Display Driver Stopped Responding and Has Recovered
Ова ми се случува веќе месец дена, таман мислев дека го направив, и ете го пак. Причина која се појавува искрајно незнам, знае од чиста мира, знае додека гледам филм, буквално се уклучува кога сака и како сака. Прво почнува како снег на екранот, па после се појавува црн екран па се враќа во нормала. И кога ќе се врати доле го пишува горниот ерор. Но знае и да избаци BSD. Тестирав рам меморија и резултатите беа ОК, тестивар меморија на графичка и никакви проблеми не се појавија. Тестирав оптеретеност на графичка, не дигна повеќе од 46 степени,и проблемот не се појави. Како што кажав се појавува кога сака и како сака.
Проблемот исчезнува кога ќе ги избришам драјверите. Иначе имам GeForce 8600 GT. После бришењето се работи. Но ако инсталирам било какви драјвери од било која година и било кој производител, тогаш проблемот се појавува. Читав низ форумиве и викаат дека формат не помага. Исто така додавав и некој си вредности во регистрите, одеше супер 1-2 недели и ете го пак проблемот.
Има ли некој што знае што е, или барем имал искуство со вакви проблеми, бидејки Microsoft и Nvidia немаат решение за овој проблем