Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Продавам Canon AF35M II ( мислам дека така му е името или за повеќе информации проверете ТУКА ) од 1983 год. Апаратот беше на дедо ми и е користен до 1994 год. оттогаш стои во кутија и не е чепнат како нов е заедно со футрола. Иако е од големо значење за мене и не би сакал да го продадам сепак не го користам и мислам дека нема потреба да стои 20 години во кутија и да собира прашина. Неможам со сигурност да кажам дали работи или не бидејќи не е користен многу време но може да се провери. Ако сте заинтересирани пратете ми ПП. Цена на апаратот: 300 евра

IMG00011-20100622-0638.jpgIMG00016-20100622-0639.jpgIMG00014-20100622-0639.jpgIMG00017-20100622-0640.jpgIMG00013-20100622-0639.jpg
 
Продавам Canon AF35M II ....... Цена на апаратот: 300 евра

Имаш ставено две нули отпојќе во цената.
На ebay овој апарат се продава од 5-10 долари
не е ништо посебно, стар филмски компактен апарат кој е масовно произведуван (не е ни редок)
 
Имаш ставено две нули отпојќе во цената.
На ebay овој апарат се продава од 5-10 долари
не е ништо посебно, стар филмски компактен апарат кој е масовно произведуван (не е ни редок)

@ iksi_str Така да подобро чувај си го. Само не ми е јасно од кај процени дека вреди 300 евра.
 
Canon G10 повеќе не се продава, така да не вреди 440 евра. Сега имаш Canon G11. Јас би ти препорачал Panasonic TZ7 или TZ8 (310-320 евра во Техномаркет).
 
Имаш ставено две нули отпојќе во цената.
На ebay овој апарат се продава од 5-10 долари
не е ништо посебно, стар филмски компактен апарат кој е масовно произведуван (не е ни редок)

@ iksi_str Така да подобро чувај си го. Само не ми е јасно од кај процени дека вреди 300 евра.

На линкот што го постирав горе има проценка на апаратот од Canon во јени, околу 42 илјади јени, во наши пари 20 илјади денари. Има колекционери на вакви работи кои даваат и до 1000 евра. Ако ви е многу 300 евра, тогаш дајте понуда.
 
Толку кошташе апаратот во ЈЕНИ во 1983
Во 1983 1 долар кошташе некои 232 јени што би значело дека НОВ тогаш кошташе 180 долари (145 евра)
Е сега, то е компактен ФОТО апарат не е дигитален, не е ни СЛР така да денес нема скоро никаква ни практична (a и нов не беше професионален апарат туку за по одмори и дома) а ни колекционарска вредност пошто е произведуван масовно на лента и ги има многу. Побарај го на ибеј, се нуди од 5-10 долари за парче а за 1000 евра дека некој колекционар ќе даде за него немој ни да сонуваш. Постојат мнооогу подобри апарати од 60 сети, 70 десети, 80 десети, СЛР со зaменливи објективи кои не достигнуваат ни приближно такви цени.

Ова ти го кажувам сосема искрено и отворено, пошто ги знам и познавам работите, а гледам дека не си упатен во фотографска техника и опрема. Ако е спомен, чувај го, а дека некои пари ќе земеш за него.... не очекувај.
 
Епа тогаш моја грешка околу цената и све остало...По се изгледа ќе си остане во кутија уште долго време.
 
Земав апарат што земав (Sony DSC-H20)

А сеа кај да најдам мемориска картица за него по ова Скопјево? НИГДЕ НЕМА!

Ми треба Pro Duo M 8GB

PRO_DUO_8GB.jpg
 
А бе на SONY ќе им се тресна од глава ова што фураат свој стандард за мемориски картички. Додуша се опаметија кога станува збор за мобилните па најавија дека ќе идат на микро СД, колку ќе се изреализира сево ова, ќе видиме.
Туку досадувај им во главниот салон, не знам што друго да ти кажам... евентуално во EMI медиа несакајќи ако им останала ваква картичка. И во .one можеби им останало нешто од Germanos магацините :)))

п.с. За тие пари златни модели од Canon, Nikon, Fuji, Samsung...
 
Во Еми Медиа нема ли? Обично тамо се поевтини.
 
каде и да е мемористик се скапи мемориски така да не очекувај многу поефтино!
 
Бев таму, имаа и ваква од 8 GB, ама 3300 ден. бе у пм.... ама што да праам, НИГДЕ НЕМА од 8 у пм, изгледа ќе го јадам, ќе ја плаќам оваа... ебате сонито :)

3300 денари за 8 ГБ картица?!?!?!?!? да не ја даваат со гратис печатар или маунт бајк!
Па хард диск од 500 ГБ е поефтин!
 
3300 денари за 8 ГБ картица?!?!?!?!? да не ја даваат со гратис печатар или маунт бајк!
Па хард диск од 500 ГБ е поефтин!

Па што зборам јас? Апарат уште еден ќе си купам некој онака, колку да има :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom