Feng shui - работи кои треба да се избегнуваат
ОГЛЕДАЛА
Како исклучиво моќни, треба внимателно да се користат. Никогаш не треба да бидат наспроти влезната врата и прозорците,зашто така ја отфрлаат животната енергија од просторот , и поради тоа луѓето што живеат во тој простор се чувствуваат исцрпено и се незадоволни . Огледалата се уште понегативни ако се поставени спроти купатилото или тоалетот , оти тогаш ги зголемуваат животните проблеми . Кога се поставени едно спроти дpуго ,ја блокираат енергијата и човекот е како “заробен„ во место. Мораат да бидат во рамка. Огледалата составени од неколку дела се исто неповолни оти го делат телото на човекот на неколку дела-што се одразува како психичка растревоженост,а последиците се видливи и на материјален план низ неможноста за организирање на сопствениот живот.
СУВО ЦВЕЌЕ и МРТВА ПРИРОДА
Исушено цвеќе или насликано , тоа е мртво и ја нарушува виталноста. Таквите украси оневозможуваат човекот да се ослободи од лошите емотивни искуства од минатото и му носат неспокој и депресија.
СЛИКИ
Тие кои прикажуваат агресивност и тага како на пр.сончоглед со спуштена глава,борба со бикови,славни битки , деца што плачат,старост,смрт,диви животни, апстрактни слики со остри форми ...за животната енергија не се ни најмалку поволни.
Сликите треба да се со мотиви на млади радосни луѓе ,пејсажи на природа во пролет ,светни полиња, авион при полетување, делфин во скок, класје жито ,т.е се‘ што инспирира и насочува на просперитет.Добар начин преку симболика да поддржите семејството да остане заедно е семеен портрет на кои членовите изгледаат среќно, слика на планина -да е поставена во дневна соба зад грб оти преставува подршка, a слика со вода пред себе ,да не биде она “Водата те однела“.
СТАРИ ПРЕДМЕТИ
Многу енергија трошат предметите од минатото и оние кои не се употребуваат но човекот ги чува од некоја причина. Најдобро е да се ослободиме од нив ,како и од старата облека која се трупа во плакарите ,списанија,прочитани книги...
Украсување на купатило
е најголемата грешка што ја прават луѓето .Исто и дигната даска,капак од ВЦ шољата носи конфликти одлевање на парите и добрата од домот ,како и на личен план ја нарушува концентрацијата и паметењето.