Фан Kлуб: Осогово

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.554
дали можеби некој знае кој е претседател на Осогово?

список на играчи извадив од сите десегашни извештаи, па ако некој знае како се вика некој од играчиве кој немаат име нека пише:

Danev (GK)
Lazarov (GK)
Sumanov
S. Mancovski
D. Mancovski
Danilov
Dameski
Velinov
Nikolce Gjorgjiev
Kocevski
Cvetanov
Karafilov
Vlatko Kocev
Ivica Janevski
Despotov
Markovski
Stefan Janev
Mitev
Gicov
Zdravkov
Angjelov

http://macedonianfootball.com/20060817140/Clubs/Osogovo.html
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
По неколкугодишно апстинирање, во оваа есенска полусезона конечно и популарните „Сејмени“ му се вратија на фудбалот. Добрите и ефикасна игра на „жетварите“ ги разгалија срцата на младите љубители на фудбалот во „градот на оризот“ па повторно на источната трибина може да се види препознатливиот декор што беше присутен кога Осогово играше во првата и во втората лига.

Популарните „Сејмени“ за време на целиот натпревар се дванаесеттиот играч на клубот. Навиваат и кога резултатот не е откриен а и кога по шести, седми или осми пат домаќините ја тресат мрежата на противниците.

Добрата релација помеѓу навивачите и играчите е уште една цврста гаранција дека фудбалот полека но сигурно се враќа во „градот на оризот“.

С.Ивановски
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ОД ЗРНОВКА НЕ ОСТАНА НИТУ ЗРНО

2008-12-14
„ОСОГОВО“ - „ЗРНОВКА“ 8:1 (1:1)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 100. Главен судија: Драганчо Јаневски. Помошници: Александар Ангелов и Игор Богатинов (сите од Кочани). Стрелци: Горгиев 27’ 52’ 70’ 80’, Коцев 51’ 75’ 83’, С. Манчовски 90’ („Осогово“), Пушов 32’ („Зрновка“). Жолти картони: Здравков и Дамески („Осогово“), Апостолов („Зрновка“).
„ОСОГОВО“ – Данев, Данилов, Дамески (Митев), Здравков (Д. Манчовски), С. Манчовски, Цветанов, Велинов, Шуманов, Горгиев, Деспотов (Коцев), Карафилов.
„ЗРНОВКА“ – Јефтимов, Ристов (Велков), Пушов, Симеонов, Георгиев, Апостолов, Симионов, Спасов (Митев), Гиздовски, Андонов, Горгиев.

Во нерамноправен натпревар во последното есенско коло од Третата лига Исток, Осогово ја декласира мошне слабата и на моменти анемична екипа на Зрновка од Зрновци. Според прикажаното во првото полувреме никој на стадионот не очекуваше дека мрежата на гостите ќе биде толку полна со голови.

Се играше 27-та минута кога по едно убаво нафрлување од десната страна топката дојде до итриот Николчо Горгиев кој со глава од само пет метри рутинирано биеше во голот на немоќниот Јефтимов. Пет минути гостите од никаде го израмнија резултатот. Имено домашниот голман Данев лошо дегажираше со рака топката дојде до слободниот Пушов кој „ни крив ни должен“ од преку дваесет метри ја упати во празната мрежа. Само две минути по израмнувањето чист пенал за домаќините кој го видоа сите на стадионот но не и инаку одличниот судија Јаневски. Со резултат 1:1 се замина на одмор.

Во второто полувреме рапсодија во жолто сино. „Жетварите“ притиснаа и само беше прашање на моментот кога ќе дојдат во водство. Тоа се случи во 51 минута. Коцев упати удар по земја а гостинскиот голман ја пропушти од нему познати причини и таа заврши во неговата мрежа. Една минута подоцна најубавиот момент на средбата. Расниот голгетер Горгиев доби топка во празно, ја сочека убаво и со страотен удар од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:1. До крајот најинтересна беше „трката“ помеѓу Горгиев и Коцев кој ќе постигне повеќе голови. Дуелот го доби Горгиев кој со четири погодоци го „победи“ својот соиграч со 4:3. Последниот гол е дело на стоперот Сашко Манчовски. Во последната минута „шестката“ на домаќините откако излезе сам пред Јефтимов рутинирано го префрли и им ја залепи осумката на зрновјани.

Добро е за овој натпревар а воопшто и за фудбалот што Осогово победи. Со тоа им се затворија устите на сите оние кои погодуваа дека ќе има матно нешто во Кочани, „пукаа“ во празно.

С.Ивановски
 
Z

ziko bt

Гостин
По неколкугодишно апстинирање, во оваа есенска полусезона конечно и популарните „Сејмени“ му се вратија на фудбалот. Добрите и ефикасна игра на „жетварите“ ги разгалија срцата на младите љубители на фудбалот во „градот на оризот“ па повторно на источната трибина може да се види препознатливиот декор што беше присутен кога Осогово играше во првата и во втората лига.

Популарните „Сејмени“ за време на целиот натпревар се дванаесеттиот играч на клубот. Навиваат и кога резултатот не е откриен а и кога по шести, седми или осми пат домаќините ја тресат мрежата на противниците.

Добрата релација помеѓу навивачите и играчите е уште една цврста гаранција дека фудбалот полека но сигурно се враќа во „градот на оризот“.

С.Ивановски
tuka se sobereni semite od kocani a?
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
tuka se sobereni semite od kocani a?
Па брате можда смешно изгледа 20 души навивачи, но ко помислиш клуб од 3та Македонска лига, и верни сепак е друго, инаку верувам дека наредното коло ке има поголем број на навивачи. И не се Шеми, туку се Сејмени :helou:
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Порака до Николчо Георгиев да остави број на школскиот другар од асуц- Попац. Честитки за добрите игри,и се надевам дека наскоро ке се видиме.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ОСОГОВО БЕЗ ДОСТОЕН ПРОТИВНИК

2008-12-22
Во штотуку завршениот есенски дел од натпреварувачката 2008/2009 година во Третата фудбалска лига – Исток „Осогово“ убедливо го зазеде првото место на табелата со двоцифрен број бодови разлика од второпласираното „Астибо“ од Штип. „Жетварите“ покажаа најмногу од сите и ако се гледаа натпреварите на кочанчани честопати слободно човек можеше да се прашува дали оваа екипа од Кочани во овој дел од првенството имаше противник.

САМО ЕДНО РЕМИ
Натпреварувачката 2008/2009 година започна со седумнаесет екипи но како две екипи („Бели“ од Кочани и „Напредок“ од Пехчево) се откажаа за време на првенството во есенското коло се одиграа само 14 натпревари. Осогово на првото место го искачија 13 победи, 1 нерешена средба и ниту еден пораз, со гол разлика 60:10 и освоени 40 бодови или околу 95%. Дома „Осогово“ одигра 8 средби и имаше 100% остварување (8 победи) и гол разлика 43:4, а додека како гост на 6 средби, постигна 5 победи и само една нерешена средба и гол разлика 17:6.

РЕЗУЛТАТИ
Василево – Осогово 1:3 (0:3); Осогово – Малеш 5:1 (2:0); Осогово – Младост 5:0 (3:0); Муртино – Осогово 0:2 (0:0); Осогово – Злетовица 7:0 (3:0); Тиверија – Осогово 3:5 (1:3); Осогово – Астибо 2:0 (0:0); Осогово – Јака 4:1 (1:0); Брегалница (Д) – Осогово 0:0 (0:0); Мак Месо – Осогово 1:3 (0:0); Осогово – Карбинци 3:1 (2:1); Рудар – Осогово 1:4 (0:2); Осогово – Слога Филип II 9:0 (4:0); Осогово – Зрновка 8:1 (1:1).

26 ПОГОДОКА НА ЃОРЃИЕВ
Стрелците на Осогово беа доста расположени во есенскиот дел на првенството, единаесет играчи ги тресеа противничките мрежи. Најефикасен е Николчо Ѓорѓиев со 26 погодока. По него следуваат: Стојанчо Велинов 10; Влатко Коцев 9; Зоран Шуманов 4; Ивица Јаневски 3; Ангел Дамески 2; Петар Гицов, Даниловски Перо, Карафилов Никола, Ангелов Николчо и Сашко Манчовски сите по 1 и автогол на играчот на Младост од Оризари Спасовски.

