СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР НА ПЕЛИСТЕР, МИТКО СТОЈКОВСКИ, КАТЕГОРИЧЕН
Милано најсериозна пречка
* Ќе мора добро да играме и против квалитетни екипи без разлика дали играме во Битола или на гости, вели директорот на "пелистерци", Митко Стојковски
Убедливата победа над екипата на Шкендија е победа која не треба фудбалерите да ги дигне на нозе, туку само да им внесе самодоверба во нив, дека оваа екипа на Пелистер има сила и за нешто повеќе, вели спортскиот директор на Пелистер, Митко Стојковски.
За очекувањата од наредното коло против екипата на Милано во Куманово Стојковски вели:
"Како што претходно реков, се надевам дека по добрата игра во неделата имаме поголема самодоверба кај фудбалерите. Сите се во добра форма, а како што гледам за место во тимот ќе се бори и Игор Момировски. Деновиве сме сите на стадион по цел ден и работиме на тоа фудбалерите да се подготват за едно тешко гостување. Ние ако сакаме да направиме нешто повеќе оваа сезона, ќе мора добро да играме и против квалитетни екипи, без разлика дали играме во Битола или на гости. Оваа средба в сабота ќе биде првото огнено крштевање на оваа екипа. Н$ очекува тежок натпревар, а фудбалерите тоа го знаат и се подготвени за екипата на Милано.
Директорот Стојковски најавува дека Пелистер ќе води главна улога за висок пласман во оваа сезона.
"За разлика од проблемите кои ги имавме ние како управа во подготвителниот период, фудбалерите и стручниот штаб работеа во одлична атмосфера и на располагање имаа с$ што им требаше за одлични подготовки. Подготовките во Битола и Бугарија минаа одлично, а тоа е добра база за понатамошни успеси. Пелистер моментно е поквалитетна екипа од трите екипи против кои игравме. Ако искористевме некоја од шансите во Кичево, ќе бевме единствена екипа со стопроцентен ефект во Првата лига. Но, како што реков, вистинските предизвици за оваа екипа допрва следуваат, а првото е в сабота во Куманово. Во редовите на Пелистер сега имаме искусни фудбалери кои одиграле голем број дерби средби и значајни натпревари. Но, само со себе тоа не е доволно да постигне добар резултат. Фудбалерите кои го носат дресот на Пелистер оваа сезона тоа добро го знаат, а в сабота можат нивното искуство и знаење да го покажат на самото место, но не преку стара слава туку со работа, трчање, мудрост и рационално користење на создадените шанси за поентирање 90 минути", истакна Стојковски.
С. Ристевски
Дисциплината на "пеглање"
Во првото коло "пелистерци" заработија три црвени картони, а имаше картони и во Кичево. Во неделата "пожолтеа" двајца.
"Од првото коло и во изминатите три седмици континуирано работиме на тоа да се подобри дисциплината на фудбалерите, а мислам дека сме на добар пат дисциплината да ја подигнеме на повисоко ниво, без разлика кој и како ќе ни суди", категоричен е Стојковски.