Бошњак, ново евро-засилување за шампионот
Иван Бошњак (197 см-1982год.) е новото играчко засилување за македонскиот шампион Струмица.
Соочени со голем проблем, поточно неиграњето на Тони Грнчаров, кој по с$ изгледа дека уште извесен период нема да биде "достапен" за Јовица Арсиќ, раководството на "зелено-белите" прави уште еден конкретен потег.
По ангажманот на Миљан Пуповиќ, кој веќе го имаше своето (успешно ) деби за Струмица во дуелот со Вардар Осигурување, најавен е и трансфер на уште еден српски интернационалец.
Се работи за Иван Бошњак (97см.-1982 год.) кој може да игра на бековските позиции, а по потреба и на позиција на ниско крило.
Оваа сезона Бошњак ја почна како играч на Игокеа Партизан, но пред две недели беше отпуштен од оваа екипа.
Претходно овој српски интернационалец има настапувано и за екипите на Младост-Земун, Раднички од Белград, Лавови 063 каде соработувал со актуелниот прв тренер на струмичани Јовица Арсиќ.
Минатата сезона настапувал и за новосадска Војводина за на почетокот од оваа да потпише договор со екипата од Александровац.
"Мораме да реагираме вака. Посебно што денеска добивме доста негативни лекарски вести околу состојбата со повредата на Тони Грнчаров. Тие велат дека нема да биде во тренажен процес уште две до три недели. Со оглед на обврските кои ни претстојат, особено во натпреварите со Цедевита во рамките на ФИБА - Еврокупот, принудени сме да најдеме соодветна замена.
За Бошњак знаеме доста, дека пред с$ се работи за еден играч кој важи за добар одбранбен играч"- велат од раководството на шампионот.
Она што може да ги радува струмичани е доброто издание на екипата во дуелот со Вардар Осигурување, кој по вторпат за кратко време го напушти струмички "Парк" со полн кош.
"Битно е Пуповиќ што побрзо да се аклиматизира на овие постоечки услови, како на работа така и за играње. Со оглед дека добро ја познаваме работата на Арсиќ, сметаме дека нема да има проблеми. Истото важи и за Бошњак, кој соработувал со нашиот тренер пред неколку сезони и знае што од него е бара во нашата екипа" - додаваат струмичани.
Ангелакас на листата на повредени
Ангелос Ангелакас е новиот проблем за стручниот штаб на Струмица. Грчкиот бек повторно го повреди скочниот зглоб и според првите проценки, го чека нешто подолга апстиненција од играњето кошарка.
Лекарскиот тим на "зелено-белите" се сомнева дека оваа повреда на грчкиот интернационалец преминува во хронична, па токму ангажманот на Бошњак лесно би можел да донесе и крај на престојот на Ангелакас во Струмица.
Пуповиќ и Бошњак за ФИБА- Еврокупот
Денеска, 25 октомври, е последниот рок за пријава на изменетите списоци на екипите кои учествуваат во натпреварите кои ги организира ФИБА- Европа.
Со оглед на тоа дека Струмица направи дури две, денеска ќе мора да го потврди списокот на играчи на кои Јовица Арсиќ ќе може да смета за двобојот со загрепска Цедевита, а потоа се надеваме и со рускиот Локомотив од Ростов.
Тоа во превод значи дека струмичани ќе треба да го пријават српскиот тандем Миљан Пуповиќ-Иван Бошњак и за ова натпреварување.
"Денеска ќе ја завршиме и оваа формалност во КФМ по што ќе ја комплетираме екипата за ФИБА-Еврокупот"- потврдува Миле Милановиќ, спортскиот директор на Струмица