Euro College

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
ова испадна ко работава со топшоп. Студентиве отвараат нови јузери со по 1 пост и го бранат колеџот. Кога ќе им снемаат аргументи одат кон навредување на членовите. Декстерче го даде практично заклучокот на сево ова. Значи, ако се запишете на приватен колеџ, факултет во нашава земја не се надевајте на некое преголемо знаење. Подобар начин е да отидете на државен, меѓутоа и таму има недостатоци. Испаѓа дека најдобрата алтернатива е да се студира во странство на некој поелитен универзитет ама таму е поскапо. И тоа е тоа, сега мац избери што највеќе би ти одговарало на тебе. End.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Sega ti gi stavas site Univerziteti i kolegi u edna korpa, cekaj malku, edno e koleg, drugo e univerztet neli? Edni se priznaeni, drugi ne se. A sto se odnesuva do drzavnite, vo odnos na priveten gledno samo od moeto iskustvo znaci usta ako gi i zemam drugite slucai, najbolje e na privaten ako imas sredstva koi ke gi podmirat tie trosoci, a taa diploma od stranstvo od kaj znaes dali ke ti ja priznaat ovdeka, oni ovie tuka odvaj gi priznavaat, osven ako ne sakas da ostanes tamu:smir:
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
156
Поени од реакции
0
МОН: „Еуроколеџ“ од Куманово и „Еуроколеџ 2007“ од Струга немаат акредитација за висо

Nekoj mi dolzi castenje pivo.


МОН: „Еуроколеџ“ од Куманово и „Еуроколеџ 2007“ од Струга немаат акредитација за високообразовна дејност

Скопје, 26 јули (МИА) - Државниот просветен инспекторат утврдил дека приватните институции „Еуроколеџ“ од Куманово и „Еуроколеџ 2007“ од Струга запишувале студенти во прва година за учебната 2007/2008, иако не се акредитирани, немаат согласност од Владата и решение за почеток со работа.

На „Еуроколеџ“ во Куманово имало запишани 115 студенти од прва, втора и трета година, заклучно со 2006/2007 година, а во прва година за 2007/2008 пријавени биле 20 студенти. „Еуроколеџот 2007“ од Струга, пак, за 2007/2008 распишал конкурс за прием на вкупно 180 студенти на три факултети.

- На двете институции им е укажано дека не можат да извршуваат високообразовна дејност, а се поднесени барања до Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Управата за јавни приходи за преземање активности во нивна надлежност за да спречат нивно натамошно незаконско работење, рече министерот за образование и наука Сулејман Рушити на денешната прес-конференција.

- Не се работи за фаворизирање на едни државни или приватни високообразовни институции на сметка на други. Постојат закони кои важат за сите и треба да се почитуваат. Намерата е со преземање вакви конкретни чекори еднаш за секогаш да се стави ред во функционирањето на приватните високообразовни институции, зашто и покрај апелирањето на Министерството до родителите и студентите да внимаваат да не се запишуваат на неакредитирани и нерегистрирани институции, сепак, дел од нив на сопствен ризик, а како резултат на привлечните кампањи влегуваат во ситуација во која ја ставаат под прашање валидноста на стекнатото знаење, притоа давајќи не мали средства за стекнување дипломи, додаде Рушити. За студентите кои се запишале на овие две неакредитирани институции Министерството ќе формира работна група за решавање на проблемот.

Министерството за образование и наука соопшти дека на четирите државни универзитети во Македонија во 2007/2008 година во првиот уписен рок примени се вкупно 11.365 студенти. За вториот уписен рок во државната квота остануваат 2.809 слободни места, 3.459 во квотата со кофинансирање и 1.730 слободни места за вонредни студенти. На Правниот факултет на Скопски универзитет е констатирано пречекорување во квотата со кофинансирање и наместо предвидените 250 студенти примени се 579 кандидати. Државниот просветен инспекторат треба да изврши увид на Факултетот, да ја констатира состојбата и потоа да донесе соодветно решение согласно со Законот за државниот просветен инспекторат.

МОН соопшти дека од вчера до 15 август трае рокот на електронско аплицирање за легло во студентските домови, што е воведено првпат годинава со цел да се елиминира човечкиот фактор и да се избегнат сите неправилности и недоследности во одлучувањето за сместување на студентите. На овој начин се заштедуваат и средства за формулари и за патни трошоци зашто кандидатот е информиран по електронски пат.

Министерот Рушити информираше и за иницијатива што Министерството за образование и наука ја доставило до Владата за основање театарски фестивал на учениците во средните училишта, со намера да ја збогати воспитно-образовната дејност, да ги одврати младите од пороци, насилство и девијантни појави и да го исполни креативно нивното слободно време. Замислата е на фестивалот да учествуваат средношколци од сите училишта во Република Македонија, тој да се одржува во различни градови, а во соработка со Министерството за култура да бидат избирани десет најдобри претстави.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Да, да и ја ова го прочитав во весници и мислам се знаеше однапред дека не е признаен само требаше да се докаже тоа на некои. Незнам што ќе прават студентите од тој колеџ.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас мислам дека темава е жив доказ дека живееме во време кога не можеме да бидеме убедени со убави реклами и дека се слуша гласот на народот...
Јас не отидов на Еуро Колеџ и покрај понудената стипендија и уверен сум дека го направив вистинскиот избор !
Фала на ВиртуалВлад,Батерфлај и сите други кои активно учествуваа во дискутија и во мојата одлука
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Mac ние зборувавме за твое добро, рекламите само се обична пропаганда ништо посебно, да го заинтересираат граѓанинот повеќе, одамна не верувам на реклами, прво ќе истражувам па после ќе ја донесам одлуката. Процесот на истражување е најбитен според мене. Инаку мило ми е што ти помогнавме, кажи ми кај се запиша?:helou::helou:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас мислам дека темава е жив доказ дека живееме во време кога не можеме да бидеме убедени со убави реклами и дека се слуша гласот на народот...
Јас не отидов на Еуро Колеџ и покрај понудената стипендија и уверен сум дека го направив вистинскиот избор !
Фала на ВиртуалВлад,Батерфлај и сите други кои активно учествуваа во дискутија и во мојата одлука
А Елена бе? ццццц

На економски :(
Ај со среќа :helou:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
За да не дојде до несакани последици само незнам се запосли ли некој од запишаните пошто би требало оваа година веќе да се дипломирани или се лажам, тоа е догодина.
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Да во право сте има веќе една завршена генерација на Еуро Колеџ. Таа брои 45 луѓе, моментално само 10 од нив немаат работа.

Тврдам со живот :baeh:


Јас мислам дека темава е жив доказ дека живееме во време кога не можеме да бидеме убедени со убави реклами и дека се слуша гласот на народот...
Јас не отидов на Еуро Колеџ и покрај понудената стипендија и уверен сум дека го направив вистинскиот избор !
Фала на ВиртуалВлад,Батерфлај и сите други кои активно учествуваа во дискутија и во мојата одлука
Бе молам да не шпекулираме, ти немаш понуда за никаква стипендија.


поз
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Е ај објасни што како кај се запослиле, кој тоа, зашто не тие 10 студенти. Од кај толку со живот тврдиш не интересира.
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Е ај објасни што како кај се запослиле, кој тоа, зашто не тие 10 студенти. Од кај толку со живот тврдиш не интересира.
за некој ден ке иам список кај се запослиле, значи има у Германос, Стопанска, комерцијална и уште некој банки, Сеавус, ВИП, Космофон.....доволно?

Тие 10 студенти ќе се запослат, кај да е

Чим сум кажал со живот, тогаш мислиш дека не сум сигурен 108,ипол посто ??? :pos2:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ха, епа ајде ќе чекаме имиња баш ме интересира, чим можеш да ги најдеш, што да не. А во кои градови точно?

Поздрав и извини ама ја на никого не верувам:helou: додека нема докази
 

Kajgana Shop

На врв Bottom