Фудбалерите и тренерот на Пелистер на мета на менаџерите
02 JUNE 2010
Тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски со помуда од грчки менаџери за продолжување на кариерата во Тунис или Катар. Со “чисти“ документи во Пелистер има шест фудбалери, а менаџерите ги “бркаат“ и другите кои се под договор. Претседателот Ванчо Атанасов ќе го има последниот збор кој ќе замине, а кој ќе остане во Пелистер.
Мислењето на добрите познавачи на фудбалот дека кога ќе заврши сезоната почнува работата во фудбалот се потврди овие денови во Пелистер. По добрите игри на фудбалерите во изминатата сезона и постигнатите резултати голем број од нив се мета на фудбалските менаџери на кои фудбалската база за пазарење оваа година им е во Битола.
Според тоа како стојат работите, во Пелистер сега има шестмина слободни фудбалери на кои договорот им е завршен и имаат “чисти“ документи. Дел од нив се пробаа пред почетокот на сезоната во Полска, Чешка, Унгарија и Босна, но не направија ангажмани, па сега сигурно ќе се обидат да заминат на фудбалска печалба. Во таа “слободна“ екипа се: Тони Велјановски, Ристевски, Ганчев, Цветковски, Благојче Љамчевски, а веќе од Пелистер во белградска Црвена Ѕвезда замина голманот Игор Павловиќ.
Благојче Љамчевски се врати во Битола бидејќи не успеа да го фати кусиот преоден рок во Виетнам, па заминувањето го одложи за септември, но не е исклучено негово заминување и порано во друг клуб.
Оние кои се под договор, а ги бараат менаџерите се Марјан Алтипармаковски кој преговараше во белгиски клуб, Александар Велјановски кој го бара француски Ленс, а по прогласувањето на Владица Брдаровски за најдобар играч на македонската турнеја во Јемен и неговата цена сега е поголема.
Тоа значи дека целата екипа на Пелистер е на списокот на менаџерите, а дали претседателот Атанасов ќе го одржи ветувањето дека во наредните 4-5 години од Пелистер нема да замине никој, ќе се знае за брзо време, бидејќи од понеделникот тој е во Битола и работи токму на оваа проблематика.
Покрај фудбалерите мета на менаџерите е и шефот на Стручниот штаб на Пелистер, Науме Љамчевски. Неговите грчки менаџери веќе работат на неговиот нов ангажман во Катар или Тунис. За тоа дали заминува од Битола, тој вели:
-Има преговори со два клуба од Катар и од Тинис, а според она што ми го кажуваат менаџерите поблиску е Тунис. Но, без разлика што ќе сработат менаџерите, мојот ангажман во Пелистер може да се раскине само по преговорите со претседателот Атанасов. Со него ќе разговараме за тоа каков Пелистер посакува за идната сезона и со која цел, а потоа и за се друго. Сега зесега сум во Битола.
Инаку, преодниот рок за фудбалерите во Македонија почнува на 15 јуни, а ќе трае еден месец
spored mene za stranstvo se smremni samo 3 igraci a drugite mozat samo da izbegaat vo nekoj klub od nasata drzava i da se ispustat ( da zaminat primer vo metlurg i da ne igrat kako golmanot nikov posle glvanseki vo skendija pa skoro site sto si zmainaja za sitni pari i vo vtora liga vo grcija blazevski i drugite vo nasata liga presilski dimitrovski bez nivna vina i dr)tuka kaj nas
no spored mene e najvazno da ostane trenerot zosto sum siguren poaren nema da najdime sto ek moze da gi motivira ovie nasi igraci