Јас поодамна работев во близина на домот за деца 11 Октомври, секој ден ме посетуваа две малечки дечиња од по 4-5 годиники, за рачиња фатени и самите шетаа по улица, секој ден им купував нешто за јадење плус слатки, се случуваше и заедно да појадуваме ќе ги седнев до мене и се смеевме им кажував приказни шеги, и колку што бев во можност го споделував времето со нив, и секогаш плачев кога си одеа, и се прашував зошто ваква тажна судбина, зошто некој си го оставил чедото, зарем толку срцето мајчинско ја предало? Како само можела да се откаже од она што во себе го носела, дишела со него 9 месеци, зарем не и го скрши срцето самиот плач при раѓањето?? И сеуште немам одговор на тие прашања.... тагата е огромна на тие деца, но сепак се трудат да растат правилно и да бидат добри луѓе, во секој случај многу пораскинлива е сликата од домот за доенчиња во Битола, абе какви срценца се се оставени сами на себе и на институтот срце да ти пукне( еве се расплакав...) Колку и да пишуваме малку и малку ќе биде...
Малечко, јас ќе направам попис дома од облеката која им е омалена или не ја носат веќе, па што може да се даде на тие дечиња, само информирајме каде и како да ја доставам истата.