23 ИГРАЧИ ГО НОСЕА ЖОЛТИОТ ДРЕС
Боите на Осогово во четиринаесетте натпревари ги бранеа точно 23 играчи, од кои само Стојанчо Велинов настапи на сите натпревари, тринаесет пати беше стартер во екипата а само во првото есенско коло во игра влезе од резервната клупа. Сепак учинокот на Велинов од 13+1 е за почитување. Според одиграните натпревари како стартери и како влегување во играта од клупата за резервни играчи идеалниот есенски тим на Осогово би изгледал вака: Игорчо Данев (9+0); Перо Даниловски (12+1); Љупчо Коцевски (11+0); Стефанчо Цветанов (12+1); Сашко Манчовски (12+0); Ангел Дамески (9+1); Никола Карафилов (13+0); Стојанче Велинов (13+1); Николчо Ѓорѓиев (12+1); Зоран Шуманов (11+1); Влатко Коцев (10+2). Понатака следуваат: Дејан Манчовски (5+6); Драгослав Здравков (6+4); Влатко Деспотов (5+3); Ванчо Митев (3+3); Петар Лазаров (5+0); Петар Гицов (3+2); Николчо Ангелов (2+2); Ивица Јаневски (1+3); Перо Горгиевски (0+2); Ангелчо Арсов (1+0); Кире Стојков (0+1).

СЕПАК СЕ ИГРАШЕ ФЕР И КОРЕКТНО
Судиите на играчите на Осогово им покажале 22 жолти картони на четиринаесетте натпревари, или по 1,57 по натпревар и е доделен само еден црвен картон а него го заработи Шефот на стручниот штаб на „жетварите“, Крсте Крстев на натпреварот против „Јака“ во Кочани. Противниците на кочанчани ограле малку понежно. На четиринаесет натпревари тие заработиле 19 жолти картони или 1,36 по натпревар и еден црвен картон кој на натпреварот против „Тиверија“ во Струмица го заработи домашниот играч Тасев.

МУ СУДЕА НАЈМНОГУ ШТИПЈАНИ И КОЧАНЧАНИ
Како главен судија на натпреварите на Осогово истрчале вкупно 10 судии од кои најмногу од центарот натпреварите ги започнувал Мите Јованов од Штип (3 пати). Како помошни судии правдата ја делеле 21, од кои седум судии по двапати биле помошници а останатите 21 судија по еднаш. Единаесет делегати си наплатиле такса од благајната на кочанскиот третолигаш од кои тројца дури по двапати.

С.Ивановски

 

alkos

Швалер!
Член од
8 август 2008
Мислења
38
Поени од реакции
1
По неколкугодишно апстинирање, во оваа есенска полусезона конечно и популарните „Сејмени“ му се вратија на фудбалот. Добрите и ефикасна игра на „жетварите“ ги разгалија срцата на младите љубители на фудбалот во „градот на оризот“ па повторно на источната трибина може да се види препознатливиот декор што беше присутен кога Осогово играше во првата и во втората лига.

Популарните „Сејмени“ за време на целиот натпревар се дванаесеттиот играч на клубот. Навиваат и кога резултатот не е откриен а и кога по шести, седми или осми пат домаќините ја тресат мрежата на противниците.

Добрата релација помеѓу навивачите и играчите е уште една цврста гаранција дека фудбалот полека но сигурно се враќа во „градот на оризот“.

С.Ивановски
од кога се вратија Семејни? цела полусезона навиваа или???
 
Z

ziko bt

Гостин
Бугарите ќе инвестираат во третолигашот од Кочани
Газдата на Вихрен ќе го спонзорира Осогово

Постои можност сопственикот на бугарскиот фудбалски прволигаш Вихрен во иднина да биде еден од спонзорите на третолигашот Осогово. Како што информираше тренерот на клубот од Кочани Крсте Крстев, трансферот на Николчо Ѓорѓиев во прволигашот од Сандански треба да биде почеток на соработката помеѓу двата клуба. Ѓорѓиев веќе неколку денови се наоѓа во Сандански и тренира со првиот состав на Вихрен, кој е седмопласирана екипа во бугарската Прва лига. Тој ќе остане таму до крајот на неделата и доколку ги помине сите тестови, ќе го облече дресот на бугарскиот прволигаш. Во тој случај нема да има класично обесштетување, туку парите за фудбалерот од Кочани ќе бидат вложени во Осогово, чии амбиции се второлигашки. Тој трансфер би бил почеток на соработката помеѓу клубовите од Кочани и Сандански, со тоа што Осогово во иднина би прераснало во своевидна база на Вихрен, кој би го надоместувал тоа со соодветни вложувања
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Црквата го даруваше ФК Осогово[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Црковниот храм "Свети великомаченик Ѓорѓи" од Кочани станува спонзор на спортскиот миленик на градот, фудбалскиот клуб Осогово. Свештениците донирале осумдесетина бањарки и поголеми крпи за фудбалерите, кои се лидери во Третата фудбалска лига-Исток. Дел ќе користат првотимците, а дел е наменет за членовите на фудбалската школа на Осогово. Ова е прв случај во Кочани во поново време црквата да дарува еден спортски колектив.[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom