Чакнорис е најмлад сопруг во Албанија
Четиринаесетгодишниот Чакнорис Мустафаи и една година помладата Флореша се најмладиот брачен пар во Албанија. Ромскиот пар се запознал на училишна забава, се свршиле и сега сакаат да имаат деца. Според ромската традиција, Флореша до 16-тата година треба да има пород. Морам да имам деца до 16-тата година. Ако не станам мајка, Чакнорис може да ме остави - изјави Флореша.
Без оглед на годините, таа како вистинска сопруга му служи на сопругот и на домот. Стануваат рано и заедно појадуваат. Во 8 часот мажот заминува на пазар, каде што продава текстилни производи што од Грција му ги носат родителите. Во слободното време Флореша ја учи азбуката, а мажот игра криенка со другарите.