Напредни генерации

  • Креатор на темата Креатор на темата ПрИтИ_гРл
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа е младината.Светот ја преброде оваа работа па сеа тоа доаѓа кај нас.Покасно но сепак доаѓа во позаостанатите земји.Имало и порано такви промисуитетни ама биле 2-3.А сега 2-3 се од оние мирните деца а мнозинството се од оние "кул" кои се пијанчат пијат пушат...не дај боже да посегнат по дрога.Се зависи од карактерот на детето.И родителите имаат удел во ова но сепак зависи од детето.Може родителите многу да го советуваат да прават со него муабет и пак детето да не ги послуша и да крене по тој лошиот пат.Јас знам по мене на пример.Мама никојпат не ми е спомнала за дечковци и такви работи само ми е кажала да не пушам и пијам(за дрога не ни станува збор) бидејки тоа е штетно за организмо и тено на лицето.Дури и ми вика малку повеке да се дотерувам бидејки во однос на моите другарки јас сум преспортски облечена.Но не сакам да се дотерувам ЈАС САМАТА.Зошто?Бидејки на моите 14 години сакам да сум во конверс патика комотно без пудра и разни шминки да ми сметаат на лицето и високи потпетици да ме болат нозете и да ми отекуваат уште од сеа.Но моите другарки не можат да се замислат од дома да излезат без шминка (високи потпетици не носат секогаш) и добро испеглана коса и да излезат обично спортски на панталони и блуза.За нив тоа е навреда!Па мене ми е навреда да носам уште од сеа минич и машките да свиркаат по мене.Но тоа е.Секој со свој памет.
 
Ако ова вие ги нарекувате напредни генерации, тогаш тие што стварно се напредни, треба да станат почесни граѓани.

Овие такозвани „напредни генерации“ се однесуваат така само поради нивните родители. Тие не ги воспитале своите деца како што треба и тие не ги научиле како да го живеат животот. Родителите се тие што треба да не упатат во се што правиме и да ни ги постават моралните вредности. Тие треба да не научат што е лошо, а што е добро. Децата немаат никаква кривица, родителите се тие што грешат. Па тие и неможат да грешат, сеуште се деца!! А тоа дека зависи и од детето, дека родителите можат и да го советуваат, а тоа пак да не ги послуша...хаха. Тоа докажува само дека родителот нема авторитет над сопственото дете, а неголи пак да ги научи како треба да живее и да му ги покаже моралите!
Најчесто тие деца кои живеат така на 12-13 години, кога самите ќе станат родители се многу подобри родители отколку оние примерните. Едноставно одат со таа помисла дека не сакаат нивното дете да го преживее истото и се однесуваат многу построго кон своите деца.
Приказните дека во времето на нашите родители девојчињата не носеле штикли на 15 годишна возраст, не се шминкале, не бркале дечковци, не ги верувам. Милион посто имало и такви, но биле во многу помал процент бидејќи тогаш моралот бил на многу повисок степен во целата држава. Како што поминува времето моралот се спушта на пониско ниво во целата држава, па не е толку срамота девојчињата да имаат дечко и на 12 години сега.
Јас пред 2-3 години (кога бев 12 годишна) ги гледав моите врснички како имаат дечковци и ми раскажуваат за нив во школо. Кога истото ќе го прераскажев на мајка ми, таа ме упатуваше како да се однесувам јас, таа ми ги постави моралните вредности и ме упати и дека уште ми е рано.
Овие генерации, ги нарекувам назадни како и неколку форумџии предходно што спомнаа, баш поради фактот дека не се упатени.
Напредни генерации ги нарекувам оние кои нависитна се напредни, па не на 12 години да се пијанчат и да бркаат девојки/дечковци, туку да размислуваат онака како што би размислувал возрасен човек.
 
хахаха.. море ја ко мал знам немаше толку компиутери.. интернет беше поим ејјј МОДЕМ да имаш.. пффффф премија.. па и уше 56ка лелееее се подмочуваа у гаќи луѓе на нив!!!:vozbud: денес се жалат зашо интернетов им бил 10 мегабита зашо не бил 20...:tapp: не фаќајте за збор али така иде муабетот..

ден денес памтам како игравме жмурка, 10 9, плочка, народна и ред други игри.. децава денешни искачаат и викаат абе на кој сервер играш кантер? или кој херој ти е омилен од дота???:tapp: жалосно но вистинито... по цел ден на компиутер уште од мали нозе. 12 години направиле и на фејсбук седат.... главните причина за овие „напредни“ генерации до некаде е и интернетов. море не само интернетов и техноилогијава можам да кажам дека е главна... играва ГТА шо е многу луѓе у реалноста забораваат дека се меѓу реалност па праат некои работи ко у ГТА.. ова е факт и доказ дечки.. размислете малце..
ејјјј пред некој ден баш.. се шетам низ улица и ми доаѓа копиљ 12 години нека имаше бе и ми вика ДЕЧКО МОЖЕ УПАЉАЧ??? ц ц ц го гледам си викам шо да му кажам бе.. да му залепам една не иде.. да му дадам упаљач и тоа не иде... баш го прашав само „дечко колку години“ а овој па исврустриран ми вика ШО ТЕ ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ ГОДИНИ ИАМ ЈА БЕ? ејјјј замислете култура да се немало на основно ниво...
па тоа дечковци девојки.. се натпреваруваат кој порано ке фати девојка.. оној у седмо фатил овој у шесто бре бре.. шо напраиле...
абе напредни се шо.. им се може едноставно :nenene:
 
Абе напредни се децата, шо им можеш. Уште од 12-13 години по дискотеки, нашминкани, напурдросани. Ц.ц.ц.ц.ц. па шо е најжално ги исмејаваат тие шо не се како нив. Имав другарче (не се дружиме сеа, не некој да помисли дека си заминало детето) на 13 години пиеше ко стока. Еј, 13 години е само бе, на ништо не личи тоа. Шо да им правиш, напредни се, си мислам дека ја откриле Америка.
Фри Бој кажа дека интернетот го правел тоа. Па и во право си, на 10 години покер на фб, на 12 веќе pornhub го чепкаат, на 14 се ебаваат. Може некој ќе се навреди, ама така е. Шо не оди, не оди.
 
Не се напредни во никој случај.
Жално е. Овие генерации како што одат, немаат детство. Сме играле жмурки, брканици, ластик на улица.. буквално дома не сме се прибирале. Сеа седат згрбавени на компјутер. Братучед ми кој има само 4 годинки, ме нарече пи*ка бидејќи не му дадов да игра на компјутер зашто имав нешто работа за школо. Деца од 10 години на улица мирно пушат цигари. На минус ладно, некои фуфици облекле минич за во диско, незнае гзот да си го избрише а облекла штикли.
Кој е крив за тоа? Ма, ајде да ги плукаме родителите сега. Во пубертет си, работат хормони, не слушаш никој. Родителот ќе ти забрани да пушиш цигари и што? Излагаш на улица, сите пушат па ај и ја да пробам, да бидам во чекор со општеството. Ти забранува да се облакаш така разголено, ти ќе понесеш алишта и ќе се пресоблакаш у вц. Баш знам ваков пример.Родителот треба да ти каже што треба да направиш, ама до тебе е дали ќе го прифатиш тоа свесно. Ретки се оние кои можат да се спротистават на некое влијание. Никој не мисли со своја глава бе. Ма медиумите се криви, никој друг.
Абе во времето на Тито поинаку било бе. Се живеело, имало колку-толку општа култура, морал.
Песничка која добро го опишува сето тоа:
 
Киндер генерација,лигуши на тон,без свој стил,бледи копии некому.
 
Игралиштето за мал фудбал на кое израснавме последниве 10-15 години зјае празно...сега во мода е сајбер спортот.:toe::helou:
 
Игралиштето за мал фудбал на кое израснавме последниве 10-15 години зјае празно...сега во мода е сајбер спортот.:toe::helou:

да ти кажам искрено.. денешниве генерации од мали ги тупат прво со компиутер а после ги дотупуваат со компиутериве дефинитвно. дома на компиутер, у школо на компиутер, кај другар другарка на компиутер... кај и да е и по кафичиве компиутери ке постават...
уствари коа ке видиш сеа они се тераат сајбер живот...
 
Не се напредни во никој случај.
Жално е. Овие генерации како што одат, немаат детство. Сме играле жмурки, брканици, ластик на улица.. буквално дома не сме се прибирале. Сеа седат згрбавени на компјутер. Братучед ми кој има само 4 годинки, ме нарече пи*ка бидејќи не му дадов да игра на компјутер зашто имав нешто работа за школо. Деца од 10 години на улица мирно пушат цигари. На минус ладно, некои фуфици облекле минич за во диско, незнае гзот да си го избрише а облекла штикли.
Кој е крив за тоа? Ма, ајде да ги плукаме родителите сега. Во пубертет си, работат хормони, не слушаш никој. Родителот ќе ти забрани да пушиш цигари и што? Излагаш на улица, сите пушат па ај и ја да пробам, да бидам во чекор со општеството. Ти забранува да се облакаш така разголено, ти ќе понесеш алишта и ќе се пресоблакаш у вц. Баш знам ваков пример.Родителот треба да ти каже што треба да направиш, ама до тебе е дали ќе го прифатиш тоа свесно. Ретки се оние кои можат да се спротистават на некое влијание. Никој не мисли со своја глава бе. Ма медиумите се криви, никој друг.
Абе во времето на Тито поинаку било бе. Се живеело, имало колку-толку општа култура, морал.
Родителот цел живот да си го воспитувал детето како што треба, па и 22 години нека има детето, пак ќе го слуша родителот и ќе ги почитува неговите одлуки и забрани.
Родители што владеат како Хитлер во куќата - со таквиот родител можеш лесно да манипулираш. Децата нивни не го прифаќаат тоа што им го кажува родителот, тие се too influenced by the company. Родителите што владеат како Хитлер , не се тип родители на кои можеш да им се отвориш и да им раскажеш се што ти поминува низ глава, па затоа дома си „мамино/татино сонце“, а надвор сосема друга особа.
Родителот треба да има и авторитет, а пак да можеш да му се отвориш и да му раскажеш се! Еден родител не смее да си дозволи мислењето на твоите другарчиња да ти биде поважно отколку мислењето на твоите родители. Тој можеби ќе ти забрани некои работи, но откога ќе ти се врати, ќе сватиш дека родителот секогаш бил во право. Тогаш тие деца израснуваат во возрасни личности со цврст карактер. Е на таквите родители децата не им се „напредни“.
 
Секоја следна генерација е понапредна од претходната.:toe:
 
Тогаш се криеле и правеле, а сега не се кријат ама не прават :D
Инаку ние машките не пребираме сите ни се допаѓаат:D
 
Леле колку напредни генерации доаѓаат просто да се запрепастиш.

Уствари внука ми ја глеам нешо ми збори англиски, и тоа баш со акцентот го цепа, а малата е 1во одд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom