Твити во право си морам да кажам,ето јас се преселив,не многу далеку али,од едно помало градче во едно поголемко,иако повеќето од времето го поминував во поголемкото и целата фамилија ни беше овде.
Во зградата во која што живеевме сите бевме едно.Не сакаа да не пуштат,до последен момент ни правеа замки пред одење.Таму немаше клучење на врата,можеше да ја оставиш отворена и да одиш во комшии на 'гости',едноставно,бевме како една голема куќа,една голема фамилија.Колку само вечери сме поминале пред зграда..направивме парк,најубав наоколу,работеа и најмладите и најстарите,до последен!Дојде реновирање на зградата,пак сите помагаа!Прскањето го оставивме на татковците,а ние ја фарбавме оградата внатре во зградата,ги чистевме шараниците по ѕидовите...СОН!!! и ден-денес ми е малку криво што на некој начин се одделивме од нив,а и многу работи се променија од нашето преселување(најнормално животот тече,годините минуваат)..и тука постојат личности кои ми се драги,кои ги сакам,со тек на време се навикнуваш на она што го носи животот...
заклучок:зависно од тоа колку со поврзан со луѓето од кои се одделуваш,без разлика дали си мал или возрасен,БОЛИ! земете ме мене како пример,сум плачела кога сум ја испраќала најдобрата другарка на автобус,сум викала по татко ми дека тој е крив...значи скоро цел живот го поминав во Гевгелија,а само 1/3 во Богданци,а боли како да сум живеела таму цела вечност..
знам дека не е којзнае што,бидејќи местата се оддалечени само 10км,ама тие 10км навидум изгледаат како да се преку океанот...