Здраво,
Незнам колку прашањето е за во оваа тема ама да се обидам...
Имам оперативен систем XP sp2 на PC-то и неможам да го подигнам никако
Заглави и морав да го рестартирам од копчето за рестарт меѓутоа сега заглави во јамка од која незнам како да испаднам
1.Прво на подигање прашува дали сакам да Normal, Safe Mode ...
2.избирам Normal и се појавува плава позадина за "checking file system on drive C" ако го одкажам притиснам било кое копче повторно започнува со подигање чекор 1. објаснет погоре.
3.доколку оставам да изврши checking запоцнува со процентите да вртат и стасува до 68% и тука заглавува неприма никаква команда го оставив така да стои 30 мин и ништо
4.Пробав и со Safe mode несака да се подигне ги чита драјверите и заглавува така ...
Било каков совет би бил добредојден.
Благодарам однапред.