За децата без родители

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Не знаев каде да ја отворам темава и мислев дека тука е најпогодно место.Кога бев вчера во домот за деца без родители прв пат во животот размислив за тоа колку имам среќа што имам семејсто и луѓе кои се грижат за мене.Не знам што ме натера да појдам таму,но кога ги видов тие деца...мали,невини,со тој искрен поглед ме обзема некое чувство што не можам да го опишам.Толку многу сакав некако да им помогнам и решив да ги "земам" децата од најмалата група за да им носам облека,играчки,да ги забавувам,да ги шетам.па дури и да учам со нив.Воглавно,ја отворив темава за да ве замолам ако имате дома облека и играчки што ви останале,а не ви требаат да ги подарите на тие деца...Фала од напред и ако има ваква тема,се извинувам.
 

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
toa sto si odvoila moment za da pomines so niv i da im pokazes deka sepak i tie se vazni nekomu e mn ubavo od tvoja strana.prekrasno..i bravo za tebe.jas dosega nemam odeno vo takov dom posto ziveam vo gv a tuka dosega ne sum ni slusnala deka postoi nesto slicno.no ako mi se ukaze moznost bi dosla vo sk i bi gi posetila vakvite decinja.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Децата без родители...

Хмм...

Според мене најлошото нешто што можи да ви се случи во детството е да немате родители.

За жал некои и ги имаат, но исто како и да ги немаат, тоа е уште пострашно. Лично јас, никогаш нема да си го дозволам моите деца да се почувствуваат отфрлени од мене...
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Mozam da kazam deka edno vreme mnogu cesto go posetuvav Domot za deca bez roditeli vo Skopje. Zboram pred 5-6 godini. Od togas nemam otideno a treba da otidam.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
ПрИтИ_гРл напиша:
Темава не е слична со оваа тука? :(
Не, сосем друга е ...:kiss:

Туку мало, баш ми е криво што не живеам повеќе Скопје за да ти се придружам во твојата активност ... ќе бидеме во контакт, што се може да се помогне и од далечина.

А општо мое мислење на темава ... токму прееска кога си шеткав по кеј со солзи на очи размислував колку си ги сакам мама и тато, колку сум им благодарна за се` што ми пружиле и за тоа што ги имам воопшто.
За тие што оставаат деца, незнам што да кажам. Јас кучиња едвај дадов на други луѓе, а не па да замислам дете да дадам ... нема таква јака причина што ќе ме натера на тоа. Тие се луѓе кои не заслужуваат да имаат деца или па после давањето да имаат најпеколен живот како казна.
За децата, се надевам дека секое од нив ќе си најде топол дом еден ден ...

Ме натажи темава ...
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
и мене ме натажи темава...иако и ме исфрустрира малце,бидејќи покрај неизбежните судбини на децата што ќе останат без родители (зборам подради некоја несреќа), постојат и несовесни и бездушни луѓе кои прават фатални грешки заради кои децата мораат да плаќаат целиот свој живот :(
пред извесно време се шетав со дечкоми, и застанавме кај домот да одмориме и да испушиме по една цигара...за запраивме муабет и стигна едно комбе со дечиња...ваљда се враќале од школо...коа истрчаа од автобусот ми делуваа многу среќни ама потоа ме степа мака...си помислив колку им е различно и колку е тажно што неможат да осетат мајчинска преградка...и не дека нешо се истакнувам,ама често по абер на мајками донираме облека и играчки кои веќе не ги користиме...такада нека биде ова како апел до сите вас да се спрегнете,подсоберете по дома што не користите повеќе и дајте им го на дечињата....сигурно една искрена детска насмевка предизвикува неизмерно задоволство :smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
На тие деца воопшто не им недостига мајчината прегратка,родителската љубов...бидејќи поради нивните несовесни родители тие воопшто не го почувствувале тоа:(,не знаат како е да имаш вистинско семејство.Нивните роднини доаѓаат неколку пати во неколку месеци за децата колку-толку да бидат со поблиските,но тоа не е тоа.Колку само се израдуваа на играчките,а на ручек никој не сакаше да јаде додека јас не седнев до него за да го хранам...многу се мило и многу е тажно што ги затекнала оваа судбина,но барем имаат некој кој се грижи за нив и им пружа максимално внимание и љубов што е можно.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Zalno svarno zalno,ama toa e gospod nekomu mu dava nekomu mu zema
 

VORTEX

Кафански човек
Член од
10 мај 2006
Мислења
673
Поени од реакции
1
Навистина жалосно. Алал да ти е за времето кое го одвојуваш, незнам која е процедурата за земање на еден от тие хуманитарните броеви од мобимак или космофон ако можеме некако да помогнеме, Како не ја отвори темава порано, имав 2 вреќи алишта и на циганката и ги дадов, но сепак ќе се потрудам да сторам се што можам
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не да ме растажи темава... Не знам, толку ми е мило што имам семејство кое ме сака... Благодарна сум им на све што направиле за мене...не ми е јасно како може да има душа некој да остава невино мало суштество на милост или немилост, да го остава само, без никој покрај себе, зарем не се запрашуваат тие луѓе како ќе му биде на тоа дете без мајчината или татковата љубов.. Не би можела да живеам со себеси ако знам дека сум му го скратила на своето дете, највредното нешто во животот - ЉУБОВТА.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Кога бев основно, во времето на нападите во Тетово, Гостивар и слични градови, кога домовите на многу македонци беа срушени, голем број на тетовчани се доселија привремено во Домот за деца без родители што се наоѓа во мојата населба. Почнавме да се дружиме со некои од тетовчаните што дојдоа, и често одевме во Домот каде што привремено живееја... Се запознавме со сите сирачиња таму, кои што не се многу на број, може околу 60тина беа тогаш, на возраст од бебиња до 18 години. Некако ми се смени мислењето за „домците“ кои претходно ги мислев за деликвенти што крадат точаци од дворови (домашно воспитание чуда прави :icon_roll), ама испаднаа сосема нормални и дружељубиви деца, кои знаат да бидат подеднакво љубезни, фини и „нормални“ како и сите останати деца.

Се сеќавам имаше една девојка од Прилеп што само што пристигна во домот- замислете, нејзините родители ја оставиле во дом на 15 годишна возраст! 15 години ја чувале дома, и одеднаш сфатиле дека не можат да се грижат за неа (финансиски, пред се) и ја пратиле во Дом дури во Скопје. Тогаш со уште 2-3 другарки собравме од дома се можно што можеше да се даде, и старо и необлечено:) и и го дадовме, па она после си го подели со другите девојки во Домот. Стануваше збор за неколку вреќи полни со алишта.:)

Година, две подоцна, ја сретнав пак на улица и ми кажа дека е бремена.:(

Стварно тажна судбина имаат, нешто најлошо за психата на едно дете е да порасне без родителска љубов.

Затоа треба да се мисли пред да го направиш и да го фрлиш во дом...
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
lele navistina tazno e! mi se nasolzija ocite... znaes se kako e vo tie domovi no sepak koga ke prictitas vakvo nesto ti doagja tesko na dusata....
ne znam kako moze da ostavi nekoj dete, pa tvoe e deteto, koj treba da se grizi za nego ako ne ti? navistina ne gi razbiram tie "roditeli"... sto zivot ke ima deteto? da porasne vo dom? ke stane od nego covek? ne! na deteto mu treba ljubov, mu treba nekoj sto ke treba da go izvede na vistinskiot pat, nekoj sto se narekuav roditel...
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
E toa mi e nasledna osobina od tatko mi.
Se' sto ima doma, od alista od hrana i slicno, a sto e poveke od dovolno odi za takvi celi. I milo mi e sto ja dobiv taa osobina od nego.

Ama mora da priznaam deka sredbite so tie deca mnogu tesko mi pagaat. Ednas vo bolnicata vo Veles imase bebence koe po raganjeto roditelite sakaa da go ostavat. Se ubiv od placeneje i go naterav tatko mi da odi da razgovara so niv. Na decata im treba zastitnik i kraj, nikogas nema da se otkazam od taa misla. Bidejki sum bez eden roditel znam deka e pekol. A zamisli skorz sam da bides. :(
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Немаме родителска грижа, ама се имаме едни со други!

Со торбите на улица и со 20.000 денари во џеб кога наполнивме 18 години излеговме од домот „11 Октомври“. Можевме ли со толку пари да го поминеме животот, вели 28-годишниот Илија Јовановиќ, претседател на здружението на деца без родители „Иднина“.
По објавувањето на дневникот на Дино Диневски, монструозниот убиец на скопјанката Сандра Китановска, кој целиот живот го поминал по домови и по затвори, со Јовановиќ разговаравме за условите во кои живеат децата-домци.
Во петте дома во државава има околу 800 деца без родители. Триесетина деца-домци во моментов одлежуваат затворски казни поради разни кривични дела, триесетина од Скопје се невработени, а голем дел од нив работи во државни институции и угледни фирми.

...сметам дека самите воспитувачи по домовите работат нестручно, а на децата најмногу им треба советување - вели Јовановиќ
Тој вели дека го знае идентитетот на своите родители, но не сака да ги запознае и со нив да одржува контакт. Се што има, како што вели, вложува во здружението...
Според Законот за згрижување деца од 18 до 26 години, донесен пред две години по барање на здружението, децата без родители откако ќе ги напуштат домовите примаат социјална помош од 50 евра, сместување, факултетско образование и платени сметки.

Еве како размислуваат и што им се случува на децата без родители. Текстот го најдов во весникот Време и е малку постар, односно од 2007 година. Иако сме 2008 мислам дека не се измениле многу работи.
Препуштени сами на себе по навршување на 18 години треба да го напуштат домот и со минимални средства да се снајдат понатаму. Би требало вистински да им се честита на оние деца кои покрај се` успеале да обезбедат покрив над глава, солидно образование и пристоен живот зошто тоа го постигнале САМИ, единствено со меѓусебна подршка!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom