Хммм...дијалекти расправајте на соодветниот за тоа подфорум.
А кога сме веќе кај дијалектите, треба вака да ја погледнете работата:
Струмичкиот е близок со Петричкиот говор, Кресна, Сандански...кои се делови од Македонија, а денес и припаѓаат на Бугарија.
Во Софија, Русе, Варна...кој бил забележал огромна разлика.
И Бугарите го приафатиле НАШИОТ јазик, така да правилно би било обратно да се каже.
За мене, а и за секој струмичанец е огромна навреда да ми (ни) каже некој дека зборуваме бугарски.
На темата:
Најпрвин честитки за АМАК.
Не бев на натпреварот, но како што разбрав охриѓани си победиле чисто, и нема, а и не смееме, на друго место да ја бараме вината освен кај нас.
И со таков состав, на домашен терен Струмица не смееше да си дозволи кикс против АМАК. Не дека ја потценувам екипата на АМАК, но сепак, такви киксови на домашен терен се недопустиви за екипа која се бори за титула.
Гледам дека повеќе од членовите почнуваат да плукаат по Давитков. Значи ли тоа дека на вчерашниот натпревар направил некои катастрофални грешки? Или конечно увидовте дека не е за тука?
Јас бев противник на неговото преземање на екипата уште од самиот почеток. Образлагав во милион постови зошто и како.
Сега, ситуацијата е таква каква што е.
Реално е да очекуваме дека ќе завршиме втори, значи одиме директно во полуфинале, и најверојатно, финале со ФЕНИ.
Сеуште ништо не е изгубено, имаме огромни шанси за одбрана на титулата.
Ни фали уште здрав тренер, имаме најквалитетен тим во лигата, најубава игра, и ќе бидеме шампиони.
п.с. Не ми е целта со овој пост да се правам фраер дека најмногу знам или било што. За она што мрчев за Давитков...
Многу од членовите тука следат кошарка од вчера што се вика, и тоа е убаво...Дај Боже уште многу такви да има...
Кога некои работи во врска спортот (кошарка, фудбал...) не ви се јасни, не се инатете, прашајте! Верувам дека многумина кои следат спорт малце подолго со задоволство ќе ви одговорат. Не е ништо срамно, напротив!
Ај поздрав до сите!