Помош, софтверски проблеми и совети

Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
А има ли шанси да се поправи мртов пиксел?
Мртвиот пиксел е во црна боја или во некоја друга? Ако е обоен пикселот (зелена, плава или црвена боја) тогаш е заглавен пиксел и има начини како да се поправи, ако е мртов пиксел нема шанси.
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
ај да ве прашам нешто... играм покер на нет, и програмата што ми е симната е преку која што играм е мислам со флеш подршка... ги инсталирав сите од адобе (сите 4ри) и програмата си работи, али коа ќе треба да отворам покер маса... ми се отвара само бело прозорче!!! HELP? иначе покерот е на pokerinvenice.com
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Мртвиот пиксел е во црна боја или во некоја друга? Ако е обоен пикселот (зелена, плава или црвена боја) тогаш е заглавен пиксел и има начини како да се поправи, ако е мртов пиксел нема шанси.
Абе брат мала бела точка е не е ни зелена ни плава а ни црвена...
 
V

Viktor g

Гостин
Незнам дали е на оваа тема ама ајде вака да прашам имам компјутер кој се укочува при пуштање на видео од нет или да симнуваш нешто при што мора да се ресетира , а потоа може да се укочи при самото стартување , компјутерот е правен неколку пати формат ама без успешно пак е исто:toe: сменета е графичката како наводен проблем но повторно се јавува ова ! Некоја идеја?
 
A

Auditore

Проблемот ти е во напојувањето, не ти е до графичката дефинитивно, процесорот неверувам, мада да се осигураш симни го програмов и провери ги температурите, па пастирај слика тука да видиме.
Мада останувам до тоа дека ти е до напојување.
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
ај да ве прашам нешто... играм покер на нет, и програмата што ми е симната е преку која што играм е мислам со флеш подршка... ги инсталирав сите од адобе (сите 4ри) и програмата си работи, али коа ќе треба да отворам покер маса... ми се отвара само бело прозорче!!! HELP? иначе покерот е на pokerinvenice.com
проблемов мислам дека е до тоа што ми е 64bit win7 а adobe сите се на 32бит..... така да може ли да го сменам win7 од 64 на 32 и да видам дали би се опраила работава! имам цд за инсталација али дали може само да се реинсталира без притоа да ги изгубам работите што ми се сеа на HDD???
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
На другар ми компјутерот,работејќи на проект му се рестартирал!

Сега мониторот неможе никако да се уклучи, постојано стои NO SIGNAL. Проверил кабли, приклучоци се е океј. Некој да не знае што може да е проблемот ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Графичката - капут.
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Ресетирај Биос види ако е пак исто. Графичката е ојдена..
Како да го рестартира Биосот ?

Не може да влезе во него ... значи како што ми кажа: го уклучува комјутерот, мониторот веднаш покажува NO SIGNAL, и после си стои црно се.
 
G

GucciMane

Нека го отвори компјутерот, на матичната нека побара батерија (ко од саат само поголема е) и нека ја извади на 2-3 минути и после пак нека ја стави.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Дали некој може да ми каже како може да направам .pdf фајл на кој што може да се пишува?

Конкретно, сакам да направам нешто како прашалник, и до прашањето да има поле за одговор и таму да може секој да вметнува одговори. Знаете некој програм како се прави ова? (моментално иам foxit reader за читање пдф фајлови)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Дали некој може да ми каже како може да направам .pdf фајл на кој што може да се пишува?

Конкретно, сакам да направам нешто како прашалник, и до прашањето да има поле за одговор и таму да може секој да вметнува одговори. Знаете некој програм како се прави ова? (моментално иам foxit reader за читање пдф фајлови)
Не може пдф на кој се пишува.
Може ворд -> пдф. Али ќе си биде “непишлив“ ко што си е пдф-то.
Може и да едитуваш готово пдф, али после едитување = пак “непишливо“.
Така да, нека е ворд :)
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Дали некој може да ми каже како може да направам .pdf фајл на кој што може да се пишува?

Конкретно, сакам да направам нешто како прашалник, и до прашањето да има поле за одговор и таму да може секој да вметнува одговори. Знаете некој програм како се прави ова? (моментално иам foxit reader за читање пдф фајлови)
NitroPDF

Или направи си што сакаш во Word и само зачувај како PDF
 
Kajgana Shop

На врв Bottom