Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.422
- Поени од реакции
- 8.545
ова погоре во случај да не го прочитал да го повторамp.p.s . miczobt односноај ако се врати назад во земјата кажи што има ново со товојот круме и состојбата во клубот или ако не на фб барем прашај го што е како е па да ни пренесеш некаква било каква информација :smir:методија
Во недостаток на информации за случавањата со клубот и фудбалерите однсоно со тоа само што ги добија парите од општината по една плата и со тоа што неколку играчи наводно ќе си заминат а за наови нема ни збор па ете сега гледаме и дека казна имало од ффм за неплатени картони ќе го постирам резимето од http://ckembari.mk/
ПОЛУСЕЗОНА - РЕЗИМЕ
Добро дојдовте на првата официјална страна на навивачката група ЧКЕМБАРИ БИТОЛА. Оваа страна има за цел презентирање на активностите на групата како и информирање на самите членови. Од оваа страна ќе бидиете информирани за одлуките на навивачката група и ставовите кон одредени прашања. Додека трае зимската пауза во нашите првенства да дадеме едно мало резиме на изминатата полусезона. Најсветлите изданија во оваа полусезона беа интернационалните натпревари на ракометниот клуб со Адемар Леон и Дуделанж, исто така неможеме да ја заборавиме пеколната атмосвера за прославата на 25 годишнината од постоењето на групата. Прославата започна една недела пред натпреварите со ФК Металург и РК Вардар, најпрво беше одигран ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу ветераните и подмладокот на навивачката група. Беше организирана крводарителска акција во која околу 30 членови ја покажаја својата како и хуманоста на целата група. Наредниот ден беше организирана изложба на досега невидени фотографии од самиот почеток во 1985 па се до денес. Исто така на оваа изложба беше пресечена и торта. Во четвртокот на плоштадот Магнолија беше организирана голема забава на која беа доделени благодарници на лица и фирми за долгогодишната подршка на навивачката група. Главната прослава се разбира беше каде на друго место ако не на спортските терени. На 25 Септември најпрво во дуелот на ФК Пелистер и ФК Металург во 25 та минута беа запалени околу 100тина бакли. Веднаш после фудбалскиот сите се упатија на ракометниот натпревар помеѓу РК Пелистер и РК Вардар каде беше подигната кореографија и беше создадена пеколна атмосвера која за жал ракометарите неуспеаја да ја искористат. Почетокот навестуваше добра сезона каде на подготвителниот турнир во Струга благодарение на нашата поддршка ракометарите успеаја да го освојат првото место. Следеа госрувања во Прилеп, Кавадарци, Скопје каде се навиваше со срце при што и домашните навивачи на моменти остануваа вчудоневидени, и беше истакната парола ,, кале наша рута, а за младост ви треба муда ,, Ракометарите добија скромна поддршка во Луксембург и Шпанија. Иако имавме солидна полу сезона во ракометните натпревари сепак треба да се поправат грешките и да се оди на гостувањата кои ги пропуштивме во Велес и Куманово.
Фудбалскиот клуб Пелистер ја доживува најтешката ситуација од самото формирање до денес. Покрај толку проблеми и најочајната полу сезона во која се наоѓаме на последнто место, ние како група се обидуваме да ги оставиме сите работи на страна и да му пружиме максимална поддршка. Се гостуваше на вечното дерби кое моментално е дерби на дното, со скромна бројка и доста солидна кореографија и парола ,, поим за верност - комити скопје,, во зелено жолта боја која им беше во срцето додека навиваа за РК Кометал додека играше во лигата на шампиони. За одбележување е и одличното гостување во Кичево каде беа запалени 10 тина димни и одлична кореографија. За жал црната есен која го зафати фудбалскиот клуб есклаираше и на трибините поради информациите за продадениот натпревар со нашиот најлут ривал, a подоцна и со ФК Скопје. Останува да се надеваме дека работите полека ќе се средуваат и клубот ќе застане на здрави нозе по цена од вгодина да се натпреварува и во втората лига.