Јеховини сведоци

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
`Ангелче` направила едно малечко но сепак супер истражување на темата Јеховини сведоци и има доста прикажано но сепак некои од основните факти изоставила. Стражарската кула - Watch tower е нивната организација кој ги организира подготвува и вади во печат сите оние брошурки и списанија кои ги упорно ги делат - "за да научиме" често нивната литереатура освем по амблемот на кулата долколку се зачитате нешто религоизно а не знаето што читате ке сретнете - "превод Нов Свет" на почетокот - истото им стои и во нивната библија - ако може да се употреби изразот библија за нивното ***** а пак во која се тврди дека Исус не бил распнат туку бил прикован на колец "crux" што според нив е правилен превод од латински т.е во православната/католичка библија има печатна грешка и ние сме во заблуда. Е сега токму поради тоа е и нивното неверување во Крстниот симбол - како погрешен, потоа како истиот да е пагански симбол т.е за нив е само парче дрво, метал и сеедно од што и да е изработен и поради тоа (во разговор со нивни членови) можело комотно наместо Крст јас да си носам камен шајка или што било да се Крстам пред истото да му палам и да палам свеќа онаму каде што сакам (ги негираат црквите, Бог бил со нив) и сл.
I.N.R.I
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Оф топик: шо е I.N.R.I.
знам дека било испишано на крстот од Исус, и толку.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ние луѓето сме до негде гадој. Јас досега немам некое непријатно искуство со нив, ако му речиш не ме интересира си одат и никому ништо. Гледам некој од комшите ги вреѓат, ги бркат како да му сркнаја од супата дома. Мене не ми пречат пошто не сум религиозен и не ме интересира. Јас и попот дома да ми дојди ќе му речам не фала бркај работа, пари за пеење ако сака концерт нека прај и кој сака нека оди.

Море еднаш така се погоде имав тро време и почнав да го испрашвам то батето од јеховините сведоци. Другарчето бељата си ја зеде, ако не му сменаф животна определба јас тогаш со 10 минути муабет мало прсте сечам. Збунат ги собра парталчињата и чао пријатно.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Fantom_oh напиша:
Оф топик: шо е I.N.R.I.
знам дека било испишано на крстот од Исус, и толку.
IESVS NAZARENVS REX IVDAEORVM
Исус Назареецот Цар Јудејски...
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Јас колку што знам, Јеховините сведоци ако се разболат не смеат да одат да се лечат, шо значи ако е нешто посериозно мора да го остават така и да се соочат со фактот дека така требало да биде т.е да умрат. И мислам дека кој ќе се придружи нема враќање назад... :icon_conf
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Чорбаџи напиша:
IESVS NAZARENVS REX IVDAEORVM
Исус Назареецот Цар Јудејски...
Точно и тоа е нешто што секој христијанин треба да го знае, аа и за тоа со болестите не смеат да примаат крв - трансфузија и лекарства што значи ако се раболат... толку од нив. :)
I.N.R.I
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
glufce напиша:
И мислам дека кој ќе се придружи нема враќање назад... :icon_conf
Ова нема врска...секој слободно им се придружува и им се раздружува. Но вистина е дека кога некој ќе си замине, тие веќе прекинуваат секаков контакт со тој/таа...
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Чорбаџи напиша:
Ова нема врска...секој слободно им се придружува и им се раздружува. Но вистина е дека кога некој ќе си замине, тие веќе прекинуваат секаков контакт со тој/таа...
Така имам слушнато... изгледа погрешно сум разбрала...
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Споре мене СЕКТА....интересна е оваа Америка се кај неа се појавуваат нови Исусовци, нови Ивани Крстители...марсовци....се таму...бри бри.....чудна земја...
А да си кажам шо мислам зошто не одат во црква на пример кога некој близок има крштевка венчавка и тн. ...... хе хе ...еми ѓаволот се плаши да отиде пред Бога....хехе....нозете почнуваат да му се тресат ко есенски лист....т.е. скакав да кажам СТРАВ....а тоа што си се секта си се секта...е сега дали ќе умираат кога ке се разболат зошто ПАЗИ верата им забранува да не се лечат нивен проблем...не ги натерав да станат такви....шо си надробиле тоа да си сркат....туку ми е мака ете така за оние нивните деца де...еве оваа девојчево на пример со 8-март(патем комунистички ли е празников или и во некомунистичките земји го има..)жалното мајка му го натерала....зошто неможе само да си избере каде ке припаѓа?Ако не му се допаѓа тогаш да бега .... сепак нели сме во демократија...или се плаши и од мајка и...аман...
И така...ми свршија сега за сега мислите!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Според мене се дефинитивно секта, затоа што се служат со манипулација и не им оставаат некој слободен избор на своите следбеници. Истотака некои факти од животот на нивниот основач се силна индикација дека се служеле и сеуште се служат со измами и brain-washing.
А тоа што имаат огромен број на членови, не ги прави религија.И да не слават празници, ниту родендени и не примаат трансфузија на крв.
Сепак, тоа е нивен личен избор и никој нема право да ги напаѓа. Нека веруваат во што сакаат.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Зборот ерес и те како може да се дефинира, и тие се дефинитивно ерес. Ама зборот секта е невозможно догматски да се дефинира. Мислам еве, кои се критериумите дали некоја верска заедница е секта или не? Старост? Бројност? Некое специфично учење?
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Jas imam eden mnogu blizok drugar koj e Jehovin svedok, i nema vrska toa so 8mi Mart i trista gluposti.
Tie gi slavaty site praznici kako i nie, samo sto na nivnite misi se sobiraat pari za onie koi ne se vo sjajna finanskiska sostojba. Maskite najcesto odbivaat da odat vojska, no sepak se' e individualno.
 

Zer0_CooL

F.U.R.
Член од
19 мај 2006
Мислења
45
Поени од реакции
0
Секоја вера е за почитување ама Јеховини сведоци и шо ти знам ја таму е срање. Тоа не е вера тоа се глупости, па фино и рекле на девојчето кога и довикале "Секташ", затоа што тие и се секта.
Толку!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Неам изградено став за нив, немам некое определено мислење - ниту добро, ниту лошо. Секој има право да верува во што сака се додека не ми ја наметнува неговата религија или неговата вера. Јас верувам во Господ Бог и Исус Христос и сум православна христијанка и тоа ми е доволно, не ме интересираат другите во што веруваат. Секој има право на избор во својот живот.
Ниту јас можам, а не ни сакам да наметнувам, ниту сакам, а богами не ни може некој да ми наметне нешто затоа што јас си имам цврсто изградени ставовои во врска со тоа во што и во кого верувам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom