Зедов возачка! Каков автомобил да си купам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Возраст
39
Еве за сите оние кои само што зеле возачка каков автомобил им советувате да си купат како прв.

Јас уште пред да ја земам возачката возев МНОГУ зачувана Zastava 128 1.1GX и НИКОГАШ не ја прежалив што ја продадовме...беше од 1987 година, прва боја 63000км, стакло...ни кит ни ништо (ниту гребната), гаражирана, продадена во 2002 година.

Успат се учев на Skoda Felicia 1.3, Felicia Combi 1.6i, Lada Niva 1.7, ...
На крајот Daewoo Nubira II 1.6SX и VW 1300 :)

VW 1300 (Бубата) ја купив два дена пред да ја зеам возачката...
Таа беше мојата прва Буба (имав уште една после неа).


Ок, да завршиме сеа. НАЈМНОГУ препорачувам Zastava 101,128, Yugo 45,55,60 за почетници. И да расипат нешто евтини делови има, лесни се за возење (за разлика од Ладата кои иако имаат евтини ама тенкови се)! Јас би одел на 101,128 бидејки се покомотни (посебно 128)! Југото е убаво ок како coupe ама поскапа почетна цена имате...а помал комфор!
 
Ejj lada ne spominjaj bas ko da vozis kamion a ne kola.Na poligon otidov so nejze i ko da sum bil vo teretana(muskulite me bolea 2 dena),sega si imam renault laguna i bas e polesno od site koli si ima servo volan i super si e.
 
за почетници јас препорачувам што поново возило. а не некое 20 години старо.
Пример Цитроен Ц2, Даеву Тико или Матиз, Фиат Уно или Пунто, Пежо 206, 207, 306, 106...

иако мене највеке ми се свиѓа од малите коли Ауди А2 али скапичко е.
189348496_a3e2821e42.jpg
 
Мерак ми беше коа ја земав возачката да го возам сто кецот ама татко ми не ми го дава. Со сила морам да возам рејсер, не дека се бунам, ама мерак ми е сто кецот да го малтретирам
 
За разлика од Некрофилија, за почетниците јас препорачувам што понесофистицирано возило, кое вози на чиста механика!
Зошто?
Треба новиот возач да се научи да вози всушност, лесно е со серво, АБС, АБД, ЕСП...
Значи, да се научи да ја почувствува колата, преуправливост, подуправливост, врската со патот преку воланот, кое сервото не ја нуди... Значи да научи навистина се... Инерција, занесување, до каде може да се оди...
А, потоа одиме на нешто посовремено и електронски помагано! Ваквите електронски тракатанци неискусниот возач може да го залажат, и да се случи нешто не-дај-боже!
 
И јас го делам истото мислење со Струмикс, само така ќе ги научите тајните на возењето, со што постара кола.
 
ok, тогаш да им нарачаме од машински да напраат едно 10.000 застави 101, ке заработат доста добро.. хехехе...

иначе прва кола што ја имам возено беше на 12 години и беше Ауди А100
audi100_quattro_20.jpg

А ПОСЛЕ не учев едно добри две-три години на Варбург пик-ап е тоа е тешка кола. Иако не се разбирам многу у автомобилизам, али сепак со претходниот пост мислев дека што полесно тоа подобро за почетници.
Јас за две недели треба да земам возачка.
 
Имам возачка 2 години,и имам возено различни коли. За почетник шофер што постаро (не е важна годината битно е од 100-120 мах да не оди повеќе) тоа е подобро. Немојте да ме сватите ај сите да возиме фичо. Само сакам да кажам новите колки од 90 па нагоре сите се брзи, а за почетник дури да научи како и колку се вози колата не е да вози повеќе од 100 (а единствен начин да сте сигурни во тоа е стара кола).
 
Јас возам Опел Корса 1.4i не знам точно колку е стара.. супер е колата. Доста зачувана е.. иначе сум возел Застава од (1978 мислам дека беше), ја купивме заедно со другарите пред две години, летото.. колата имаше многу расипани работи а што е најважно кочеа само задните тркала. :) И така ја возевме 2 месеци (да напоменам дека тешка беше за возење зошто на почеток од место моравме да тргниме со втора зошто немаше прва, а некогаш и со четврта верувале или не), после еден ден фативме и ја средивме.. па ја продадовме.. 4 пати поскапо :)
 
Фичото е кога ќе размислите најубавата кола за почетници.
Ефтина почетна цена, резервни делови на претек (ако ви се скапи одите до отпад сигурно ќе најдете. 90% од отпадите се фичовци), а и не е лош дизајнот.

За малце поскапо. 101 или 128. Најмногу се исплаќа. Си правите каков сакате тјунинг и нема да ве фати многу пари.

Мојот сон:

stojadin1.jpg

stojadin2.jpg


_fiat-600-the-shadow.jpg



Ова „златното” е битурбо :)
fiat600-16.jpg
 
абе тоа стокецот е супер така на изглед со оглед на тие кои што можеш да ги сретнеш секојдневно на улица,само бојата не ми се допаѓа,иначе имавме и ние таков,бел...може беше 'канта' али си го сакав,имавме и фичо пред него,али отиде и тоа на чичко купувач!мој сон е мини купер,али него можам да го возам само после 12 навечер,по нашки кажано ин мај дримс,а така..па и тико да е,ама мое да е! :)
 
Кога зедов возачка бев сиромашна студентка и си купив Рено 5 , го платив 800 евра 88 годиште , и маста му ја извадов , де ја гребев , де инсталација ми изгоре ама се научив да возам и никогаш нема првата кола да си ја заборавам
 
Првата кола НИКОГАШ не се заборава колку да била грда. Според мене никоја кола не е грда дури и еден ЗАЗ не е. Сепак колата треба да е лично за вас. Колата има дух и вие се соживувате со неа.
Исто како во врска. Можеби партнерот не ви е лепотан али си го сакате бе. Ваш е.

BTW имам предчувство дека Фичото станува добра класика во МКД!
Ќе рипнат (ако не и веќе почнуваат) цените. Еве на пример 300 евра фичо...просечно, а за тие пари се зема и Zastava 101 исто така просечна...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom