Aj кажете како е можно,сите гостински навивачки групи кои доаѓаат во Прилеп да бидат тепани.
Ова не е прв пат,брутално да се мава по гостинските навивачи-и ланската сезона играа пендраците кога гостувавме во Прилеп-и Комити изедоа многу пендраци есента кога гостуваа-ама она шо се случуваше во неделата беше кулминација на БРУТАЛНОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА!!!
Вакво тепање не памтам јас,а долго време одам на гостувања со Чкембари,имало и порано фрки,ама ова беше ХАОС!!!!
И велите ние сме провоцирале-а зарем обичната публика,нон-стоп не дофрлуваше,пцуеше,фрлаше со шишиња-?а КУЛМИНАЦИЈА беше-шо ЖЕЛКИТЕ дозволуваа низ делот на трибината каде шо бевме сместени да си поминуваат луѓе како на КОРЗО(Најверојатно одеа во wc:baeh
A најголем мангуп,беше еден постар чоек,со шал Победа и си врви спокојно покрај нас-и неколку наши членови се обидоа да му го одземат шалот-ама желките експресно реагираа.
Кај го има ова бе-некој слободно да си се шета среде трибина со гостински навивачи-исто како некој Чкембар да си помини со шал од Пелистер,низ трибината со Мајмуни,Комити................
Од ова поголема провокација нема,и резил е шо се дозволи ваква реакција на полицијата.
Која е логиката бе кажете,па уште се жалите ние сме провоцирале???
Единствено во Прилеп се случуваат вакви ексцеси.
Ова беше смислено однапред,уште на самиот влез на стадионот кога видов цела бригада на специјалци знаев дека нешто се спрема,
На трибини не се скрши ниедно столче,не се фрли ни еден премет на теренот-но сепак не можеше да поминиме без котеќ во Прилеп,како и обично-сите гостински навивачи го кркаат стапот од џандарите.
И како сакаме да има фудбал во Македонија-кога гостинските навивачи секогаш се дежурни виновници за сите глупости кои се случуваат на терените!!!
Затоа ни пропаѓа фудбалот!!!