- Член од
- 8 октомври 2009
- Мислења
- 821
- Поени од реакции
- 301
Па нема да го мразам бре. Не можам да мразам некого ако до вчера сум била подготвена животот да го дадам за него. Ако сум го сакала безусловно, сум го почитувала.Ма неее, си ме сватила по грешка. Значи да расчистам нема да ги мразам сите жени туку ќе ја мразам нејзе, нема да им верувам на жените за таа работа и тоа е тоа. Да ми простиш ама нема ништо детско напишано од моја страна, само реалноста е таа. Еве стави се во моја позиција, значи имаш многу шанси за да инзевериш али не го правиш тоа, веруваш дека партнерот ти ја кажува вистината и дека и искрен дека не те изневерува итн итн, и еден ден дознаваш дека сето тоа се големи мрсни лаги од негова страна. Де кажи искрено нема ли да го мразеш него и нема ли да ја игубеш вербата во другите дека нема да лажат и нема да изневерат. Искрено нема ли тоа тебе да те промене???
Пред да ми дојде таа идеа за мразење, ќе се запрашам себеси зошто тој ме изневерил. Дали има нешто што таа има а јас немам. Дали недоволно му посветувам внимание на партнерот. Ретко кој е во сериозна врска, а изневерува од чиста мира.
Но никако нема да ја изгубам довербата во другите. Една ластовичка пролет не прави. Ако сум налетала на една личност што ја искористила мојата доверба и ме изневерила, не значи дека сите после него треба да бидат осудени на пропаст!