Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Со мрсотии Џену,и со седење пред PC цел ден и лежење:)
Мој совет не пробувај да се дебелееш затоа што никогаш нема да ослабеш чим напорно тренираш!Ако престанеш со тренинг некое време можеби,али можеби ке се здебелиш!
 
џену, метаболизмот ти фуче. ем тренинзи нонстоп. едноставно е: трошиш повеќе енергија него што примаш. јади 5 пати на ден =) глеј да е суперкалорично, месо бутај и така =)
друго, стварно не ми текнува. едино, да одиш во гладијатори па да ти дадат саплементи за да накачиш маса. http://www.gladijatori.com/
ѕирни и овде www.bodybuilding.com.mk
едит- најдов адреса и бројче
ул. Васил Главинов 3/21, Скопје

02/511-11-46
078/208-012
 
Едно прашање до стручните што се тука....Тренирам боречки вештини....силата ми е добра ама има неколку вишок килограми и така да ни еден мускул не ми се познава....Може ли мојата килажа т.е. сало да го претворам во мускул на некој начин....Да се развијам на килажата моментално што ја имам без хемија природно... И кои вежби би ми ги препорачувате....
 
Ај да ве прашам вас, како постручни за еден совет вака.

Не знам на каков начин да ги накачам килограмите. Висока сум околу 173, имам 60 килограми, но тие што ме виделе знаат дека изгледам како избегана од Аушвиц. Јадам нормално, 3 пати на ден, секаква храна, не сум од анорексичните мои врснички, но никако не можам да се здебелам. Ако не јадам еден ден, килограмите веднаш ми паѓаат. И после секој натпревар слабеам по 4-5 килограми минимум, а за маратон да не правиме муабет.

Со што се дебелеете бе? :)
Ти фалат 3 килограми до идеалната тежина за твојата висина.:helou:
 
Според проценките фалат, ама да ме видиш лично ќе мислиш 20 дека ми фалат :pos:. Не ни личам на пливачка, коски и кожа.
Само некако да се здебелам 5-6 кила, зошто ако качам повеќе, ќе ја изгубам брзината во градниот стил, а за тој стил треба да си што послаб.
Фала ви на сите за советите.
 
Едно прашање до стручните што се тука....Тренирам боречки вештини....силата ми е добра ама има неколку вишок килограми и така да ни еден мускул не ми се познава....Може ли мојата килажа т.е. сало да го претворам во мускул на некој начин....Да се развијам на килажата моментално што ја имам без хемија природно... И кои вежби би ми ги препорачувате....
сало не се претвара во мускул. сало се топи, за да ти се познава мускулот.
сало се топи со кардио вежби и со здрава исхрана. придржувај се и ќе има резултати.
 
Од Јануари планирам да вежбам па би сакал да ми предложите некои стероиди:icon_lol:
 
Немој стероиди, штетат на срцето, и тоа многу. Прочитај некои мои постови и на билдериве 4-5 страни поназад. Гледај што помалку хемија да внесуваш во тебе.
 
Вака сега, јас вежбам веќе четири месеци, и два месеци секој тренинг вежбав за гради на бенч ама сепак слабо напредував. Сега овие два месеца помалку гради вежбам, еднач-двапати неделно и пак исто, до 65кг сум стинат и тоа правам по 4-5 пати, и два месеца неможам да зголемам тежина. Некој предлог ако имате?
 
де кажи ти колку кила си :)
 
Смени ги вежбите за гради ,не е само бенџот за гради има и други вежби побарај на интернет и практикувај ги правилно вежбите и земи си некој добар гејнер (протеинска база) и постепено накачувај ја тежината...
 
Вака сега, јас вежбам веќе четири месеци, и два месеци секој тренинг вежбав за гради на бенч ама сепак слабо напредував. Сега овие два месеца помалку гради вежбам, еднач-двапати неделно и пак исто, до 65кг сум стинат и тоа правам по 4-5 пати, и два месеца неможам да зголемам тежина. Некој предлог ако имате?
значи слушај ваму сега една работа да ти кажам,кога се почнува со вежбање посебно теретана т.е бодибилдинг една работа секогаш нека ти е на ум ,а тоа е дека онаа мускулна партија или регија што ја вежбаш таа мора и да одмори за да имаш ефикасен резултат,а одморот изнесува 72 саати,за да може мускулот да прими и сила и енергија да може да се опорават мускулните влакна и сл. и затоа немаш видлив успех, и втора работа која треба да ја знаеш е тоа дека после одреден период од вежбањето треба да ги смениш вежбите за да мускулот не се навикне на едни исти вежби и тој реагира механички односно џабе вежбаш значи мораш да го шокираш народно кажано
 
де кажи ти колку кила си :)
186-187 и 73кг. Мислам дека треба да качам некое килце, ама пак стомак имам малку и сега ќе почнам почесто варена риба да јадам.
значи слушај ваму сега една работа да ти кажам,кога се почнува со вежбање посебно теретана т.е бодибилдинг една работа секогаш нека ти е на ум ,а тоа е дека онаа мускулна партија или регија што ја вежбаш таа мора и да одмори за да имаш ефикасен резултат,а одморот изнесува 72 саати,за да може мускулот да прими и сила и енергија да може да се опорават мускулните влакна и сл. и затоа немаш видлив успех, и втора работа која треба да ја знаеш е тоа дека после одреден период од вежбањето треба да ги смениш вежбите за да мускулот не се навикне на едни исти вежби и тој реагира механички односно џабе вежбаш значи мораш да го шокираш народно кажано
Фала другар на советите, и јас така планирав, да ги сменам малце вежбите. :helou:
 
може ли некој да ми објасни зошто мртвото дигање и цуцанј е лошо за тинејџери на што влијае?
 
Па ако немаш сила, може и кила да си фатиш... :uvo: или ако не си цврст доволно да ти пукне некој пршлен, да ти си го повредиш рамото со долготрајни болки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom