Фершпед Работнички го декласираше шампионот
Фершпед Работнички неочекувано лесно ја совлада Струмица со 109:71 во контролен натпревар, кој се одигра во Скопје.
Кошаркарите на актуелниот македонски вицешампион имаа шутерско шоу, постигнувајќи 24 тројки и најавија дека сезонава ќе се обидат да ја вратат шампионската титула во своите витрини.
Новото засилување Ненад Зивчевиќ постигна 34 поени и царуваше на теренот, одличен беше и Тони Симиќ, кој постигна 26.
Оваа контрола беше последна и за двете екипи пред почетокот на новата сезона. Фершпед Работнички во недела му гостува на големиот ривал МЗТ Скопје, а еден ден порано Струмица 2005 ја започнува одбраната на титулата против Амак СП.
ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ - СТРУМИЦА 2005 109:71
Резултат по четвртини: 26:18; 33:10; 30:22; 20:21
ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ: Михајловски 3, Стојановски 12, Веселиновски 3, Стојчевски, Симиќ 26, Кочов 8, Марковски, Накиќ, Трајковски 8, Зивчевиќ 34, Филиповиќ 2, Мираковски 13.
СТРУМИЦА 2005: Богоев 11, Цветков 4, Д. Соколов 5, Делиќ 7, Тасовски 13, Грнчаров, Крстевски 6, Ангелакис 3, Хацивасилев 10, Т. Соколов 4, Латовиќ 8, Заев.
109 - 71 = 38