Ви се случила некоја натприродна работа?

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Ова се случи пред некоја вечер, ко беше хуманитарниот концерт во Битола, со ѕвездите од македонската естрада...Се договаравме со другарка ми да одиме и ние на концертот, ама та заспа, се разбуди во 21, а тогаш почнуваше концертот. Излеговме дури во 22, па ни беше глупо да одиме ко веќе е почнат концертот и се шеткавме на Широк Сокак. Ојдовме, јадевме сладолед, и после си купивме по една порција од мини крофните. Немаше смисла да ги јадиме по корзо и ојдовме во паркот. Е сеа, ( за тие шо не знат ), паркот во Битола се наоѓа после Широк Сокак, како шеталиште е, и има клупи по крајот. Прво се сендвичарите, после натаму само клупи, па се до Олимписки Базен и ресторанот „Император”. После сендвичарите, се врти лево, се слегва долу по неколку скалички. Одма после скаличките, се наоѓа дискотеката Колонија, кај шо се одржваше концертот. Направо, се наоѓа дискотеката Зодијак и детскиот парк. После детскиот парк се наоѓаат патеките за трчање. Патеките за трчање се во паралела со клупите шо се наоѓат на шеталиштето до Императот. ( Мислам дека отприлика добивте некаква слика за то како изгледа местото. ) Во детскиот парк има крлешки, клацкалки и клупи. Има една фонтана и чешма, од која секогаш пиеме вода. Беше негде после 00, со другарка ми пиевме вода од та чешма. Во детскиот парк немаше ама баш никој, а обично седат луѓе на клупите. Се напивме вода, се мајтапевме, се прскавме и тргнавме кон Широк Сокак. Од фонтаната до Колонија ( кај шо имаше гужва ) нема ни цели две минути бавно одење. И како шо си праевме муабет, слушаме звук, како шо крцкат крлешките ко ќе се крла некој. Се вртиме назад, нема никој. Ама баш никој. Темница беше. Нема ниедна светилка. Се погледнавме и тргнавме да си одиме. Пак истиот звук. Пак се вртиме, нема никој.( Инаку, во паркот има многу високи дрва, некој немат лисја, гранките му се сечени до негде и изгледат ептен морничаво) Таман почнавме да одиме, другарка ми ме трга за рака, ми вика:
- Чоек, онде на дрвото има некој. Застанавме.
- На кое дрво бе?
- На она бе. И ми покажва со прст. Ја удрив по рака.
- Научи се да не покажваш со прст, кажи ми на кое дрво.
Ми го покажа дрвото, не видов ништо. Му свикав:
- Ајде да бегаме. Продолживме со одење и пак ме трга за рака.
- Види сенка се преметна околу дрвото. Ме облеа ладна пот, ме полазија морници и се наежив цела. Не можев да издржам од страв, иако не видов ништо, ја тргнав за рака и набрзинка заминавме. Се вмешавме меѓу гужвата. Ја видов другарка ми, беше цела пребледена. ме зачуди, пошто та не се плаши толку. Си помислив едно време, да не ме ремети нешто, да си игра со мене, оти знај дека јас сум страшливка. Ја препрашав милион пати:
- Чупе, да не си играш со мене, да ме плашиш ?
- Не бе чоек, ако беше мајтап ќе ти кажев. Освен то, не знам како би го објаснале звукот од крлешките, ко никој не се крлаше. Немаше никој. Прошетавме уште малку, и си ојдовме дома.

Вчера вечерта, со друга другарка бевме излезени, и ојдовме да пиеме вода на чешма во детскиот парк. Овојпат, имаше многу луѓе. Сите клупи беа зафатени, се слушаја полно гласој...Како некоја блесава се вртев на сите страни да не видам нешто...Другарка ми ме препраша милион пати шо ми е...Не знаев како да му објаснам. Се напивме вода, се беше океј. Исто и на враќање, се вртев на сите страни...Ми беше страв...

Не знам да објаснам шо беше то...Ама шо и да беше, добро ме исплаши.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Јеци ама како објасни кај се наоѓа паркот алал да ти е „после сендвичарите вртиш лево се симнуваш по едни скалички, па се наоѓа тоа и тоа” :) :)
Али кажи им тие дрвените луљашки кои ги скрши... :) :) :) Уствари незнаеш, me & my friends :) :)
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
vodkamixx напиша:
Јеци ама како објасни кај се наоѓа паркот алал да ти е „после сендвичарите вртиш лево се симнуваш по едни скалички, па се наоѓа тоа и тоа” :) :)
Али кажи им тие дрвените луљашки кои ги скрши... :) :) :) Уствари незнаеш, me & my friends :) :)
Ако ако играј си мајтап, ама мене ми смрзна гомцето. А шо се однесва до крлешките, срам да ви е, толкави магариња сте се накачиле на крлешки. :nenene:
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
хија она на папучар морничаво е :) :) :)


п.с.
оф топик

ај уште пишувајте интересно е :pos:
 

^SaW^

^K^B^
Член од
2 јуни 2006
Мислења
892
Поени од реакции
1
$h0®Ty напиша:
после овие 12 страници хорор тешко дека ке заспијам вечерва (веке е 20 за 6) така да ај јас да ви напишам што ми се има на мене десено.
Нова година дочек на 2006-та.Орешани кај другар во викендица.
Викендицата е огромна на 2 спрата со доста голем двор и нема шанси да се загрее цела.Јас и уште двајца другари отидовме 1 ден порано за да го запалиме ќумбето,да зачистиме малку и да исечеме дрва за наредните 2 дена.Вечерта се беше нормално,отидовме до продавница јадевме пиевме се ок.Дента кога дојдоа сите (т.е.) вечерта почнаа да се дешаваат чудни работи.До тогаш не верував во паранормално најверојатно затоа што се немав соочено со нешто такво.Да се вратам на вечерта...се помрднуваа шишиња,чаши,пепељари и слично.Снемуваше струја (добро ај нормално да речеме дека е) некој цело време тропаше на вратата (не напоменав дека ние го користевме само горниот спрат долниот беше наполнет со некои глупости и имаше една гаража која ја користевме за мочање) и кога и да се симнеме доле немаше никој ни во двор ни наоколу а надворешната порта беше заклучена со ланец и катанец.После тоа во вецето горе што не работеше на сите ни се слушна глас од мало дете како плаче (значи сите во исто време го слушнавме јасно и гласно) а таму немаше ништо.Надворешната врата (заклучена) ни се слушаше како се отвара и затвара сама од себе.Некако ја преживеавме ноќта сите преплашени.Кога се раздени се симнавме доле да провериме да не има некои траги од некој што бил во дворот.Немаше ништо.Исто така седиме на терасата на горниот спрат (дење) и ја гледаме портата како се ниша од ништо.Првин помисливме ветер или нешто али ни дрвата наоколу се движеа ни ништо.Многу беше језиво.Еден другар (сопственикот на викендицата) се симна до доле (додека ние уште сме на тераса и го гледаме од горе) да провери дали е убаво затворена портата.И додека он ја проверува ние со телефон го сликаме и до него имаше една грмушка на која јасно се гледа сенка од мало дете како пробува да го фати за нога.Телефонот од x причини се заеба и сега сликата нигде ја нема.Кога и да помислам на ова ме лазат морници.Ај да видам некој рационално да ми го објасни ова ке му бидам вечно благодарен зашто кога и да помислам на ова не можа да спијам.
Mozebi e tocno...ali ako ste piele nesto pret toa toa e drugo 2:)Ali ima poise vakvi misteriozni raboti lucuvano na moj drugari...gi ima i niz cela makedonia:nesvest: Mene ne bi sakal da mi se sluci vakvo nesto:se_ molam :)
 
Член од
10 август 2006
Мислења
104
Поени од реакции
1
^SaW^ напиша:
Mozebi e tocno...ali ako ste piele nesto pret toa toa e drugo 2:)Ali ima poise vakvi misteriozni raboti lucuvano na moj drugari...gi ima i niz cela makedonia:nesvest: Mene ne bi sakal da mi se sluci vakvo nesto:se_ molam :)
друже види вака факт е дека имаше и 2 тројца од нас поднапиени али повекето како мене немавме капка алкохол у уста стаено.А и јас не би ти посакал да ти се деси вакво нешто :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
И после како нема на човек да му се појавуваат звукови и некои луѓе во темницата кога пишувате вакви језиви работи? Страв да ти е да читаш, а да не прајме муабет да си одиш доцна навечер сам дома.
Ама ако, пишувајте уште, интересно е.
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
...колку и да има за се логично објаснување , колку и да сум ја надминал таа ситуација..незнам како би реагирал и најголемиот скептик..
мала подлога..имав врска без врска..со фина девојка..али врската ни почна безвезно..онака уште од прв ден..и сакав да заврши.(прв пат воживотот)..не навлегувам дека е деија некои работи кои тотално ми го сменија животот и..ми тежеа цела година..па и уште кога ке ми текне ме фака..по малку страв...Нее правилно но еднотавно како да сакав тој период од животот да го прескокнам да не се секавам...(немој да помислите дека животот ми е хаос и..амо со проблеми..ова се единствените работи:))
ПОмина време..од една година..едвај понекогаш ке се чуевме..девојката е супер како личност ама..ми буди лоши спомени...
..и таков..како му доага...приквечер...ролетни спуштени..си читам јас..весели работи на кајгана...постови каде се препуцавате...кога ме штрекна звучникот..звукот за нов маил(сум го оставил на мах..и ми пристигна порака на мСн..
Veke pretpostavuvate..од кого беше...
а во пораката...."Чувај се?"....вечерта бев договорен со другари да излезам, откажав...
Ја избришав пораката во истиот момент..не сакав да ја гледам.ја избрисав и од канта...
незнам некој чуден страв..се убедував дека сам си наметнувам беспотребен страв...језиво...
Сакав да излезам,да покажав дека се е случајно..но..тоа ќе ми беше како да ја предизвикувам судбината...
во sent се задржало писмото што во следниот момент го препратив..

Date: Thu, 27 Jul 2006 12:37:48 -0700 (PDT)
From: "PaPucaR" <************> Add to Address Book Add Mobile Alert
Subject: never more.....GARVANOt edgar alan PO
To: "Tanja " <*************>
Ako cujam uste ednas "cuvaj se?" vo poraka ne ti praam muabet...
NE SAKAM TOA DA MI GO PISUVAAT.
no heart filinks:
ps.ja brisam porakata od bre malku


Date: Thu, 27 Jul 2006 12:44:57 -0700 (PDT)
From: "Tanja " <************> Add to Address Book Add Mobile Alert
Yahoo! DomainKeys has confirmed that this message was sent by yahoo.com. Learn more
Subject: budalce edno...
To: <*********>

za toa ti staviv prasalnik na kraj i nasmevka
so me zaebavas sega ti :)
...............................................................................
ми се чини дека оттогаш кој и да ми каже чувај се, или варди се...се такви мисли ке ми поминуваат..шо викате треба ли да посетам психолог??н:) не сум до таа мера:)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Нема потреба да стои емаилот твој и нејзин во постот, знаеш на форумов идат многу луѓе и не е фино да се гледаат:) Најдобронамерно едитирав, се надевам не се лутиш.

Е сега. Ти мислиш дека таа ти давала некој знак со тоа што ти велела „Чувај се”? Знак дека би можело нешто лошо да ти се случи, па да бидеш претпазлив? Ништо не значи тоа, не се оптеретувај со тие зборови, тебе толку длабоко ти навлегле во главата, што фобија имаш од нив.
Или па мислиш дека затоа што си бил со нејзе ти се случувале такви работи?
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Fortune напиша:
Нема потреба да стои емаилот твој и нејзин во постот, знаеш на форумов идат многу луѓе и не е фино да се гледаат:) Најдобронамерно едитирав, се надевам не се лутиш.

Е сега. Ти мислиш дека таа ти давала некој знак со тоа што ти велела „Чувај се”? Знак дека би можело нешто лошо да ти се случи, па да бидеш претпазлив? Ништо не значи тоа, не се оптеретувај со тие зборови, тебе толку длабоко ти навлегле во главата, што фобија имаш од нив.
Или па мислиш дека затоа што си бил со нејзе ти се случувале такви работи?
Toa шо е болдирано е поблиску до одговорот..само не би рекол дека тоа е на граница на фобија..но сепак..кога ќе ги чујам зборовите..непријатно се чувствувам..со тек на време мислам дека ќе исчезне тоа..
Уопште не се лутам што си едитирала..и јас презедов нешто оставив името на девојkaта само..и сменав..буква од нејзиниот е-маил...а за мојот..:)Па кој сака нека пише:)aли нема повеќе страшни приказни..:)..Toa e se што имав да кажам:)
 
Член од
10 август 2006
Мислења
104
Поени од реакции
1
:devil3: :devil3: :devil3: we shall never know... :devil3: :devil3: :devil3:
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
Абе има вакви некој приказни или не никогаш не можиме да дознајме.:):):)Инаку и јас сум ја слушнала оваа приказна,а и една со таксист слично нешто на оваа,демек некоја стара жена ја носел до дома и таа го викнала демек на едно кафе влези вака таака и му дала кафе,сокче се и тој добро го испил кафето и ајде ке бегал(во мегувреме клучевите од дома си ги заборавил на масата).Си отишол и кога му текнало се вратил повторно таму и заѕвонал на вратата,никој не отворал..и прашал некој од комшиите што живееле во близина каде е старицата што живее овде и тие му рекле дека е умрена веке 15-20 години ,отвориле некако во куката ,влегол таксистот и вистина неа ја немало ,ама клучевите ги нашол на истото место каде што ги оставил и на масичката биле чашата,филџанот од кафе.. Е сега ова дали е фикција или вистина не знам јас и јас пренесвам само што имам слушано.
 

dexter

Бадијала!Форум
Член од
16 јуни 2005
Мислења
472
Поени од реакции
3
Интересно, а и језиво.
Дајте уште за читање. :)

Леле, вечер у еден-два како ќе се враќам дома... јој. Има само една бандера у маало.
 
Член од
10 август 2006
Мислења
104
Поени од реакции
1
dexter напиша:
Интересно, а и језиво.
Дајте уште за читање. :)

Леле, вечер у еден-два како ќе се враќам дома... јој. Има само една бандера у маало.
епа трчај накај бандерата и право со глава у нејзе :)

не луѓе ве молам пишувајте само за лични искуства или од некој поблизок што му верувате а не на баба ми вујната имала внука у америка па синот нивни имала другарка што имала тетка,а на таа тетка баба и и кажувала приказна што и ја кажала мајка и у младоста за некој тип што имал трактор али го продал...
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
за тоа приказната на мона има добро објаснение таа старата не била истата шо умрела туку некоја шо го дупела таксистот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom