Одговарам на сите прашања
Бидејќи имате желба да зборувате на оваа тема, спремен сум да Ви одговорам на сите Ваши прашања. Јас сум Јеховин сведок. Не стигнав да ги прочитам сите коментари. За оние што ги прочитав ќе се обидам љубезно и културно да одговорам.
Значи, Јеховините сведоци се луѓе кои го обожаваат Бог, онака како што тој тоа го назначил во Библијата. Сите ставови се замени од Библијата или како резултат на начела од Библијата.
Всушност, за секое прашање ќе се обидам да Ви кажам по некој стих од Библијата, кој директно одговара на Вашето прашање. Сепак, јас не сум надчовек за да можам сам наеднаш да одговорам на Вас, кои сте во поголем број. Освен тоа не ја знам напамет Библијата за да веднаш го цитирам стихот. Иако немам многу време, ќе се обидам да Ви одговорам. Се надевам дека ќе имате разбирање за овие ограничувања.
Ние сме христијанска религија, што значи дека сме следбеници на Исус. Тоа значи, го правиме она што Исус го правел и го заповедал. Тој одел од град во град и од куќа до куќа и на луѓето им зборувал за Божјето Царство. Тоа сигурно сте го гледале и во филмот „Исус од Назарет“ ако не сте ја читале Библијата. И во тоа време имало синагоги каде Евреите го славеле Бог и ја читале Библијата, како што и денес има цркви, ама Исус одел кај луѓето од врата до врата. Потоа, ги праќал апостолите да одат кај Евреите и им дал упатство како да го прават тоа. Во Матеј 10:7 пишува: „Додека одите проповедајте: ,Се приближи царството небесно`“ Во Матеј 10:8 вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Во Матеј 10:11-13 вели: „А штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да Ве прими Вас и Вашата порака и останете таму додека не си заминете. Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што и го посакувате, но ако не е достојна, Вашиот мир нека Ви се врати Вам.“ Во Матеј 28:19-20 Исус им заповеда на неговите следбеници: „Затоа, одете и правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат се што Ви заповедав.“ Од овие стихови можете да заклучите дека Исус одел кај луѓето и им зборувал за Божјето царство, апостолите оделе кај луѓето и им зборувале за Божјето царство. Исус дал заповед и во иднина да се прави тоа, заповед за неговите следбеници. Значи, вистинските следбеници на Исус, т.е. вистинските христијани, треба да одат од куќа на куќа и да проповедаат за Божјето царство.
За нареден пат можеме да видиме и други два аспекта:
1 Тоа треба да се прави бесплатно.
2. И прво да прават ученици, а потоа да ги крштаваат.