Лекција за МЗТ од шампионот
Струмица 2005 славеше на гости на МЗТ ФОНИ Универзитет Скопје со 135:85 во последниот натпревар од 8. коло во втората натпреварувачка фаза од Првата лига.
Струмичани одиграа феноменално. Нивното водство стана двоцифрено во првите минути, а избраниците на Марјан Лазовски никако не можеа да излезат на крај со своите противници, кои беа посебно расположени, особено во офанзивен план.
Репрезентативното трио Богоев - Грнчаров - Тасовски, потпомогнато од центарот Латовиќ, немилосрдно го полнеше кошот на домашниот тим, погодувајќи од сите позиции. Во одбрана успешно излегуваа на крај со индивидуалните акции ,а Тачи, Петровски и Хил, често знаеја и да прочитаат по некој пас, по што следуваше немилосрдна егзекуција на брзата контра.
Лазовски се обиде со Деспотовиќ, потоа и со три бека, но одбраната не профункционира.
Во игра за Струмица 2005 влезе Пуповиќ, за првпат откако ја излежа суспензијата. Тој, исто така, се вклопи во Струмичката машина, своето во нападот го дадоа Соколов и Бошњак, па предноста на шампионот растеше постојано.
Во финишот сите играчи на Струмица 2005 влегоа во игра, 10 од нив поентираа, а петмина постигнаа двоцифрен број на поени, нанесувајќи му го рекордниот пораз на МЗТ на домашен терен на официјален меч во самостојна Македонија, и тоа со најмногу постигнати поени.
Со оваа игра кошаркарите на Струмица 2005 покажаа дека се наожаат во одлична форма пред настапите на завршниот турнир за Купот на Македонија во Кавадарци следната недела.
СТРУМИЦА ШАМИПИОН....!