110%ЗеленоБел
Слобода за навивачите!
- Член од
- 26 декември 2009
- Мислења
- 638
- Поени од реакции
- 33
По завршувањето на подготовките во Естепона, Шпанија, екипата на Пелистер би можела да се упати на турнир во Бугарија.
Откако ќе го одработат зацртаното во Шпанија, екипата на Пелистер може да продолжи со „европското“ темпо и да учествува на интернационален турнир во Албена, Бугарија. Нашите неофицијални информации говорат дека станува збор за 15-дневен турнир под покровителство на УЕФА, а еден од тимовите со кои битолчани би можеле да се сретнат е ЦСКА од Софија.
За денеска во Естепона закажан е дуелот помеѓу Пелистер и НЕК во 16 часот, а утре најверојатно Пелистер ќе одигра натпревар со шпанскиот нисколигаш Марбела.
Што се однесува до играчите на Пелистер кои не отпатуваа во Шпанија барајќи трансфер во странство - Љамчевски започна да тренира со Дунајска Стреда и веќе утре може да ја има и првата шанса за докажување во пријателскиот натпревар против Хонвед од Будимпешта. Тони Вељановски е на проба во Словачко, заедно со Илија Несторовски од Победа, Николче Клечкароски од Македонија Ѓ. П. и Менде Степановски од Ренова. Кире Ристевски имаше неуспешен обид да се префрли во Бањик Острава бидејќи, како што изјавија официјалните лица од клубот, и покрај неговиот несомнен талент, Ристевски не беше доволно физички подготвен и не ги задоволи нивните критериуми. Неофицијално дознаваме дека Ристевски сега е на проба во друг клуб во Чешка.
Стефан Спировски, кој имаше прилика да ги покажи своите квалитети во Шпанија не само за екипата на Пелистер туку и во дресот на Енерџи Котбус, веќе е во Рошток, на проба во екипата на Ханза. Откако не му беше понуден договор од страна на Енерџи Котбус со образложение дека не им е потребен уште еден играч од средниот ред, Спировски му се виде интересен на спортскиот директор на Ханза, Рене Ридлевиц, па сега битолчанецот може да ги следи стапките на Тони Мицевскии Николче Новески кои минаа дел од своите кариери токму во германскиот тим.
Извор: http://www.time.mk/read/NONE/e3b8320890/index.html