Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување Време на започнување
уште една победа и бостон нема шанса да ни го земе првото место на истокот. Роуз- Џордан 2 дел
 
првото место обезбедено :ojea::bravo::music3::olee::aplauz::pehar:
 
jako, kolku samo ne ocekuvav vakva sezona, mislam ocekuvav podobruvanje, ama dokaj 4/5 mesto, ova e odlicna sezona, samo da prodolzime so isto tempo i vo vtoriot del od sezonata, ako prodolzime vaka, a ne gledam pricina zaso ne bi, finale ne ni bega :):) Bravo
 
Победа и против Њу Јорк на гости со 103:90. Најефикасни Роуз со 26 и Бузер со 22 поени. Моментално Булси го имаат најдобриот скор во лигата заедно со Сан Антонио (61-20). Последниот натпревар од регуларниот дел е против Њу Џерси во среда на домашен терен.

[video]http://www.nba.com/bulls/video/2011/04/12/0412RoseDunkMontagemov-1647027[/video]
 
Абе и Кливленд имаа најдобар скор па пак го кркаа у плејоф. Ви посакувам многу среќа :icon_roll
 
И бабата да имаше петле ќе беше дедо...

Ова што го направи годинава Чикаго е за почит, а продавање бубрези во стилот "и Кливленд беше најдобар па го кркаше" е најдолниот начин на искажување цинизам. За разлика од Бостон и Мајами, Булси ја остварија својата цел, повеќе од загрижени треба да бидат токму овие два "скапи" тимови на Хит и Селтикс. Чикаго покажа најголема константност, а слободно види по нетов како ги престигнаа Бостон на првото место во текот на сезоната (иако беа 4). Точно е дека плеј-офот е сосема друга приказна, но факт е дека според прикажаното до сега Чикаго е најдобриот тим на Истокот.

И јас ви посакувам среќа, а пред се знаење, кое во последно време некако не ви оди...
 
Да бе, најдобар тим е, ама ете во кошарката за разлика од фудбалските првенства постои плејоф, и тоа прво место на Чикаго му носи само предност на домашен терен и се почнува од 0-0, секако дека е голем успех и големо изненадување лани беа осми сега први, ама не сметам дека Мајами, Бостон или Орландо треба да бидат многу загрижени поради тоа што не се на прво место или се поразени од Чикаго во регуларниот дел
 
па во најдобрите времиња на мајами последниве 5-6 години кога играа шек и вејд, мајами беа поразени од чикаго 4-0 кога бен волас се повампири и на секое слободно даваше кош. а то за домашен терен вистина е... ама ние барем на домашен победуваме за разлика од други
 
Победа против Њу Џерси со 97:92. Најефикасен Корвер со 19 поени. По оваа победа и поразот на Сан Антонио од Феникс, Булси го имаат најдобриот скор во лигата и предност на домашен терен против сите екипи со кои ќе играат во плеј-офот.
 
Здрво дечки, ретко пишам на темава ама редовно ве читам

прво да го поздравам No. 1 seed team in NBA :)
Честитики,

Фантастична сезона за целиот тим, сега можеби и преамбициозно ќе звучам ама со оглед на текот на целата сезона комбинирано Бузер и Ноа пропуштија мислам 52 натпревари, па Чикако можеше да има и подобар скор од овој ако беа фит. Добро да не бараме преку лебот погача, ова лично јас пред почетокот на сезонава не го очекував, верував дека има добар тим, ама со тренер-дебитант се надевав само на борба за плејоф место. Ме радува тоа што Тибс, Роуз и компанија последните наптревари ги играа како веќе да играат плејоф, се бореа да крајот во секој меч, неверојтно колку само се фокусирани на играта!

Значи за едно мислам дека ќе се сложите сите, а тоа е дека ако некој сака шампионски прстен ќе мора да го преживее Јунајтед Центар :) а тоа е многу тешка работа, Чикаго речиси и да не може да загуби во својата арена. А тоа ги прави на Булси број 1 фаворити за НБА трофејот :))

I SEE RED, do you? :)
 
Па и не би рекол баш дека може да се каже дека е класичен дебитант, сепак има големо искуство како помошник тренер, башка специјалност му е играта во одбрана.... како и да е не изненади сите, никој не очекуваше ваков скор на Булси.
П.С. Честито нека ни е и првата победа во Плеј-оф. Maлце се помучиа али битно на крај тепаа. :salut:
 
јас пак мислам дека трба да поработиме на одбраната :) да се игра цврсто човек до човек бидејки така не искина индиана на последната :) но сепак ако изиграме добро како последната четвртина немаме гајле
 
Победа и на вториот натпревар против Индијана со 96:90.

Стандардно најефикасен Роуз со 36 поени.
 
3:0 Повторно неизвесен натпревар и повторно Корвер се распуца 4/4. Човекот е Звер а за Роуз нема потреба за коментирање NO.1. Единствено Бузер ме разочара , трупец невиден беше вечерва али да се надеваме дека ке се поправи следниве натпревари.
 
Back
На врв Bottom