marija aleksova напиша:
Видовме каква беше разврската околу бракот на Роман Абрамович.Сега неговата бивша сопруга за одмазда го купува "Арсенал" и изјавила дека последните години од бракот со Роман и биле здодевни во секој поглед па дури и во кревет , па сега планирала да го поправи тоа.
Како вие би се одмаздиле за неверство?
Значи таа јавно признава дека била глупа гуска што толку години го „трпела“ маж и. При коментари од ваков вид, не може само еден од партнерите да излезе понижен.
Да се одмаздувам бе...со тоа само ќе покажам дека тој премногу ме повредил и сета моја способност за „враќање мило за драго“ се сведува на ширење трачеви/јадење гомна, што во никој случај не би влијаело позитивно на мене.
Подобро ќе си се тргнам на страна, ќе си продолжам со животот без него и ќе си најдам подобар.
Одмаздата ми е губење време и премногу...премногу излезена од шпанска серија.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)