Вака, околу изборот каде да се запише архитектура...
Прво, зависи што сакате, сакате знаење или само диплома? И јас се мислев каде да се запишувам пред некој си 7 години, у игра беа и земји од соседството и троа подалечку, али на крај си викам факултет е факултет, боље да не си трошам пари за студии и така би Скопје.
Да ви кажам не згрешив и вистинската вредност ја видов откога почнав да работам, верувајте, повеќето од колегите што ги сретнав од соседствово, ама појма немаат од архитектура. Конкретно ќе зборувам за факултетот од Софија, имав можност за соработувам со проектантско биро од Бугарија, кое е во сопственост на еден од професорите во Софија, и верувајте тоа се само "плакат-проектанти". какви стресови сум доживеал со нив само јас си знам...
Токму оние "прљави" предмети кои се учат, како инсталации, конструкции, статики си сл. на крај те тераат да размислуваш малце поинаку при проектирањето, за на крај да се извлече реален проект, не нешто што изгледа добро само на хартија. И верувајте знаењето е моќ, имајте колку сакате некоја fancy диплома, ама ако немате знање џабе е.
Каприцот на некои професори само ќе ви помогне да си ја зајакнете упорноста, на крај на истите ќе им се смеете со што ве замарале.
Моја препорака, завршете архитектура во Скопје, а после како дестинација за постдипломски земете си ја Бугарија, со она што го влечете од Скопје, ќе прелетате низ постдипломските таму. Моментално се распрашувам за оваа опција, сепак со постдипломски од Согија добивате ЕУ диплома, така да оваа формула некако ми се свиѓа...