Па тогаш какво е тоа покачување на брзини, со старите подесувања и синхронизации во модемот?
По некоја логика и јас правно гајле не треба да имам, зошто линијата подржува а тие мене модемот ми го синхронизираат на помала брзина од таа што требе да ја добијам.
Си му ја опцул жената на некој од нивната поддршка? Дека само тогаш може од инает да ти го прават ова и да не ти ја зголемуваат брзината.
Ако не си го направил тоа, тогаш не гледам никаква причина зошто не би ти ја зголемиле, оној на техничка поддршка ништо не го чини да ти ја зголеми, кога кај сите е зголемена. Јас верувам дека повеќе не ти држи линијата, ама ете, најдобро е да се расправаш со нив за тоа.
Јас имам Comfort+ и во различни периоди од денот, различно се синхронизира.
Од околу 17 часот до околу 1 по полноќ - ~7000Kbps download и 768 upload.
Од околу 1 по полноќ до 17 попладне - 10.240Kbps download и 768 upload.
И кај мене не држи секогаш 10, среќа е само што вака е распределена брзината.
Princ bez uklucen reciver downloadot na internetot mi e 8 mbs .So uklucen 1 reciver za televizija internetot e 6mbs.So ukluceni 2 recivera za televizija internetot brzinata za download e 4 mbs.Zborot mi e zs toa e taka
)Vikat oni do 10mbs .Ama dali toa vazi so ukluceni reciveri ili bez ukluceni reciveri. A nema ni 10 mbs.Znaci jas od 8 ipol mega nikad ne sum ni imal povise
Прво, секој ресивер троши по 2Mbps од линијата и со исклучени ресивери се мисли на ДО 10Mbps. Тоа ти е конекцијата, ДО 10Mbps. Ти дали ќе ја користиш цела на гледање на порничи на нет или ќе гледаш А1, А2, Сител, Телма и НашаТВ... тоа си е твоја работа. Значи кабелот има толкав капацитет, ти како ќе си го распоредиш си е твоја работа. Засега е така. Кога ќе стават оптика ќе можат да ги разделат сурфањето со гледањето ТВ. Засега не е можно бидејќи е во прашање бакар + застарени централи.
Второ, не знам каде мериш... Прочитај го ова сепак
Брзината на пристап на ADSL услугата може да зависи од повеќе фактори како што се: брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот, растојанието од ADSL приклучокот до мрежната инфраструктура, бројот на MaxTV канали кои се гледаат/снимаат додека се пристапува на интернет и други фактори.