот живот и избори се ваши, мојот живот и избори се мои, и затоа се свети. А ако во мојата светост се какате, немојте да се чудите зошто сопствените дворови ви се гнасни, а ги миете туѓите.

Убави и продуктивни животи имајте!
Иди излуфтирај се...велиш те боли курот за се..тогаш што се замараш...што се мачиш да пишуваш .. терај си го животот и никому ништо..


“Македонија е моја болка и радост. Таа е мојата жешка рана и мојот чудотворен лек. Таа е мојата сурова реалност и мојот волшебен сон.
Ќе ја сонувам буден додека сум жив.“
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Мислам дека напишав зошто уствари го пишувам ова, ама извини, нема како на лонг плејка да го преповторувам одговорот. Ако успееш да го најдеш, облаготвори се!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Мислам дека напишав зошто уствари го пишувам ова, ама извини, нема како на лонг плејка да го преповторувам одговорот. Ако успееш да го најдеш, облаготвори се!
Видов... прочитав и нема потреба да ми реплицираш.. понатака!
Поздрав:salut:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Што да очекуваш од луѓе кои мешаат економски статус и љубов кон својата земја?
 
Член од
6 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
Мора да позајмам нешто од Букарски за да ви укажам на бедата која можеби ја имате, можеби ја немате... Ама во секој случај сакам ова да ви го пастирам, а вие ако сакате пак мастурбирајте во свој маргинализиран стил.

евангелие според Букарски: умрени луѓе

стравот ги опишува, обезличува, обезвреднува.
се плашат да кажат што навистина мислат ако некогаш си го зададат тој духовен луксуз, и тогаш делуваат збунето, уплашено, несигурно, се кријат зад завиени форми на изразување, бладајќи го избегнуваат
едноставното, чистото, искреното.

не веруваат во ниедни идеали, истренирани се смешно да им паѓа тој збор. знаат само да квичат и само дакукаат, во општото кукање си бараат пријател кукач, да кукаат заедно така до бескрај. рано се откажуваат, после еден посилен шамар, макар и фигуративен, се расплачуваат, се жалат, бараат нечија прегратка и банализираат колку животот или реалноста е сурова.

ништо впечатливо нема во нив, нема жар, се препуштаат на ефтин хедонизам, дозволуваат времето да ги погази, уште не така оформени, развиени, издигнати се веќе уништени како личности.

еден лош коментар не по нивна мерка, еден звук не по нивен слух ги турка во длабока депресија.

слаби се, кукавични, подло се кријат зад туѓи имиња, псевдоними, животи, никогаш со своето, вистинското, личното јас. за нив сакаат некој друг да крвари и да се бори, спремни дури се да им го дадат
својот глас и газ иако се свесни дека потоа ќе бидат гадно изебани.
сакаат и очекуваат да бидаат излажани, само да се потврди нивната одамна вкоренета помиреност со распоредот на нештата.
сакаат да дојде по “нивно“, или барем по она што ги натерале да го земат како “нивно“ - оние другите.

духот им е мрзлив, спремни се за поинакво размислување само декларативно, наизуст ги знаат сите демократски принципи, а во суштина се закоравени диктаторчиња и им е доволна шака власт за да би почнале со забрани, клади и гилотини.

ставот им страда од инфантилност како “или си со мене или против мене“.

критика и мислење не им е потребна освен ако не е во насока на нивната самопотврда. не креираат апсолутно ништо, немаат доблест да направат ниедно дело, креација во било каква форма, со став да го
поддржат или со верба да застанат зад него.

ја посакуваат славата, но не и последицата на истата.

ретко се случува да критикуваат, а кога тоа го прават, маваат во празно, општо, на купче, без да ја погодат суштината.
безопасниот критицизам им придава чувство на амнестија, уверени се дека на тој начин се ослободиле ододговорноста, од долгот кон природата.

не поднесуваат ангажираност од било и да е каков вид, ништо за што светот бери гајле.

иако немаат чувство на припадност сакаат да се загнездат било каде само за да добие тежина нивиот колеблив општ став.
со твојот став го условуваат пријателството, или барем пријателството во наводници.

лешинарањето им е една од најсилните страни, едвај чекаат некој да падне да го расколваат, во тоа се најсилни и добиваат на моќ.
н
икогаш не се свесни за убавото, никогаш го немаат чувството, сенсот и вкусот за убавината, како и за се позначајно тоа некој од страна, некој од далечина и височина да им го прикаже како такво. па дури и
тогаш нема навистина да прогледаат или почувствуваат и тогаш нема да знаат да уживаат во него, и тоа за жал ќе го разберат како сервилна согласност пред авторитетот за постигање на ефтина допадливост.

те затрупуваат со лајнени морализми, со медиокритетизам од најодвратен вид секогаш кога ќе пробаш да најдеш начин да го најдеш вистинскиот и само по себе трнлив пат во животот. први, први се тие околу

тебе, умрените луѓе кои во име на твое добро, ќе ти укажат дека најдобро од се, е да не преземаш ниеден ризик, само за да го зачуваш тоа малку ништо кое го поседуваш.

кога ќе истапиш храбро со вистината, нема да го следат твојот чекор, лично ќе ти се восхитат, но во надвор заедно со толпата неверници ќе го фрлаат каменот по тебе, само за да никој од нив не се посомнева во

нивната покорност - покорност која само тогаш имаат шанса да ја покажат и докажат.

и кога ќе почнеш да гориш поради малкута искра надеж која им си ја вдахнал на најслабите, радосно ќе те гаснат со кофи полни ситнодушност чија единствена цел е да те натераат да сфатиш дека никогаш повеќене смееш и не треба да се осмелиш.

мајстори се да го избегнат конфликтот од секој вид, поготово оној најнужниот кој резултира со страст неопходна за продолжение на развитокот.

не им верувај кога ти се жалат дека им е лошо зошто им е добро, зошто и во лошото нашле доволно добро срање кое ги тера мазохистички да се самосожалуваат и да се тешат со излитеноста од типот “има побетер од моменталната состојба.“

не им верувај кога ти се жалат дека знаат и поминале многу, и кога ти го одземаат правото ти да дознаеш како е. во желбата да дознаеш како е, или што има зад планината, во природното љубопитство лежи
секогаш мудроста.

и покрај се, не биди суров кон умрените луѓе, не бегај од нив, бидејќи од нив и не може човек да се скриеи побегне. не сите умрени луѓе се умрени засекогаш, не сите умрени луѓе се свесни дека умираат, ако тисе послужи прилика биди доволно блиску до нив и со својата сила, енергија и пред се љубов покажи имживост која можеби неочекувано ќе ги фасцинира. фасцинантноста е ко заразна болест чија втор стадиуме идејата. затоа не ги одбегнувај умрените луѓе, и не мораш да се трудиш да ги преобратиш т.е. да гиоживееш, повеќе од доволно ќе биде да не умреш така ко нив, многу предвреме, пред да дојде правото
умирање.

п.с. насловот е позајмен од една песна на битолските панкери “Паркети“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom