Фан Клуб: Пелистер

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Pelister изгуби повторно по заслуга на судиите....
главниот судија на видол пенал но после консултцијата со помошникот си рекоја ај пенал нека биди..:nerv::nerv:
Хари значи не растури ни еба мамицата и доправа ке ни еби ке видите...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ВО ТЕЖОК МЕЧ РЕНОВА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ГО СОВЛАДА ПЕЛИСТЕР
Триумф со сомнителен пенал!!!
* Исмаили фаулиран надвор од казнениот простор, Кипријановски покажува едно, но по сугестијата на Хајдари досуди најстрога казна
РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР 1:0 (1:0)

РЕНОВА:

Ковачевиќ 2,5

Мемеди 2,5

Реџепи 2,5

Емини 2,5

Исени 2

(37' Исмаили 3)

Нухиу 2,5

Беќири 2,5

(75' Љиворека /)

Стојанов 2

Савевски 2,5

(56' Ѓурчевски 2,5)

Игњатовски 2

Трајчов 2

ПЕЛИСТЕР:

2,5 Пашовски

2,5 Јованов

(/ Ивановски 85')

2 Димов

2 Мицевски

(2.5 Главевски 56')

3 Петковски

2,5 Елмазовски

2 Пресилски

2 Степановски

2,5 Рутевски

2,5 Блажевски

3 Жуниор
од записникот:

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 2.000. Главен судија: Владимир Кипријановски. Помошници: Џенан Хајдари и Зоран Бојанинов (сите од Скопје). Делегат: Бранислав Јанушев (Скопје)

Стрелец: Беќири (п) 40' (Р).

Ж. Картони: Мемеди, Реџепи, Стојанов, Трајчов (Р) - Димов, Петковски (П).

Играч на натпреварот: Исмаил Исмаили.
Во тежок натпревар Ренова на домашен терен успеа минимално со 1:0 да ја победи екипата на Пелистер. Во натпревар каде победата беше императив за двете екипи домаќините имаа повеќе шанси за гол. Гостите од Битола натпреварот го почна претпазливо. Тетовци ја искористија теренската надмоќност и во првото полувреме целосно ја имаа играта под своја контрола. На повлечената и претпазлива игра на "пелистерци" која се базираше на брзи контри за да се изненади домашниот тим Ренова во првите 30 минути одговори со офанзивен фудбал, што резултираше со неколку полу шанси, но без сериозна закана кон голот на Пашовски. Како одминуваше времето Пелистер се ослободи од притисокот и преку Жуниор и Јованов го загрозуваа голот на Ренова.

Сепак, нафрлените топки од десно немаше кој да ги смести во мрежата на Ковачевиќ. Пресвртот во играта дојде по повредата на Исени, кој доби расеченица на главата, а Костов прави вистински потег внесувајќи го во игра Исмаил Исмаили. Тоа е фудбалерот кој внесе живост на мечот и немир во одбраната на Пелистер. Врз него беше направен оној сомнителен пенал по кој домашните погодија за победа. Исмаили паѓа надвор од казнениот простор, а Кипријановски покажа слободен удар. Но нешто чудно се случи. Помошникот Хајдари го повика главниот арбитар сугерирајќи му да покаже на белата точка сметајќи дека прекршокот е внатре во 16-те метри. Тоа Кипријановски го стори, покажа пенал, а следеше реакција на гостите. Попуста затоа што судиската беше последна.

По паузата Пелистер стави с$ на една карта со цел да дојде до израмнувачки погодок. Најмногу во шанса беше Жуниор еднаш беше и соборен од Ковачевиќ во казнениот простор, но пенал немаше. Целата игра на Пелистер се одвиваше преку десната страна и Јованов, кој се "утепа" од центрирање, но попусто кога немаше реализација. Младиот Ивановски можеше да биде спасител на својот тим во Тетово, но од поволна позиција во последните моменти не го погоди голот од само 5-6 метри.
Ренова со сомнителен пенал стигна до трите бода. Моментот кога беше покажана настрога казна потсетува на оној против Цементарница. Исто Исмаили падна надвор од шеснаесетникот и беше покажано на белата точка. Ренова, пак, има проблеми со играта, но стигна до трите бода. Пелистер во добро издание се покажа во Тетово, но недоволно да стигне до трите бода. Повторно гостите "пукаат" по судиите исто како и на мечот со Победа минатата недела.

И. Цветаноски
СТАТИСТИКА:

РЕНОВА ПЕЛИСТЕР

4 корнери 6

8/6 удари/во 8/4

19 прекршоци 15

2 офсајди 1

4 ж. картони 2

1/1 пенали /
Минута по минута...

16' - Обид на Беќири од 20 метри, непрецизно, топката минува крај голот

21' - По изведениот корнер Беќири со глава ја смести топката во мрежа, но голот не важи поради фаул

26' - Центаршут од десната страна на Елмазовски, но Жуниор не беше на вистинското место и немаше шанса за гол

27' - Генц Исеини се повреди по воздушен дуел со голманот на гостите Пашовски по што беше префрлен во болница со лесна расеченица на главата

32' - Удар на Емини од 25 метри, Пашовски со крајни напори успеа да ја исфрли топката во корнер

38' - Беќири шутираше непрецизно кон голот на Пелистер со лизгачки старт од 5 метри

1:0 40' - Досуден е пенал за Ренова по фаулот врз Исмаили, а по интервенција на помошниот судија Хајдари иако главниот Стојановски се мислеше дали да покаже најстрога казна или да го извади фаулот надвор. Беќири стрела прецизно од белата точка

48' - Топката завршува покрај голот на Пелистер по ударот на Беќири од 20-тина метри

50' - Брза контра на Пелистер, Јованов од десно нафрла кон Жуниор, кој не се снајде најдобро пред голот на Ренова и не ја зафати топката

66' - Ударот на Беќири е изблокиран па така немаше промена на резултатот

77' - Главевски шутира силно од 15 метри, но Ковачевиќ е на место и брани

80' - Рутевски шутира од слободен удар, но неговиот удар заврши непрецизно

87' - Нововлезениот Ивановски ја утна најдобрата шанса за израмнување по ударот со глава откако Блажевски изведе корнер. Младиот Ивановски сам на 5 метри шутираше само покрај голот
Исени заврши во болница!!!

При еден дуел со Пашовски во 27. минута домашниот голгетер Генц Исени итно беше префрлен во болница. Напаѓачот доби расекотина на главата, но не е ништо сериозно. Ќе мирува само неколку дена, а потоа ќе се врати на зелените терени. Сепак, неговата повреда се покажа како клучен момент затоа што на негово место влезе Исмаили, кој беше најзаслужен за победата откако го изнуди оној пенал за 1:0.
Имаше ли пенал!?

Повторно проблем со пеналите кога игра Ренова. Овој пат Владимир Кипријановски. Покажа на белата точка иако прво досуди само фаул за домашните. Сепак, сугестијата од страна на помошникот Хајдари даде плод. А не покажа најстрога казна кога Ковачевиќ го "собра" Жуниор во казнениот простор.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

ВЛАТКО КОСТОВ:


"Благодарност до публиката која н$ поддржуваше сите овие 90 минути. Моите играчи имаа огромна желба. Знаете кога треба да се победи секогаш е тешко. Ова беше уште еден товар врз играчите ако се знае дека настапивме без два стандардни играчи, Станковиќ и Стојанов. Фудбалерите собраа сили да ја издвојуваат оваа победа, најтешка откако сум на клупата на ренова. Ова беше еден фер и коректен меч, Ренова покажа дека знае да игра фудбал", изјави Костов.
НЕЏАТ ХУСЕИН:

"Во првото полувреме игравме претпазливо. Примивме гол од пенал кој мислам дека беше неправедно досуден. Второт полувреме играта беше во наши нозе, имавме повеќе шанси за постигнување гол. Во една позиција имаше недосуден пенал врз Жуниор. Мислам дека овој судија Кипријановски ја брка публиката од терените бидејќи вакво судење не е долично за македонскиот фудбал бидејќи Ренова е квалитетен тим и не му треба ова", рече гостинскиот кормилар.
НОВА СУДИСКА РЕЖИЈА ПРОТИВ БИТОЛЧАНИ

Мицевски: Ова е циркус!!!


"Да имаше нормално судење ние немаше да загубиме во Тетово", коментира Тони Мицевски, директорот на Пелистер, по вчерашниот пораз од Ренова.

"Смешен пенал за домашните. Главниот арбитар покажа слободен удар на 18 метри, а помошникот Хајдари ги вмеша прстите по што беше досуден смешен пенал за Ренова. Овие судиски одлуки против Пелистер немаат крај. Не сакаме повеќе да се нервираме. А пред средбата побаравме барем 60%-40% судење за домашните, но и тоа не го добивме. Заслуживме барем бод, а во вториот дел имаше чист пенал врз Жуниор кој не беше досуден. Сега веќе знаеме дека има заговор против Пелистер. Ако на сите тие на кои им сметаме им порачуваме дека во иднина Пелистер нема да им создава проблеми. Тие нека играат фудбал", додава Мицевски.
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Абе да го ебам и сојузот а и сите продадени души таму .... дур има вакви работи квалитетен фудбал нема да видиме .....

безразлика и да се трудиш , некој ке ти го посери за инает
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР РАЗОЧАРАНИ ОД СУДЕЊЕТО ВО ТЕТОВО
Игравме против 14-мина
*"Не е првпат судиите да н$ уништуваат. Навистина не знам зошто, и кој го прави ова, дали клубовите или ФФМ", вели Илир Елмазовски
Фудбалерите на Пелистер се најразочарани во таборот на овој тим од судењето во Тетово. Тие се оние кои играат и оние кои се борат на зелениот терен да го надиграат противникот и да дојдат до победата. Фудбалерите на Пелистер велат дека желбата за играње и натпреварување кај нив с$ повеќе паѓа бидејќи немаат сили да играат против сите.

"Ова не е првпат да н$ уништуваат судиите. Се случи Победа и тоа во Битола кога бевме оштетени, но ете се обидовме да го заборавиме тоа и да одиграме уште еден тежок натпревар. Но и во Тетово иста 'песна'. Навистина не ми е јасно кој и зошто го прави ова и го уништува Пелистер. Не знам дали зад ова стојат клубовите или ФФМ. Ова е срамота и треба да се стави крај на ваквите однесувања на судиите бидејќи ќе ја избркаме и така малубројната публика што ја имаме", вели еден од најискусните фудбалери на Пелистер, Илир Елмазовски.
Од таборот на битолчани реагираат за спорната ситуација во 40. минута кога Беќири погоди од пенал и воедно го реши победникот. Во таа минута Исмаили беше фаулиран, главниот судија Кипријановски досуди слободен удар, но по реакцијата на помошникот Џенан Хајдари беше досуден пенал.

"Кипријановски беше блиску и не е можно да не видел што се случува за да ја смени одлуката. Навистина смешно и жалосно. Од друга страна имаше чист пенал за нас кога голманот го сруши Жуниор во шеснаесетникот, но ете не ни беше досуден. И сега што треба да мислиме ние", се прашува Елмазовски.

И покрај ваквите оштетувања од страна на судиите, Елмазовски вели дека тие ќе играат, но додава дека на управата останува да се реши овој проблем заедно со ФФМ.

Е.Р.
Бодовите отидоа, нема "фајде" од жалба

На прашањето дали ќе има жалба за судењето на овој меч до ФФМ, Елмазовски вели дека тоа е работа на управата, но додава дека големо "фајде" од сето тоа нема да има бидејќи бодовите отидоа.

"Тоа треба да одлучи управата на тимот, но што имаме корист од тоа? Така беше и со Победа. Нам никој нема да ни ги врати бодовите од овие натпревари", вели Елмазовски.
Судиите се докажуваат во Битола

"Сигурен сум дека најдобриот пречек за судиите, но и за гостите е тука, во Битола. И сега вака ни враќаат арбитрите. Можеби и ние треба да почнеме како на останатите терени да ги напаѓаме и да им се закануваме на судиите за да н$ почитуваат и да судат барем реално", вели фудбалерот на Пелистер.
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
10.10.2007 Sreda Gradski stadion vo Skopje Vardar-Pelister.

Ke dojdete li vo Skopje??????????????
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР СО ГЛАВОБОЛКА ОД СЕРИЈАТА "КРАЖБИ" КОН НЕГОВИОТ КЛУБ
Жуниор: Какви се овие судии!?
*"Зошто вака му судат на Пелистер!? Ова го немам видено!!!", се прашува најдобриот фудбалер во изминатиот месец
Во Битола голем револт по серијата неуспеси на Пелистер кои стигнаа по вина на судиските грешки. Битолчани упорно реагираат, а "стручњаците" во ФФМ упорно кажуваат дека арбитражата на спорните средби и на спорните моменти била добра. Пелистер е веќе далеку од врвот па затоа "зелените" се надеваат дека со тоа ќе престане и хајката против нивната екипа. Од канцеларијата на битолчани и информација дека се подготвува видеоматеријал со кој пошириката фудбалска јавност ќе ги види сите судиски грешки со кои на Пелистер му беа одземени од 4 до 6 бодови.

И покрај сите судиски лакрдии и ред други работи со кои му се наштети на Пелистер, оваа екипа има нешто што го немаат другите. Станува збор за извонредниот Бразилец Мачадо Жуниор. Можеби најдобриот странец што играл во Македонија и фудбалер кој ја "запали" Битола и стана голем миленик на навивачите од овој град. Во своето прво интервју за македонските медиуми Жуниор нагласува:
"Ова не сум го видел досега. Какви се овие судии кои прават такви срамни греши со кои на мојот клуб му е направена голема штета? Сум играл во родниот Бразил па во Бугарија, но вакво нешто има само тука. Ова е срамно и катастрофално".

Жуниор во досегашниот тек од шапионатот се покажа како убиец на противничките одбрани и фудбалер за кого нема противодбрана. Тој е среќен што игра во клуб како Пелистер:

"Битола!!! Убаво ми е тука и со гордост го носам дресот на Пелистер. Ме боли главата со денови кога судиите ќе ни одземат победа или ќе ни пресудат да загубиме. Ние сме добра екипа и нашето место е меѓу водечките 3 екипи на табелата. Ги знам речиси сите екипи и затоа можам да дадам ваков коментар. Од моите соиграчи, управата, но и од навивачите разбрав дека Пелистер има добар рејтинг во земјава и ако е така зошто некои луѓе се обидуваат да н$ спречат во обидот да направиме нешто повеќе. Со вакво лошо судење фудбалот во Македонија нема да оди напред. А има тука квалитет, но освен во Битола на другите места не видов публика. Можеби навивачите не сакаат да гледаат фудбал во кој судиите се главни", додава Жуниор, фудбалерот кој во моментов е речиси 50% од квалитетот на Пелистер, тим кој имаше одличен старт, но по серијата судиски греши тимот од "Тумбе кафе" сега доцни дури 8 поени зад лидерот Работнички К.

И. Д. Ивановски
Пелистер добива нов Бразилец

Нов "Жуниор" во Битола. Такви се коментарите од Пелистер кој добива нова помош од бугарскиот тим Литекс. Новиот Бразилец не може веднаш да игра за "зелените" затоа што не може да биде регистриран па така ќе се чека зимскиот преоден рок.

"Добиваме нов фудбалер од Литекс. Ни најавија дека е подобар од Жуниор и дека игра на средината од теренот. Ако е така ќе добиеме големо засилување, но во последните недели постојано се прашуваме дали вреди да се прави добра екипа и да се носат добри фудбалери кога постојано сме жртви на судиските грешки. Има и други можни квалитетни засилувања но тука кај нас можеби треба да купиме некој судија од надвор", коментира Тони Мицевски, директорот на Пелистер, за можното ново засилување на екипата. Битолчани с$ уште не го обелоденуваат името на фудбалерот.
Од Ренова беа кај судиите!!!

По реакцијата на Пелистер од Ренова со контраудар дека во Тетово се било чисто и дека битолчани залудно реагираат. На ваквата најава експресно со нов контраудар од Пелистер. Битолчани им порачуваат на луѓето од Ренова да научат основни судиски правила. На дуелот во Тетово не е спопрен само пеналот со кој Ренова победаи. Има пенал врз Жуниор кој не е санкциониран и калкулантска арбитража со која Пелистер не можел да стигне барем до бод. Но има и дуруг момент:

"Од Ренова нека кажат зошто нивни луѓе беа во просториите на судиите пред средбата но и за време на полувремето. Тоа не се снима но според правилата тие немаат право да бидат во тие простории. Можеби тогаш ги учеа арбитрите како треба да си ја завршат работата", коментираат од Пелистер.
ФОТО СТОРИЈА

Фатете го Жуниор!!!




















 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Така ти е Џо секогаш пелистер се бори против сите и против клубови и против судии. Ова е чист пример колку се сите свртени против битола. Ама ќе издржиме и ќе победиме на крај. Осеќам титула во блиска иднина.
 

Никола_МКД

Corazón blanco
Член од
18 март 2007
Мислења
1.213
Поени од реакции
22
Во своето прво интервју за македонските медиуми Жуниор нагласува:
"Ова не сум го видел досега. Какви се овие судии кои прават такви срамни греши со кои на мојот клуб му е направена голема штета? Сум играл во родниот Бразил па во Бугарија, но вакво нешто има само тука. Ова е срамно и катастрофално".
ovaj duri sega dozna za ova
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
2:1 со цементарница. Очекувано. Можи требаше и со појќе разлика да тепаме ама ајде победа е победа.

Следен меч со Вардар на 10.10 на гости
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Сега се вратив од стадион требаше да тепаме најмалку 5-6 разлика шанси еден куп....ама Момировски многу промаши..
За со Вардар четврток е..ке има гостување 5 автобуси а можно е и појке ама 5 сигурни се..се тргнува од 2 и пол а натпреваро почнува од 7 мислам...поздраф
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ahmmmm...da pocnam....
znaci kako so bese najaveno 5 avtobusi = 4 avtobusi ili 2 kombina=300 i kusur ckembari..tesko se fakase mesto vo avtobusite za da vlezis turkanici i se takvi raboti no za sreka jas si fativ sediste
no na vrakanje cel pat na noze se vrakav
ali jebiga...
po pat peevme pesni i na momenti ne se izdrzuvase vo avtobusot...imase peenje mnogu po dzandarite oti ne zastanvaja da se izmocame pa nekoi i vo sise mocaja,i na prvoto zastanuvanje i seapalija nekolku bakli...posle na i posle na vlezot na skopje mu karevme na sekoj i ja peevme da dade gospod...i koga se istovarivme na stadion na patot do istocna i togas se zapalija negde okolu 5-6 bakli..i na vlezot imase pretresi po dvapati sekoj pa se izgubi nekoja minuta....od koga vlegov mi kazaja dvajca ne pustile zosto mu fatile bakla a na drugiot petardi...ama posle gi pustile....na tribinite bev prilicno iznenaden od komiti vo negativna smlisla koi bea rezil zaedno so juzna...rezil zatoa sto poveketo od lugeto bea deca....sankurina..a za goreografijata arna vi bese zamislena ama ne dobro ostvarena samo znameto so anti pelister ubo go naprajvte....i moram da vi zabelezam deka terbase da bidite vo pogolem broj....malku se 600 nivivaci za edno derbi no znam deka tolku vi se moznostite i nemora da mi se pravdate od tipot ne ste ni predizvik.
...od nasa strana navivnjeto bese solidno ama znaete sekogas mozi podobro no vo globala dobro bese....moram da mu zabelezam na A.C.A.B. toa sto ne ni pustija 4 znaminja na stap neznam zosto no izgleda deka bile na stap.....bulshit..za baklite mnogu ni fatija i po pat mnogu zapalivme a na tribinite negde 7 bakli bea....i 20 pedardi motnavme i gi frlavme vrz demek security zad golot koi bea zadolzeni za fakanje na topki nesto gi isproviciravme i tie vratija i posle baklite i petardite na niv i tie neznaea kaj da se obratat
.posle od juzna nekoi pederi pocnaja da provocirat neso i imase moznost da nastani incident no nie mokazavme madinja i mu pojdovme skoro do kaj niv od istocna i tamu imase 5 specijalci koi bea preplaseni(vo zivoto neam tolku preplasen videno coek) koj eden od niv se fati za pistol i rece begajte i pocna da piska
i togas vo tie momenti zavrsi natprevarot i nie trgnavme za nakaj doma...A za igrata Pelister si ja peat starata pesna....i vardar isto..vardar imase edna ili dve sansi i dade gol a peliter 5-6 100% sansi i ne gi realizira...ali jebiga Bitola ke gi tepame..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom