Студирам бизнис, се запишав после еден fail (не академски, туку личен). Изборот го направив врз основа на она што ме привлекуваше и ми беше интересно како тема за учење, разговор и работа. Првиот избор ми беше фрлање паричка и за вториот решив да не ризикувам

Ги направив тестовите just for the fun of it

Баш ме интересира дали сум си ја погодила професијата, DBack, ќе може да ми дадеш мислење? :smir:
Прегледај го приврзокот 38642Прегледај го приврзокот 38643
ISFJ се едни од најлојалните и најпосветените луѓе (заедно со ISTJ). Животна цел им е да им помогнат на другите - пријатели, фамилија, или просто луѓе на улица.
Ако професијата што ќе ја работиш нема луѓе и непосредно задоволување на нивни потреби во преден план (мислам на нормални професии, нели

) најверојатно ќе ти биде напорно.
Најчесто бираат канцелариски работи, деловно секретарство - професии кајшто треба да се направи и зачуванекаков ред и да се внесе топлина во односите. Невладини организации плачат за вакви одговорни, организирани и посветени луѓе.
Пиши мејл на ПП за преведените фидбеци за ISFJ - бесконечно многу други на англиски можеш да најдеш на нет. Пиши само ISFJ. Дужам една МОКУ на MKD_Boy, па сеа се две. Ај после празников ќе ви пуштам.
Инаку, Лингвистичка, Интер и интра-персонална ти се изразено развиени, па претпоставувам дека работа со луѓе (здравство, НВО, јавна администратција) студии воопшто, не би требало да ти одат премногу тешко.
....освен ако не се закачиш за некого да го лечиш и спасуваш :p ...една од најчестите грешки кои ваквиот тип на личност ги прави.