Почетокот на денот може да ми се расипе ако нема музика кога ќе станам, ако не си го погодам кафето, ако имам само една цигара и се пцујам што сум ги испушила сите претходната вечер, или ако некој ми влезе во соба и ме буди.
Но, брзо може да ми помине и потоа малку ми треба за да ми се крене расположение.
А цел ден онака генерално може да ми се расипе само ако ми се спомне едно име, веднаш сафра ми се крева и денот го поминувам во размислувања и обиди да си објаснам некои работи. Барем во последниве 4-5 месеци е така, а сигурна сум дека кога ќе се средат некои измешани ситуации нема да ми влијае така. Ќе помине.
Избегнувам разговори на таа тема, па се трудам да не дозволам да ми се расипе денот.
Ма знам дека и кога би го нарекла расипан ден, кога ќе ги видам лицата на тие што ги сакам веднаш заборавам на се`.
Значи, на прсти можам да избројам колку пати сум имала расипан цел ден