Пелистер – Работнички 1:0 (1:0)
30 Април 2010
Фудбалерите на Пелистер и по шести пат оваа пролет победија со ист резултат 1:0 и со тоа ја продолжија успешната серија.
Градски стадион под Тумбекафе. Гледачи: 500
Главен судија: Зоран Бошков од Неготино. Помошници: Лазе Чакарески и Ацо Мицески од Струга. Делегат: Борка Тренкоски од Прилеп
Стрелец: Илиев во 20 минута за Пелистер
Жолти картони: Цветковски, Љамчевски кај Пелистер
Пелистер: Павловиќ, Брдаровски, Ганчев, Цветковски, Ристевски (од 66 минута Докниќ ), Т. Велјановски, Стојановски (од 49 минута Симоновски), Брадоњиќ, Љамчевски, Илиев, Алтипармаковски (од 75 минита Петковски)
Работнички: Богатинов, Мишевски, Адем, Митревски, Лопез, Тунески, Тодоровски (од 83 минута Силјановски), Да Силва Карлос (од 77 минта Ангелов), Шинковиќ, Франциско, Аксентиев (од 60 минута Петковски)
Играч на натпреварот: Лазар Илиев од Пелистер
“Пелистерци“ ја имаа големата шанда за брзо водство уште во 5 минута по прекршокот на Адем над Алтипармаковски и досудениот пенал. Но, Богатинов со фантастична парада по ударот на Љамчевски спречи пеналот да се претвори во гол.
Во 20 минута младиот десен бек на Пелистер, Владица Брдаровски влезе во средината, во слалом мина двајца фудбалери во црвено и го лансирасе Илиев сам пред Богатинов. Илиев со прецизна дијагонала го постигна својот прв гол пред битолската публика.
Науме Љамцевски, тренерот на Пелистер по завршувањето на средбата рече:
-Не беше лесно да се игра овој натпревар и да се мотивираат фудбалерите. Работнички и денес потврди дека е незгоден противник и креираше повеќе шанси за гол. Но, ние навреме постигнавме гол и успеавме да ја сочуваме нашата мрежа.
Фудбалерите на Пелистер во среда ги очекува натперварот на годината, а тоа е реваншот од полуфиналето од Купот во Скопје, против Работнички
И по шести пат победа под Тумбекафе со минимални 1:0
30 Април 2010
Интересно е да се каже дека “пелистерци“ на свој терен немаат примено гол уште од 14 декември, минатата година.
Сите шест официјални натпревари оваа пролет под Тумбекафе завршија со минимални 1:0 во корист на Пелистер. Два пати со Работнички (во првенството и Купот), два пати со Победа, со Вардар и со Силекс, пелистерци славеа со ист резултат.
Кога сме кај статистиката треба да се каже и тоа дека екипата на Пелистер на свој терен под Тумбекафе не примила околу 600 минути. Последен кој постигна гол во Битола, била екипата на Силекс на натпреварот во рамките на 17 коло на 14 декември.
Екипата на Пелистер со оваа победа останува цврсто на четвртото место на табелата.
До крајот на оваа фудбалска сезона, во Битола ќе гостува само екипата на тетовскиот прволигаш Тетекс.
Денес на теренот во Битола по 36 дена пауза заигра и капитенот на Пелистер, Николче Петковски, кој беше повреден, а наместо него капитен беше Мајк Цветковски.
Да се надеваме дека и на оваа средба фудбалерите на Пелистер, односно одбраната ќе игра одлично, а оваа пролет ќе можеме да запишеме бо новинарските извештаи дека цела пролет никој не постигна гол во Битола, против Пелистер
За тоа што игравме со првиот тим ќе видиме колку беше во право тренерот на овај меч без никаково значење
За среда скоро се е спремно сега уште зависи од играчите како ќе изиграат дали храбро како што многу пати сезонава или ќе се уплашат важно ние да му ја дадеме сета подршка што можеме за друго да не му ја мислиме има кој да му ја мисли :smir: