Мојата потсвест, на 14 години ме наведе да размислувам многу погрешно... Поради момчето кое ме напушти мислев дека за мене се е готово, и нон- стоп бев песимистички настроена кон сечиво мислење или кажана работа. Многу лошо се однесував и бев бунтовна без никаква причина. Но, дојде денот кога самата себе се повикав на разговор да видам зашто сум таква и што не е во ред. На крајот сфатив дека проблемот не е во другите, туку во мене. Што побргу сакав да се сменам, затоа што сфатив дека има многу луѓе кои ме сакаат, и не го заслужуваат таквото мое однесување, сфатив дека ги повредувам без пардон. Сфатив и дека животот е најпрекрасниот подарок што човек може да го добие, и треба да го искористам на најдобар можен начин. Сфатив дека секој има право на свое мислење и вкус, и не му се лутам на момчето (што ме напушти) поради тоа. Си станав самата на себе најдобра другарка, и сега ми е поубаво во животот од кога и да е. Вистинските пријатели беа со мене цело време без да ме напуштат, и сеуште се. Побарав прошка од себе, и тие околу мене, и ја добив... Мојата потсвест сега е чиста... Среќна сум што успеав...:pehar: