Календар - денес се слави

  • Креатор на темата Креатор на темата Чаир
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Собор на Светите славни и сефални апостоли


Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:
Петар - 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

Блажениот принц Петар


По потекло Татарин, син на татарскиот цар Беркај. Словото за спасението го слушна од ростовскиот епископ Кирил и му се прилепи за срцето. Кога го виде чудесното исцелување на Беркаевиот син со помош на молитвата на истиот епископ Кирил, тајно ја остави Златната Орда и побегна во Ростов. Тука се крсти и сиот се предаде на подвиг и изучување на благочестивата вера. Еднаш ноќеваше на езерски брег, а во сон му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му наредија на тоа место да изгради црква ним посветена. За ова потребните пари ги доби од нив. Петар навистина изгради овде прекрасен храм во којшто и самиот на старост, по смртта на својата сопруга, се замонаши. Мирно се упокои во длабока старост, на 29 јуни 1290 година, а неговата црква стана и остана манастир, по него наречен Петровски.

Преподобен Георгиј Иверски

Роден во Иверија (Грузија) 1014 година, како роднина на грузиските цареви. Се здоби со солидно класично образование во детството, но срцето го влечеше кон духовниот живот. Се подвизуваше кај прочуениот духовник Георгиј во гората Црна. Побегна на Света Гора и продолжи со подвигот во манастирот Ивер. Стана Иверски игумен. Со помош на царот Константин Мономах го обнови Иверскиот манастир и ја покри црквата со олово. Тој оловен покрив стои до денес. На грузиски јазик ги преведе Светото Писмо, Прологот и богослужбените книги. Царот Баграт го повика во Грузија да го учи народот. Во својата татковина беше дочекан царски. Одеше насекаде и го поучуваше клирот и народот. На старост посака да умре на Света Гора, каде што и тргна, но смртта го затекна во Цариград, 1067 година. Моштите му ги пренесоа во Ивер. Иако умре на 24 мај, Иверците го празнуваат неговиот спомен на 30 јуни и го сметаат за рамноапостолен.

Светите маченици Козма и Дамјан

Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог. „Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на сѐ, а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар - бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака - царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

Преподобниот патрициј Петар

Овој светител беше цариградски благородник и војвода во времето на царот Никифор. Во една од војните со Бугарите царот Никифор беше убиен, а Петар со педесетмина грчки војводи и кнезови беше заробен и фрлен во затвор. Од затворот чудесно го ослободи Свети Јован Богослов. Тогаш тој ја презре целата светска слава, си ги остави жената и синот и се оддалечи на гората Олимп, каде што како монах и ученик на Свети Јоаникиј Велики се подвизуваше триесет и четири години. После смртта на жена му и на син му, се насели во Цариград, каде што во пост и во молитва помина уште осум години и се упокои во Господа во 865 година, во седумдесет и седмата година од неговиот живот.

Светиот маченик Потит


Тринаесетгодишно момче родум од Сардинија. Претрпе многу маки за Христа и од татко му и од гонителите на христијанството. Убиен е со меч во времето на царот Антонин (138 г. – 161 г.). Претходно ја исцели и ја крсти царевата ќерка Агнија.

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица
во Влахернската црква во Цариград


Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.



Свети Јувеналиј, патријарх Цариградски


Современик на големите светилки на Црквата Христова: Ефтимиј, Теодосиј, Герасим, Симеон Столпник и др. Учествуваше на два Вселенски Собори: на Третиот во Ефес и на Четвртиот во Халкидон и со голема сила и ревност се бореше против богохулните ереси: во Ефес против Несториј којшто Ја нарекуваше Богородица Христородица и во Халкидон против Евтихиј и Диоскор, коишто учеа дека Христос имаше само една природа, т.е. Божествената, без човечката. После победата на Православието на овие два Собори, Јувеналиј се врати на својот престол во Ерусалим. Но иако ересите беа осудени, еретиците не беа истребени. Од сплетките и насилството на некој Теодосиј, пријател на Диоскор, Јувеналиј беше протеран од престолот и Теодосиј самочино се воздигна себеси на неговото место. Овој еретик Теодосиј во прво време го помагаше и царицата Евдокија, вдовицата на царот Теодосиј Помалдиот, којашто се имаше населено во Ерусалим. Колеблива и брзоплета, Евдокија најпосле отиде кај Свети Симеон Столпник да го праша каде е вистината. Божјиот светител ги разобличи сите еретички учења и ја упати царицата да се држи за православното учење како што е утврдено на Соборите. Царицата го послуша, се покаја и самата се озлоби против лажниот патријарх Теодосиј. Тогаш во Цариград владееја Маркијан и Пулхерија. Царот му испрати писмо на војводата Атанасиј да го протера Теодосиј и на престолот да го врати Јувеналиј, како што набрзо беше и направено. Јувеналиј управуваше со ерусалимската Црква триесет и осум години како поглавар и во длабока старост се престави кај Господ за да ја прими од Него наградата за пребројните маки и неволји што ги претрпе за вистината. Во времето на Свети Јувеналиј беше утврдено празнувањето на Божик на 25 декември.
 
Светите маченици Прокл и Илариј



Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“ Кога го мачеа Прокл, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.



Преподобен Михаил Малеин



Човек од благороден и богат род. Во младоста ги презре земните богатства и се повлече на гората Малеа, кај Света Гора, кај што се подвизуваше и си го очистуваше срцето со пост и со молитва. Подоцна имаше многубројни ученици, од коишто најпрочуен е Св. Атанасиј Атонски. Се упокои мирно околу 940 година.



Светата маченичка Голиндуха



Персијанка, најпрво во брак со еден персиски волх, со кого живееше три години. Потоа имаше видение од ангел којшто ѝ го покажа оној свет: маките на грешниците и неверниците и радоста на праведниците. По ова таа го напушти мажот и се крсти. На крштението го доби името Марија. Гонета од мажот ѝ, беше осудена на доживотен затвор. Во затворот помина осумнаесет години и не се поколеба во верата. Потоа беше фрлена во некоја јама, но Бог ја спаси, а ја фрлија и пред некоја страшна змија, но змијата не ја повреди. Кога ѝ испратија некои злосторни момчиња за да ја осквернат, Бог ја направи невидлива за нивните очи. Восхитени од нејзините страдања мнозина Персијанци ја примија верата Христова. Го посети Ерусалим, каде што ја изобличи верата Севирова, којашто учеше дека Божеството во Христа пострадало, заради што читаа: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети бесмртни, Кој Си распнат за нас, помилуј нѐ!“ Најпосле проповедајќи ја вистинската вера мирно се упокои близу градот Нисивија, во 587 година.



Света Вероника



Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.



Светите маченици Теодор и Јован



Татко и син, по потекло Варјази кои беа крстени, па се доселија да живеат во незнабожниот град Киев. Разјарени незанбожци им ја урнаа куќата врз нив, па обајцата загинаа за Христа. Нивните мошти почиваат во Антониевите пештери. Ним најмногу им се молат бездетните и оние на коишто не им се додржуваат децата.
 
Светата маченичка Марина
Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создателот“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата ѝ се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што ѝ се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта ѝ се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.

Преподобен Леонид Устнедумски


Овој руски Светител од младоста се подвизуваше во неколку манастири: во Соловецкиот, Мирожскиот и др. Најпосле основа свој манастир на реката Луга во Вологодската губернија. Се подвизуваше тврдокорно додека душата не му се исполни со благодатната светлина и сила на Светиот Дух. Како голем светилник привлече многумина кон подвижничкиот живот. Наречен е Устнедумски бидејќи еднаш кога го касна отровна змија тој за тоа не сакаше ни да мисли ни да зборува, па остана жив. Откако Му угоди на Бога, се престави мирно на 17 јули 1653 година. Неговите мошти почиваат во неговиот манастир.
 
Свети Јоаким Осоговски 29-08-....


Свети Јоаким Осоговски е еден од македонските светители, кој се подвизувал во Македонија во XI век. Според преданието, бил соподвижник на светите Прохор Пчински, Гаврил Лесновски и Јован Рилски.
Тие еднаш решиле да се разделат и својот пат да го продолжат осаменички. Така светиот Јоаким се нашол во подножјето на Осоговските планини. Тој се нашол во селото Градец, кај Паланка Криворечна. Бил примен во домот на некој благочестив болјар. Во разговорот со болјарот, светиот го прашал дали некаде низ Осогово има место погодно за подвизување. Тој му одговорил дека во планината е опасно, но во падините има место каде имало некоја пештера покрај реката Скупица. Свети Јоаким се заблагодарил и се упатил кон тоа место. Тој бил восхитен од подвизите на свети Игнатиј Антиохиски Богоносец, па затоа бил спремен за секакви услови : глад, жед, студ и други различни непријатности. Неговата блажена цел била што побргу да го заврши овој живот и да го добие вечното Царство. Така тој се подвизувал до својот крај.
Еднаш некои ловци излегле да ловат, но ништо не уловиле и кога нажалени поминувале покрај неговата испосница, тој излегол им покажал каде да ловат и тие уловиле како никогаш дотогаш. Подоцна имале напредок во целиот живот, се разбира по по средбата и благословот на светиот. Затоа, по извесно време, тие решиле повторно да го посетат, но кога дошле во пештерата виделе дека свети Јоаким веќе ја предал својата душа на Бога. Ловците веднаш достојно ги погребале неговите мошти во испосницата и често доаѓале на гробот да палат свеќи. Тоа било во 1105 година.
Педесет години по овој настан, свештеникот Теодор од селото Осмирдол се населил на истото место и откако се замонашил почнал да се подвизува. Го сменил и името од Теодор во Теофан. Еднаш на сон му се јавил Свети Јоаким кој му наредил неговите мошти да ги пренесе во манастирот и при тоа не давал никој да биде ктитор, и дека тој самиот ќе го управува манастирот. Светецот по ова повеќе пати се јавил со ова исто барање дури и му го покажал и дрвото од кое ќе биде направен ковчегот за моштите. Барањето на светецот, тој со многу почести го извршил, но со овој чин си го навлекол бесот на локалниот болјарин, кој пак бил казнет од светецот со многу тешки казни.
Житието на Јоаким Осоговски го открива и неговото пророштво, Светителот рекол дека многу места и манастири ќе бидат опустошени од Агарените, но "моштите мои нема да се пренесат од ова место, ниту мојата црква ќе се запусти". Уште многу чуда се запишани во житието на Јоаким Осоговски, сторени од самиот Јоаким. Манастирот пак Свети Јоаким Осоговски е изграден во времето на Византискиот император Манојло, што значи меѓу 1143-1180 година. Важно е да се спомне и тоа дека во Осоговскиот манстир била негувана ракописната традиција, за што сведочат записите и ракописите, зачувани и до денес во многу словенски и европски библиотеки.
Ликот на Јоаким Осоговски во фрескосликарството бил мошне застапен, а негова најубава слика се наоѓа во село Псача кај Крива Паланка, насликана во 1358 година.
 
Светите маченици Сергиј и Вакх


Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа. Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им ставија и железни обрачи на вратот и така ги водеа по улиците на градот Рим за потсмев на сите и на секого. Потоа царот ги испрати во Азија, кај својот намесник Антиох, заради мачење. А овој Антиох се имаше издигнато на својата положба со помош на Сергиј и Вакх, коишто во свое време го препорачаа кај царот. Кога тој почна да ги советува да се одречат од Христа за да се спасат себеси од бесчестење, маки и смрт, овие свети луѓе му одговорија: „И чест и бесчестење и живот и смрт - сѐ му е исто на оној што го бара Царството Небесно.“ Антиох ги фрли Сергиј и Вакх во затвор и нареди првин да го мачат Вакх. Слугите се менуваа еден по друг тепајќи го светиот, сѐ додека не му го здробија телото. Од здробеното раскрвавено тело на Св. Вакх излезе неговата душа носена од ангелските раце пред Господа. Тој пострада во градот Варвалис. Тогаш беше изведен Св. Сергиј, когошто го обуја во железни опинци начичкани со клинци и така го туркаа до градот Росаф во Сирија, каде што го убија со меч. Пострадаа и примија венци на бесмртна слава околу 309 година.

Светиот маченик Полихрониј


Родум од Агатанидската епархија, од родители селани. Како млад аргатуваше на лозјето на некој цариграѓанин. Но како аргатин Полихрониј се предаваше на деноноќен подвиг на пост и молитва. Кога го виде неговиот живот, според чистотата и воздржливоста ангелски, газдата му даде многу повеќе пари одошто имаше заработено. А Св. Полихрониј ги зеде парите и изгради црква. Во времето на Никејскиот Собор Полихрониј беше чтец и во таа прилика покажа толкава ревност во застапувањето на Православието пред аријанците, што го посветија за свештеник. Подоцна овие злобни еретици за одмазда го нападнаа Св. Полихрониј во самата црква и го исекоа на парчиња. Така пострада овој голем бранител на Вистината и чистотата на Православието и прими венец на слава од својот Господ.
 
Da mu cestitam na eden Petko!
A be, ja mislev deka Petkovden sekogas se pagja vo Petok! Petti den vo nedelata, Petok=Petko!
 
Arhangel_mihail_XVII_vek.jpg

tl.gif
t_tr.jpg
t_ml.jpg
За постот
Светата причест
За исповедта
За духовниот отец

t_mr.jpg
t_bl.jpg
br.gif

Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни 21/11/2009
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нѐ помилува Бог и да нѐ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.
 
Што празник е 21 декември? Се паѓа понеделник, а на календар е со црвено. Онака ме интересира, не е нешо псоебно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom