Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
ИСО е останка од добата на аналогни апарати (со филм) и означува осетливост на филм при слабо светло. Кај дигитални апарати тоа значи колку може апаратот да се справи со темни сцени. На пример имаш сликање в црква или музеј или дома или во некоја просторија каде е забрането или невозможно или не сакаш да сликаш со блиц. Една од тие ситуавции е на пример сликање на роденденска забава и дете кое дува во свеќи а светлото е изгаснато во просториата, или сликање на новогодишна елка осветлена само од лампионите или некоја забава во клуб - кафиќ или портрет во просторија..... Тука ако користиш блиц ќе ја одуваш атмосферата, затоа се слика со високо исо 800 и над 800. Ако апаратот има шум на тие вредности сликата ќе биди нејасна, зрнеста и неупотреблива за вадење на поголеми фотографии. Тоа што некој апарат “оди“ и до “високо“ ИСО не значи и дека прави добри слики на високо ИСО. Имаш апарати на кои и ИСО 400 му е проблем па дури сум сретнувал и апарати со шум на ИСО 200 (кое се користи за нормални сцени)
Професионалните апарати без никаков проблем вадат добри слики и на исо 1600 па и на 3200 а за 100-800 да не правиме муабет. Кај “идиотите“ чест проблем е со ИСО -то па најчесто слика во просторија без блиц личи како да е сликана со мобилен телефон а не со апарат.
Па да јас така се прелажав со мојот фотоапарат пишува ISO до 4000 :) и кефој јас си реков леле еј сега навечер фотките како дење ќе ми ги вади, ама откако го зедов видов дека на исо повисокот од 400 ноис пука :) а за на 4000 , веб камерата вади подобра слика :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Па да јас така се прелажав со мојот фотоапарат пишува ISO до 4000 :) и кефој јас си реков леле еј сега навечер фотките како дење ќе ми ги вади, ама откако го зедов видов дека на исо повисокот од 400 ноис пука :) а за на 4000 , веб камерата вади подобра слика :D
Пошто кај нас во Македонија немаш можност да тестираш апарат во продавница па да бираш (нит има некој избор на подобри модели нит дозволуваат) така да само закопување по интернет и читање на совети и мислења од луѓе кои ги користеле од луѓе кои ги тестирале.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
изборот падна...земав кодак ц913....:helou:
 

mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
изборот падна...земав кодак ц913....:helou:
Со здравје да си сликаш, ама сепак мислам дека можеше и подобра зделка да направиш.

ајде сеа да видиме некоја фотка.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Со здравје да си сликаш, ама сепак мислам дека можеше и подобра зделка да направиш.

ајде сеа да видиме некоја фотка.
фала да си купиш подобар...види,мое мислење е дека за тие пари(4990) го извлеков макс. од апарат...ја не сум од Скопје,и немам баш избор на апарати...од тоа што го имаше,се одлучив за овој:helou:слики ќе турам у иднина:)
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
имам отпечаток од прст на леќата на објективот:nerv:како да го ичистам,да го направам како ново?го зачистив со влажно марамче,после со суво,ама не е тоа-тоа...вака на слика не се забележува,сликите се ОК,ама сакам леќата кристално чиста да ја направам...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
леќите обично на себе имаат антистатички премаз и не е препорачливо да се чистат со алкохол или со вата. (Ова е правило кај објекивите за ДСЛР апарати). Има посебни течности и посебни шамивчиња (од оризови стебленца) за чистење на објективи. Отпечаток од прст е мрсен (маснотијата од човечко тело) така да побарај негде низ фото продавници или фото студија дали држат или за услуга би ти капнале некоја капка од средството кое после ќе го избришиш со нежно антистатичко крпче.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ako nejkes so toa sredstvoto ili orizova hartija ili nekoe mikrofiber krpce i poleka nezno i ke se izbrise
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
абе ја го избришав,ама пак има така малце мрсотија...сакам тоа да го нема...сликнав една слика...добро ја бвади....ама сепак....сакам да биде како ново Ч)еве слика од KANON easyshare913!
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Незнаев точно кај да го поставам прашањево ама ај..
Значи колку се добри старите апарати? Овој го најдов вчера баш,супер работи,ама уште немам видено шо слики вади..
Иначе стар е некаде 20 години..
 

mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
Незнаев точно кај да го поставам прашањево ама ај..
Значи колку се добри старите апарати? Овој го најдов вчера баш,супер работи,ама уште немам видено шо слики вади..
Иначе стар е некаде 20 години..
Квалитетот на сликата кај старите апарати зависи од филмот кој ќе го користиш и од леќата. Така да нема никаква врска каков ке биде апаратот. Инаку не ти се исплати да користиш филм на ова време, освен ако не ти е ќејф да пробаш.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Јас од пред неколку дена поседувам Никон Л19 и сум доста изненаден од квалитетот на фотографијата, едноставно ваде прекрасни фотографии. Го препорачувам...
Некои од фотографиите кои се направени од него без никаква обработка:





 

Kajgana Shop

На врв Bottom