Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Фармар,Вујачич а посебно Волтон ќе не коштаат титула ако не си ги освестат тоа главите. Леле колку сакам да ги нема другата сезона еј...потпишаја дебели договори оваа година и си мислат договорите ќе играат за нив а не тие. Абе мамата...

Волтон играше во првите пет - не го бива.
Сега игра од клупа - пак не го бива.
Само да не игра - тоа го бива.
 
Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Волтон се виде лани дека не е Лејкерс материјал, не се потресувам многу за него, едвај чекам да си замине.

Непријатно сум изненаден од Саша и Фармар, се ближе плеј оф а они 3 пати полошо од лани играат, наместо да се развиваат они се деградираат, а шо е уште потрагично без нивна подршка од клупата може да сонуваме титула.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Фармар годинава стварно разочарува. Од Саша не ни очекував којзнае колку годинава ама Фармар стварно разочарува. Мора малку да се освести човекот ако сака да освои титула годинава да направи нешто повеќе на утакмициве, ане да влегува во игра колку да не ја преседи цела утакмица на клупа.
 
Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
6-4 во последните 10.

Сега ни треба Бајнам како никогаш, ако сакаме да имаме предност на домашен терен.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.541
Поени од реакции
22.287
Па јас од кога викав да ги трампат(па нема ни кој да ги земе)уште пред почетокот на НБА...
 
Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ајде малку ведри вести :)

Коби денес мораше да се појави на суд на некоја граѓанска должност. Еве како се одвиваше разговорот со судијата :)

Judge: "What do you do for a living?"
Kobe: "I play professional basketball for the Los Angeles Lakers"
Judge: "Go Lakers!"

Екстра судија мора да се признае.
 
100% навивач за Лејкерс.:helou:

Победа на Лејкерс над Голден Стејт...
 
Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Значи според Фил Бајнам ќе биде надвор уште еден месец, на крајот на сезоната :(
Почнал да тренира полесно без негативни последици ама сеуште бил далеку од целосно заздравување, во најдобар случај би се вратил за 2 недели, ама тоа е тешко остварливо.

Искрено, моментално ми е поважно Бајнам да го имаме за завршницата отколку победи во регуларниот дел од сезоната.
 
Сосема се согласувам со тебе .. Лани видовме колку ни беше потребен Бајнам во финалето...
 
Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ама исто видовте колку време му беше потребно да се приспособи на теренот, затоа многу беше важно Бајнам да се врати сега, за да влезе во шемата на Џексон, а сега по овие катастрофални вести, не сум сигурен колку Фил ќе го игра Бајнам. Истата приказна од лани ,не може да поверувам.
 
Тоа е тоа друже едноставно нема среќа...:toe:
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Вечерва се игра едно од (според имињата) најголемите дербиња во историјата на НБА !
Нашите Лејкерси треба да играат против во минатото многу славните Булси кои оваа сезона мака мачат за топ 8 во источната конкуренција - па за нив ова ќе биде многу значаен натпревар!
За нас ,бидејки си го зграпчивме првото место пред плеј офот - ќе претставува убава можност за воигрување на нови тактики и формации :)

Се на се ....очекувам добар натпревар, преостануваат уште околу 10 мин до стартот...а линкови за натпреварот можете на најдете тука !
 
Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Каков натпревар еј! По првото полувреме сакав да си легнам , ама ај си викам да не го оставам тимот кога му е најтешко-губевме со 14 на полувреме.

Во второто полувреме се доближивме до 1 поен разлика, па пак замина со 9 поени. Во последната четвртина Коби се одмара на клупа, Вујачич и Фармар по 2-3 тројки, Одом исто...БАМ си водиме со 13 разлика :) И на крајот 117-109! Издание на клупата како што треба. Пиц-пец!

P.S 25 Март на Алфа TV Л.А.ЛЕЈКЕРС – ОКЛАХОМА 01:00
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.541
Поени од реакции
22.287
Конечно клупата да покаже нешто...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom