Македонски народни гатанки

  • Креатор на темата Креатор на темата натуш
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 март 2005
Мислења
567
Поени од реакции
10
Возраст
38
Веб-сајт
ebacici.cjb.net
Ум дават, а не зборуват.

книга
-
Еже меже в девет кожи леже.

кромид
-
З'би немат ама касат.

зима
-
На баба је зејт, на деда му висит

бунар и кофа
-
Сама баба куќа носит.

желка




и така натака... :lol:
 
Многу интересен топик Натуш

Само мислам дека не му е местото овде, кај сеирот.
Сепак, тоа се народни мудрости и умотворби.

Топикот ќе го преместам во Култура. :wink:
 
Ако ме држиш јако ќе ти бидам роб, ако ме испуштиш ќе ти ископам гроб.
Оган.

Вујко свирна, вујна нога дигна.
Клуч и катанец.
 
Дрипава ѓупка пред цар излегве.
Зелник.

Врвовите надоле, корењата нагоре.
Брада.

Сив коњ р`зна, се море смрзна.
Ветер и мраз.
 
Без вретено жица предит, без разбој платно ткајт и пак гол ојт.
Пајак.

Мало црвено и цар од коња сметинат.
Јагода.
 
Интересно!

Ама ајде да го направиме топиков уште поинтересен. Отсега пишете ја гатанката, ама не го откривајте одговорот. Значи еден пишува - најбрзиот ја решава!

Може? :wink:
 
Македонски народни гатанки на разни дијалекти

Македонски народни гатанки

Што е тоа ?

Мало чоече, големо чалмиште. (печурка)
Мртва кобила, живи црева. (разбој)
Кусо турче, д’лго туфеџе. (страчка)
Црно аѓупче , сос големо чалмиште (светилник)
Крени го, плачит. Легни го, молчит (гајда).
Одврзи го, стојт. Врзи го, ојт (опинок)
Сиот ‘нтре, глаата му надвор (клинец)
Си имав едно нешчо, кој помина, го бацва, и јас помина, го баци.Шчо је ? (чешма)
Ум немат, а секому ум давит (книга)
Бел е како шиќер, ама не е шиќер (снег)
Сечат като нож, ама нож не се. Бели като бисер, ама бисер не се. (заби)
Од маленко небо снег врне. (сито и брашно)
Уста нема а не јајт.Ј’зик имат, а не зборвит, Занишај го, ќе ти пејт (ѕвонец).
Ф едно училиште педесе ученици се сос црвени капи (шипирт)
Вујко вујна гудишкаше, вујна се кикотеше (клуч и брава).
Бутнеш го, изблува се. Извадиш го, стиши се (кафе)
Гола е и боса, а свето облачи (игла)
Ем те срби, ем те боли, а па го искаш (обеци, обетки)
Ем не е болна, ем ноѓе и дење туку си јачи (свиња)
Помина Дуле преку море, нит се море замати, нит се Дуле удави (пајак)
Едно мече к’де клече, тука крај рече (ѓумче за вода)
Ќим шарено, ќим везано, на ќим дрво стоит, ќиќимска песна пеит (славеј)
Грбава баба, лична шчерка, палаво фнуче (лоза, грозд и вино)
 
ај ве молам некоја гатанка ако знаете за морков
 
Незнам колку се народни гатанкиве ама ај:

раце, лице а и тело
штом со него миеш
здрав ќе бидеш, драго дете,
подебро ќе спиеш
(.......)

Плодот и е сладок
малечок и црн,
ама лесно може
да те боцне трн
(.......)

Птица е преселница,
шири крилја лесни,
штом ќе дојде пролетта,
носо в клун песни
(........)

Веднаш штом се роди,
тоа трча,оди,
пасе росна трева,
'ржи, крева врева
(........)

Има бела глава,
бела брада носи,
в зимница се става,
болеста ја коси
(............)
и на крај

Во шумата дење спие
ноќно време пусти, рие,
кратко тело, долга глава,
за нивите напаст права.
Најмногу се валка в тиња,
а се вика.... .....

Останува на вас да ги одговорите.
 
Незнам колку се народни гатанкиве ама ај:

раце, лице а и тело
штом со него миеш
здрав ќе бидеш, драго дете,
подебро ќе спиеш
(.......)

Плодот и е сладок
малечок и црн,
ама лесно може
да те боцне трн
(.......)

Птица е преселница,
шири крилја лесни,
штом ќе дојде пролетта,
носо в клун песни
(........)

Веднаш штом се роди,
тоа трча,оди,
пасе росна трева,
'ржи, крева врева
(........)

Има бела глава,
бела брада носи,
в зимница се става,
болеста ја коси
(............)
и на крај

Во шумата дење спие
ноќно време пусти, рие,
кратко тело, долга глава,
за нивите напаст права.
Најмногу се валка в тиња,
а се вика.... .....

Останува на вас да ги одговорите.
некои ти се препишани од росица или такво некое детско списание :)


Шарено стапче по рид се тркала(змија)
Кусо прасе по рид пасе(Брич)
Царо во зелено момците во црвено(дрен)
Полна куќа џачина со црвени капчиња(кибрит)
има уште многу ама ај по малце кје ви кажувам
 
Баба оди по јазот дедо ја држи за газот(бочва и чеп)
Одозгора го јадеш одоздола пее(грав)
Џили Били без коски(гомно)

Втората е еден вид музичка гатанка:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom