ejjj ovie od Skendija nesto se bunat da mu ebam mamata
ТЕТОВЦИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СЕТО ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО БИТОЛА
Шкендија обвинува за РАСИЗАМ!!!
Не беше с$ така бело во Битола на мечот во кој гостуваше тетовска Шкендија. Тетовци се разочарани од битолската публика која, како што велат, во текот на целиот меч расистички се однесувала кон нивните тројца фудбалери од Сенегал, Биране Фал, Папа Соуф и Мохамеду Мустафа.
"Имаше навредувања од секаков тип и од националистички и од расистички карактер. Ајде тоа за национализмот можам да го разберам бидејќи на сите терени го има тоа, ама тоа за расизмот не можам да го разберам. Неколкупати судијата го прекинуваше мечот со цел да ги расчисти сите тие случувања, но немаше спас. Во соблекувалната тројцата наши Сенегалци не сакаа да излезат на терен, ама едвај некако ги убедивме и тие го продолжија мечот", истакна секретарот на Шкендија, Хасан Тахири.
"Се надевам дека одговорните луѓе на ФФМ ќе ја гледаат снимката и ќе видат што се случувало и нека преземат мерки. Убаво би било кога ние би биле последната екипа која ќе помине низ вакво нешто, односно низ расизмот што го имавме во Битола", рече Тахири.
izvor sport.com.mk