И јас не верувам во магии,ама една случка морам да ја кажам.
Кај нас во дуќан вработивме едно младо момче само што направи свадба.Додека работеше цело време се жалеше како жена му не може да остане бремена,и ако остане се пушта...Веќе 3 години така.Отишле да бараат лек во некое село кај некоја гатачка и оваа му рекла на Боби (така се вика машково) дека тоа што ке му каже нема да му се верува и најдобро ке биде да се увери сам.Му рекла во 12h точно на полноќ да се скрие некаде и да види од кај него пред врата кој ке му ја земе патиката тој му прави магии да не може жена му да остане бремена.
Уште истава вечер Боби се крие во колата која му била паркирана во дворот и што ке види-неговата мајка му ја зима патиката и ја дига накај небото и кажувала некој си чудни зборови....
Наредниот месец се преселија во стан и не живее со неговите родители,а жена му сега има близнаци...
Не знам дали е овоа магија или што ти знам што е ама кога ми кажуваше за случкава просто не можев да си поверувам.
Исто така ми кажа дека мајка му има 3 сестри и дека сите 3 се занимаваат со такви работи,и до ден денес ја колне мајка му....Страшно....
Исто така знам и друга случка за некоја жена од некое село што правела магии,нејзиниот син кога се враќал од школо и си одел накај дома во селово,си идело со татко му на неговото другарче што учеле заедно и направиле собраќајка при што умира само детево на оваа женава што правела магии,додека на овие другиве не им било ништо.