Од понеделник на патеката?
Италијанскиот тим во Формула 1, Ферари објави дека Фелипе Маса би можел уште од понеделник да седне во болидот Ф2007. Тоа ќе се случи доколку во петок го мине лекарскиот преглед пред комисијата на Светската федерација на автоспорт (ФИА) во Париз, што во италијанскиот тим го сметаат за формалност.
"На почетокот на следната седмица можно е веќе од понеделник, Фелипе конечно да се врати на патеката во вистински болид", објавија од Маранело.
Исто така е потврдено дека 28-годишниот Бразилец на трката во Интерлагос на 18 октомври по 71 круг ќе застане на целната рамнина и со црно-белото знаме ќе им сигнализира на возачите за крај на трката. Тоа го предложи шефот на натпреварувањето во формула 1, Берни Еклстон, а беше одобрено од шефот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.