Несакана бременост помеѓу младите!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Морам да признаам дека темава е прилично интересна и покрај тоа што не сум сигурен дека нема веќе отворена иста.

Прво да ве прашам, што подразбирате под несакана бременост (абортус или задржување на бебето или нешто друго)?

Значи што кога ќе се случи несакана бременост. Абортус или задржување на детето?

Ако сте за абортус, зошто сте за тоа? Нели тоа значи убивање на еден живот?

Или пак тргнувате од тоа дека во првите месеци од бременост, бебето официјално не е живо....? И би се одлучиле за абортус?

Што мислите кои се факторите кои (не) делувале доволно кај младите за да створат едно однесување со кое ќе ја спречат оваа несакана појава (несакан бременост)? (родителите, образованието)

Што треба да се преземе за да се спречи несаканата бременост?

Македонија официјално нема точни бројки за оваа појава.

Дали треба да се воведе Сескуално образовани во школите, да се дели бесплатни кондоми или пак нешто друго?

Дали мининистерството за Здравство во соработка со НВО секторот и со Министерството за образование треба да спроведат една кампања за едукација или мислите дека тоа исклучиво се остава на свеста на поединецот т.е. на младиот човек?

И еве за машките, што би направиле ако еве да речеме деовјката ви кажува дека е бремена, а вие сеуште не сте подготвени на семеен живот? Тешко прашање мора да признаеме.нели?

И на крај кој е најзасегнат од овој проблем?
 
-Значи што кога ќе се случи несакана бременост. Абортус или задржување на детето?
-Ако сте за абортус, зошто сте за тоа? Нели тоа значи убивање на еден живот?
-Или пак тргнувате од тоа дека во првите месеци од бременост, бебето официјално не е живо....? И би се одлучиле за абортус

mislam deka na site ovie prasanja veke imame odgovoreno na tema ABORTUS
 
Епа вака..несакана бременост е фактички непланирана бременост.Може да се случи од многу причини,а најосновната е небезбеден секс.И после тоа...лоша работа.Ако девојката не е спремна за дете,најчесто завршува со абортус,ако сака да го задржи бебето,најверојатно брак под принуда или самохрана мајка...Факт е дека е голем проблем,не само во Македонија туку и во светот.И не верувам дека е од недостаток на едукација или недостапност на контрацептиви.Мое мислење е дека е од неодговорност.
 
е па нека мислат со главите пред да направат некоја глупост, ама кога ке се случи тоа веке касно е за каење, ретко кој одлучува да го задржи детето, најчесто сметаат дека абортусот е единствено решение, ама како ќе се чувствуваат после тоа самите си знаат
 
Несакана бременост? Како не...
Како беше тоа "една вечер слатко, цел живот татко":pos:
Не оправдувам абортус...
 
нема несакана...има си го барала си го добила, не е ова 13 век, има најмалку пет методи како ДА НЕ СЕ ЗАБРЕМЕНИ, ама ако некоја се начукала и не знае кој што и прави или ако некој недоквакан бута како сивоња без усул, имаше една песна од дуо Ластовица -шарала, сама си го барала-
нема несакана, има или ако види дека фраерот е пун кеш па ке сака да го лапне и оп ке забремени па овој ке мора да ја земе, или нема да е при свест (нафиксана испијанета) па ке и биде се исто
ретко со оглед на квалитетот на презервативи може да се случи нели да пукна, али бар дурекс е светска марка
 
Не мора да се врти темава накај абортус-разговарано е на долго и широко...може да остане на прашањето колку несаканата бременост меѓу младите луѓе е всушност НЕСАКАНА??
Не викам дека не се случуваат несреќи ама дали сите ги превземаат сите мерки што се во нивна сила да го спречат тоа??
Баш ко што вика астрикс...дали сепак „несаканата бременост” е женска манипулација...кај им е паметот на мушките,барем кондомот е 99% сигурна заштита,нели го користат??
 
- Што треба да се преземе за да се спречи несаканата бременост?
Поголема едукација на младите, не само да делат проспекти, флаери и чуда, едукација пред се во училиштата, почнувајќи од основното па до средното, а и факултетиве мислам дека не треба да бидат запоставени во овој план бидејќи има доста млада популација која е на возраст од 20 до 25 години која не е доволно едуцирана. Но битна улога има и едукацијата и воспитанието во семејството.
- Ако сте за абортус, зошто сте за тоа? Нели тоа значи убивање на еден живот?
Абортус да! но кога стварно е потребно, зборувам за закомплицирана бременост, проблеми со фетусот, мислам дека е јасно. Но абортус ради тоа што некоја ширела нозе кај ќе стигне и се чепатела таму тоа во никој случај, за таа работа не!
- Дали треба да се воведе Сескуално образовани во школите, да се дели бесплатни кондоми или пак нешто друго?
За болдираниов дел...и да и не! Но сепак, таа индивидуа која што веќе стапила во таков чин и ако се осеќа спремна и зрела за такво нешто (зборам за сексуални односи) тогаш истата ќе биде доволно зрела да отиде во аптека да купи кондоми и да се заштити не само од несакана бременост туку и од разни болести кои се тирани на 21 век.
- Дали мининистерството за Здравство во соработка со НВО секторот и со Министерството за образование треба да спроведат една кампања за едукација или мислите дека тоа исклучиво се остава на свеста на поединецот т.е. на младиот човек?
Ваква акција беше спроведена на времето (мислам дека министерството за здравство беше иницијатор), само очигледно сето тоа што требаше да се постигне кај младата популација како позитивност не ги дотигна очекуваните резултати.
 
кратко и јасно: никогаш ама баш никогаш не сум подржувала абортус...ми се гади од тие особи што прават абортус :tapp:
 
кратко и јасно: никогаш ама баш никогаш не сум подржувала абортус...ми се гади од тие особи што прават абортус :tapp:
Што во случај да се десило, а приликите, семејството, амбиентот не е таков за да се продолжи со бременоста. Ете...морале да мислат, но ете, се десило. Што тогаш, дали пак би ти се гадело или би размислила дека има луѓе кои живеат во одредени услови кои и не дозволуваат продолжување на бременоста, а сепак сакале секс, капка капнала...се десило макар и со кондом.
 
кратко и јасно: никогаш ама баш никогаш не сум подржувала абортус...ми се гади од тие особи што прават абортус :tapp:
Колку и да звучи грубо..поддржувам абортус..
Зашто? ..Од проста причина што доколку настанала несакана бременост, доколку не внимавале доволно..а знаеме дека младите стапуваат во сексуални односи се порано и порано и не сите се свесни колку може да се измени нивниот живот..па абортусот би бил "идеално решение" а верувам дека ќе се согласиш дека 15 годишна девојка не е способна да внимава на себе, а уште помалку да води грижа за мало битие..ahh..:nesvest:
 
Колку и да звучи грубо..поддржувам абортус..
Зашто? ..Од проста причина што доколку настанала несакана бременост, доколку не внимавале доволно..а знаеме дека младите стапуваат во сексуални односи се порано и порано и не сите се свесни колку може да се измени нивниот живот..па абортусот би бил "идеално решение" а верувам дека ќе се согласиш дека 15 годишна девојка не е способна да внимава на себе, а уште помалку да води грижа за мало битие..ahh..:nesvest:

токму така, не е способна, меѓутоа ако не се заштитувала и не размислувала разумно никој не и е крив...на крај краева боље е да го роди (нејзините нека го чуваат) отколку после направениот абортус да не може повеќе никогаш да има деца, во повеќето случаеви на направени абортуси се случува тоа нешто.
 
токму така, не е способна, меѓутоа ако не се заштитувала и не размислувала разумно никој не и е крив...на крај краева боље е да го роди (нејзините нека го чуваат) отколку после направениот абортус да не може повеќе никогаш да има деца, во повеќето случаеви на направени абортуси се случува тоа нешто.

Дете не е куче па да го оставиш некој да ти го почува. Роди го и биди му родител во секоја смисла на зборот или ако не си способен прекини се` пред да почне.
 
Дете не е куче па да го оставиш некој да ти го почува. Роди го и биди му родител во секоја смисла на зборот или ако не си способен прекини се` пред да почне.

викам чим не била способна да се заштити и не била свесна пред се да почне ондак нека си ги сноси последиците, никој не и е крив на крај краева...
прв пат абортус, втор пат пак ке забрамени пак абортус и така неколку пати и на крај никад деца...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom