Прво, научив да возам на 8 годишна возраст на Zastava 128, мислам на оние чекорите (кумплунг, туража, кочница, брзини)...Никогаш не се осмелував да ја земам сам колата бидејки секој месец ја добивав да направам неколку кругчиња на полигонот за полагање.
Не сум паднал на возењето. Полагав во Ноември 2003 година, од 10 души само 3-ца положивме и тоа сите испопаѓаа или на рачната или на полукружното...ова последното никогаш не го сфатив ама ај.
Изгубив поени на тоа што пред семафор притиснував кумплунг па кочница (а тоа и денес си го правам ми остана навика, бидејки така ме научија моите - тоа било стандард пред 20-тина години, па и самиот инструктор кој сега е веќе пензиониран никогаш не ми рече дека не треба така).
Полагав со Daewoo Tico, во АМСМ. Часовите ги зедов на 17 години, еден месец (не цел) откако направив 18 ја зедов возачката 27.11.2003 година (на 31.10 ми е роденден).